Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје? - Канал 5

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Постои можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат дел од експертите.

Ќе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?

Новата стратегија за проширувањето но и уставните измени играат клучна улога во тоа, посочуваат тие.

„Се оди во насока на тргање на ветото за многу од работите, односно на техничко ниво да не се бара едногласност, туку само за отворање и затворање на поглавјата или за целиот процес на крај. Дали тоа ќе се одлучи во октомври ќе видиме, но би рекол дека за нас има доста поволна ситуација. // Мислам дека ова е во насока на тоа што самата наша влада бараше – некакви гаранции и предвидливост на процесот. // Ако се постигне согласност при самава посета или брзо после тоа, бидејќи министерот Муцунски ќе оди во Софија, така да веројатно и таму ќе има разговори со министерката Чамова, можеби ќе стигнеме во овие 15- 20 дена да бидеме префрлени од вторава група „спората„ во првата за која исто така ќе има патоказ до крајот на годината.“

„Нас уставната процедура ни вели дека треба да поминат околу 90 дена од усвојувањето на одлуката за потреба од уставни амандмани до нивното конечно усвојување. Верувам дека би можеле во тој период од три месеци да успееме односно во првиот еден месец да успееме паралелно со дискусијата дома да се убедиме со ЕУ дека прво – треба да останеме во групата кои се третираат како напредни за кои што ќе постои рамка како ќе го водат процесот и кога ќе го завршат процесот или на кој начин ќе го завршат процесот ако не постои конечен датум, ќе можеме да го подготвуваме теренот и во Брисел и дома. Само на тој начин ќе останеме во групата која ќе може да напредува.“

Предлогот европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски. Кржаловски пак цени дека таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија.

„Не станува збор за билатерален спор. Билатералноста заврши во 2022 година – условот за уставните амандмани е дел од преговарачката рамка, која се менува со согласност на сите 27 земји членки. И тука мислам дека нема да има разбирање, дури и да има разбирање за тој дел, не сме сигурни дека нема да дојде некаков нов услов.“

„Сметам дека тоа е позитивно. Јас предлагав и во Историската комисија да има европјани односно искусни луѓе на пример од комисиите Германија и Полска, Германија и Франција. Тие работат 70 години, многу повеќе знаат за вакви пеглања на историски разлики, но Бугарија одбиваше до сега, можеби е добар момент да се притисне и на таа страна.“

Новата стратегија за проширувањето се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на годинава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самитот на Трамп за вештачка интелигенција: Ова се трите клучни заклучоци!

 Американскиот лидер ја собра елитата што ја „гради златната ера на САД“ и склучи пакт за „супер-интелигенција“.

Самитот на Трамп за вештачка интелигенција: Ова се трите клучни заклучоци!

Американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на средба со водечките луѓе од технолошкиот сектор, која ја нарече „извонреден собир“ на умови што ја „градат златната ера на Америка“.

На списокот со гости беа лидери од компаниите OpenAI, Entropic, Nvidia, SpaceX, Meta и Google – сите клучни фигури во американската индустрија за вештачка интелигенција.

Средбата се одржува во време кога некои раководители на технолошки компании и експерти повикуваат на построг надзор врз вештачката интелигенција, наведувајќи ја загриженоста за потенцијалните ризици што таа ги носи за човештвото. Ова се трите клучни заклучоци од технолошкиот самит на Трамп во Белата куќа.

По затворениот состанок, Трамп околу 30 минути одговараше на прашања од медиумите заедно со водечките лидери од технолошкиот сектор. Американскиот претседател изјави дека лидерите потпишале документ што е „морално обврзувачки“ и кој ќе послужи како „вид заштита“ од потенцијалните ризици поврзани со вештачката интелигенција.

Според договорот, кој Трамп го објави онлајн, компаниите се одговорни за обезбедување на сигурноста на сопствената технологија. Тие исто така се согласија да воведат заштитни мерки за да се осигури дека моделите функционираат како што е предвидено, како и за брзо откривање и отстранување на какви било проблеми.

Тие, исто така, ќе соработуваат со „независни ревизори“ за да проценат дали нивните системи со вештачка интелигенција функционираат според предвиденото и за да се осигурат дека нивните платформи не вршат „хакирање или пристап до технички системи на начини кои не биле планирани“.

Договорот го потпишаа Трамп, првиот човек на Google, Сундар Пичаи, првиот човек на Anthropic, Дарио Амодеи, Марк Закерберг од Meta, претседателот на OpenAI, Грег Брокман, Илон Маск од SpaceX и извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг.

„Тоа е, на некој начин, речиси како Устав. И најголемите луѓе во светот го потпишаа, а и јас го потпишав како претседател“, рече Трамп.

Трамп додаде дека ќе формира одбор што ќе ја надгледува безбедноста на алатките за вештачка интелигенција. Тој не прецизираше кој ќе биде дел од тој комитет.

Закерберг изјави дека договорот им влева „доверба на американскиот народ и на корисниците дека технологијата функционира“ како што е предвидено, нарекувајќи ја средбата „историски разговор“.

Амодеи го нарече тоа метод за „сигурна победа“, осврнувајќи се на коментарот на претседателот од почетокот на месецов дека „оној што ќе ја победи вештачката интелигенција, победува“.

Сепак, не сите технолошки експерти се импресионирани од договорот. Хозе Мигелито Енрикез, истражувач за управување со вештачка интелигенција на Технолошкиот универзитет „Нанјанг“, рече дека договорот покажува „консензус во подем“, но не го решава прашањето дали развивачите на вештачка интелигенција треба да сносат одговорност за инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија го предупредила НАТО за можен нуклеарен одговор на каков било обид за блокада на Калининград, истакнувајќи дека тоа е во согласност со руските прописи.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

„Повеќепати слушнавме изјави од Полска и од други европски земји – прилично скандалозни изјави што ја допираа темата за Калининград. Сосема е природно нашите дипломати да се обидат да ги потсетат вжештените глави во Европа на нашите стратешки документи во врска со ова прашање“, изјави Песков пред новинарите за време на брифинг.

Според претходен извештај на литванскиот медиум „LRT.lt“, руската амбасада во Белгија го предупредила НАТО дека „агресивната политика што ја спроведуваат раководството на Алијансата и земјите-членки“ го зголемува ризикот од „директен вооружен конфликт“ со Русија.

Исто така, беше наведено дека Москва е подготвена да го употреби својот „целосен арсенал на достапно оружје“ доколку земјите од НАТО се обидат да го „изолираат регионот Калининград“ од остатокот на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“.

Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер