Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
МакедонијаНова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. -Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда . ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања. -По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ. -Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ. За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања. -Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ. -Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица. Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ. Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter