Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
1Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
3Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ФудбалВидео: Овации за Лука Модриќ во Севиља Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид. Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим. Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља. Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации. Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит. Ovación a don Luka Modric. Menuda leyenda 🙏🏻 https://t.co/KFMhUsGNgU — (fan) Yihi (@YihiRM) September 29, 2026 Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловциАвион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив со 174 патници (вклучувајќи 27 деца), извршил принудно слетување во Саудиска Арабија по физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.Тепачката го активирала алармниот сигнал, што во првиот момент предизвикало сомнеж за киднапирање, па Израел веднаш кренал борбени авиони, пренесува израелскиот портал „Ynet News“. За време на летот кон Израел, авионот накратко испратил сигнал што укажувал на незаконско мешање во летот. Израелските власти првично го третирале инцидентот како потенцијално киднапирање, но подоцна утврдиле дека алармот всушност бил резултат на насилство и физички конфликт меѓу самите пилоти во кабината. Авионот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија, каде што се спуштил на помала висина и конечно безбедно слетал на пистата. Израел кренал борбени авиони и свикал кризен состанок Инцидентот поттикнал голема безбедносна операција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац веднаш свикале итни безбедносни консултации, додека Оперативниот оддел на израелската полиција наредил формирање заеднички команден центар со сите безбедносни служби. Шефот на израелската полиција, Дани Леви, исто така дал проценка на ситуацијата. „Се подготвуваме за секое можно сценарио“, изјавил Леви во време кога околностите за тоа што се случувало во авионот сè уште не биле разјаснети. Пилотите испратиле код за киднапирање и го свртеле авионот Летот на „Flydubai“ полетал од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во 7:05 часот наутро, а слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив било планирано за околу 9:30 часот. Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во воздушниот простор на Јордан, предавателот емитувал транспондер-код 7700, што претставува меѓународна ознака за општа опасност. Кратко потоа бил испратен и кодот 7500, кој укажува на незаконско мешање и стандардно се користи кога авионот е киднапиран. Речиси истовремено, авионот го променил правецот, се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија и почнал да лета на значително помала висина. Откако првично се упати кон југ, авионот сврте кон запад, при што цело време се движеше во воздушниот простор над Саудиска Арабија. Изгубен контакт со пилотот – стравувања од најлошото Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, додека надлежните на земјата трескавично се обидувале да утврдат што точно се случува во пилотската кабина. Во првите моменти од кризата, претставник на израелските безбедносни служби изјави дека немаат цврсти докази за киднапирање, но дека се крајно загрижени бидејќи не можеле да стапат во контакт со екипажот. „Немаме веродостојни информации што укажуваат на киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност“, изјави тогаш еден функционер за „Ynet News“, додавајќи: „Не можеме да воспоставиме контакт со пилотот, а тоа е причина за сериозна загриженост“. Тепачка меѓу пилотите Подоцна, надлежните утврдија дека алармот бил активиран поради тепачка меѓу пилотите, а не поради упад на киднапери. На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија, заедно со сите патници. Извор: Индекс.хрТагови: пилоти тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЖивотЖена поднесе тужба против болница во САД: „Ми ја ампутираа погрешната нога“Жена од Охајо, која боледува од рак, поднесе тужба против Општата болница „Селби“ откако хирург наводно по грешка ѝ ја ампутирал здравата нога. Како резултат на оваа грешка, таа на крајот ги загубила двете нозе.На 19 септември 2025 година, Шерон Џекс била примена во болницата во Мариета за ампутација на десната нога под коленото. Сепак, по процедурата, таа се разбудила и открила дека ѝ е ампутирана левата нога. Овие детали се наведени во тужбата од 32 страници до која дојде медиумот „WBNS“. Подоцна, лекарите морале да ја ампутираат и десната нога, онаа што првично била планирана за операција, со што Џекс останала без двете нозе. „Ми ја ампутираа здравата нога“ „Таа отиде на операција, а кога се разбуди, виде дека ѝ ја отстраниле погрешната нога“, изјави нејзиниот адвокат, Бред Лејн. „Тоа е, сосема очигледно, целосно необјасниво.“ Џекс ја поднесе тужбата против хирургот, другите членови на хируршкиот тим и болницата на 15 септември. Во тужбата се наведува „целосен пропуст во почитувањето на основните безбедносни процедури“. Во соопштението за јавноста, нејзиниот адвокат нагласи дека „едноставно нема оправдување“ за она што се случило. Тужбата содржи девет точки, вклучувајќи груба небрежност, лекарска грешка и корпоративна небрежност. Шерон Џекс бара отштета за минатите и идните медицински трошоци, болката и страдањето, душевната болка, трајниот инвалидитет и загубата на квалитетот на живот. Хирургот ја означил правилната нога, но оперирал на погрешната? Адвокатот Лејн тврди дека грешката настанала поради пропусти на повеќе медицински лица. Медицинската документација покажува дека, пред операцијата, хирургот правилно ја означил ногата планирана за ампутација. Сепак, бил отстранет погрешниот екстремитет. „Ознаката сè уште беше на правилната нога откако ја отстранија погрешната“, рече Лејн. Според тужбата, медицинскиот тим спровел две безбедносни проверки, таканаречени „паузи за проверка“, пред самата процедура. Целта на овие проверки е да се потврди идентитетот на пациентот, планираната операција и точното место на интервенцијата пред да се направи првиот рез. „Сите во таа операциона сала се одговорни за таа проверка. Тоа ги вклучува лекарот, персоналот, медицинските сестри и анестезиологот. Во евиденцијата стои дека ова било направено двапати, а сепак на г-ѓа Џекс ѝ недостасува ногата што не требало воопшто да се допира“, нагласи Лејн. Операција извршена на погрешен дел од телото се смета за една од најсериозните медицински грешки. Во здравствениот сектор, ваквите случаи се класифицираат како „настани што никогаш не смеат да се случат“. „Ова не смее да се случува во медицината. Никаде. Дури ни во ветеринарната пракса“, додаде адвокатот. Болница: Одговорните се санкционирани Во изјава за медиумот „WBNS“, Општата болница „Селби“ потврди дека во септември 2025 година се случил „несакан хируршки настан“. Тие наведоа дека тимот веднаш реагирал за да се погрижи за пациентот и да обезбеди поддршка за нејзиното семејство. „Нашата внатрешна ревизија потврди дека овој настан можел да се спречи и дека не биле испочитувани утврдените процедури во операционата сала. Одговорните лица се соочија со последици и повеќе не ги извршуваат своите функции“, се вели во соопштението на болницата. Од болницата истакнаа дека соработувале со Одделот за здравство на Охајо, кој потврдил дека хируршките протоколи на болницата се безбедни и ефективни. Тие исто така додадоа дека се спроведени корективни мерки низ целата организација за да се спречи повторување на слична ситуација. Извор: Индекс.хрТагови: нога САД тужба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолема полициска акција во Прилеп Голема полициска операција се спроведува од рано утрово во Прилеп и околината, при што се вршат претреси и проверки на околу 30 локации, засега нема официјални информации за акцијата.Засега е познато дека на терен се распоредени специјални единици и униформирана полиција, а акцијата ја спроведува МВР преку Бирото за јавна безедност. Операцијата е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура. Истрагата е поврзана со сомневања за активности поврзани со наркотици. Под лупа, наводно, се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можна поврзаност со лица или активности што се предмет на истрагата. Од МВР за повеќе детали најавија во текот на денот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter