Невремето го уништи целото земјоделско производство во Сиричино

Тетовското село Сиричино, дел од Општина Јегуновце, вчера беше најпогодено од невремето со град, интензивен дожд и ветер.

Од планината Жеден надошле огромни количини вода измешани со земја кои навлегле во осумдесетина куќи, а градот речиси сто-отстотно ги уништил земјоделските површини. Оштетени се и возила и земјоделски машини.

- Во мои 70 години ја не сум видел досега. Во просториите во куќата имав околу 50 сантиметри кал и вода, теписи, внатре што имав кревети, сè тоа е поплавено и одзади имаме уште 80 сантиметри град, мешавина со вода, и зад што имав кокошки тоа, не можеле да се снајдат и сите поцркале. Имам штета 100 кила пченка, пченица имам, трици што сум носел на кокошките, и тоа нема ништо, се отидено е, изјави Ѓорѓи Антовски од Сиричино.

Блаже Цветковски од Сиричино, поради невремето остана без својот погон за производство на мебел. Уништени се сите машини и репроматеријали, вели ќе треба да почне од почеток.

- Штетите се огромни. Се работи за производствен погон, кој произведуваше. Машини, репроматеријали, ситен алат, груба процена, од 30 до 60 илјади евра комплетно машини и репроматеријали, во таа цена, во таа состојба, што се како нови, се повеќе. Се е упропастено, ништо нема, комплетно е уништено, целиот објект, производствен погон на Мебел Цветковски. Ако следува, ако државата има сили да помогне, добро ќе биде институциите надлежни за тоа, од населението не бараме, знаеме во каква состојба е, тоа е, наше е, ќе се почне од нула и толку.

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиновски информираше дека општината формирала комисија, која согласно своите надлежности која ќе евидентира штети. Потоа ќе се бара од владина второстепена комисија да даде средства за обесштетување.

- Комисијата сега во моментов, спрема обрасци и тие обрасци ќе бидат за кратко поминати во секое домаќинство во село Сиричино. Не само Сиричино, ќе бидат пуштени и во сите населени места каде што оваа непогода ги зафати. На територија на Општина Јегуновце најголеми оштетувања или штети има Сиричино, каде што повеќе од 70-80 домаќинства се опфатени со големи штети во нивните домови додека земјоделските посеви се 100 отсто уништени во населени места Сиричино, Туденце, Копанце, дел од Шемшово и Раотинце. Земјоделците ќе останат без храна за својот добиток, затоа што пченката и пченицата се тотално уништени. Земјоделските и градинарските култури компирот, кромидот, пипер се уништени, може нешто да остане од детелината и ливадите, изјави Димитар Костадиновски.

Меѓу најпогодените подрачја се и земјоделските површини во близина на Фалише, Општина Тетово.

- Јас работам со земјоделие, и бараме од државата да ни помогне. Имаме садено патлиџан, купус, компир, пченица пченка. Гледаме уништено е сè, 105 декари ниви и се пот ќесим ги имам големите давачки се. Немам од каде веќе да живееме. Времето е доцна веќе да сееме, не бидува ништо веќе. Да садиме нешто, не стигна доцна е седми месец е. Бараме нешто барем државата да ни помогне нешто, рече Орхан Фејзулаху.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираа дека и нивните службеници ги евидентирале штетите по земјоделските површини.

Тетовската пожарникарска единица информираше дека шест луѓе се евакуирани поради елементарната непогода.

Викендов и во понеделник сончево и топло, од вторник пороен дожд, грмежи и ветер

Викендов и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Промовирана монографијата - Заре Лазаревски, Ски-центарот и Маврово

Синоќа во исклучителна атмосфера се промовираше монографијата - Приказна за визионерот, креаторот и за градителот Заре Лазаревски кој го создаде Ски-центарот и Маврово. 

Таа е направена по повод стогодишнината од неговото раѓање а во чест на неговата посветеност да го создаде најпрестижниот змиски туристички центар во регионот во осумдесттите години на минатиот век.

Автори на оваа монографија се новинарите Јасмина Миронски и Бранислав Станчевски, кој на 110 страници споделуваат многу сеќавања, податоци, разговори со неговите соработници, современици, колеги и семесјтвото. Воедно, таа содржи повеќе од 40 автентични фотографии кои одсликуваат едно интересно време кога имаше луѓе кој од ништо правеа нешто - само од желба да биде подобро и поубаво за сите, да се создаде нешто вредно и трајно за својата држава – тогашна Македонија.

Монографијата која е исклучително квалитетно отпечатена е благодарение на неговиот внук Вељко Лазаревски син на најмладиот брат на Заре без чија несебична помош и поддршка таа немаше да види виделина.

Ски- центарот што го изгради Заре беше прв не само на Балканот туку и пошироко затоа што Заре со својата упорност, убедливост, снаодливост, визионерство и авторитет остави зад себе едно капитално животно дело: две жичници, 9 ски- лифтови поврзани по европски терк - скијачки патеки за слалом, велеслалом, спуст, бројни сместувачки објекти со целосно изградена инфраструктура.

За Лазаревски како како татко, сопруг, некој кој речиси секогаш бил или на пат за Маврово, или, во мислите за тоа што треба да се направи за Маврово зборуваше синот Бодан Лазаревски, инаку, исто така јавен обвинител кој раскажа занимливи моменти од времето како се градел Центарот и Маврово.

Сеќавања за таткото кој меѓудругото бил харзиматичен и џентлмен, сподели и ќерката Јованка Лазаревска Станчевска професорка на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје на катедрата за англиски јазик.

За личните сеќавања и занимливи искуства од времето кога Маврово беше вистинско монденско место зборуваше Живко Груевски, син на неговиот братучед и соборец Александар Санде Груевски, инаку познат бизнисмен, поранешен почесен конзул на Канада а сега професор на Американ Колеџ во Скопје./МИА.

Грчко МНР: Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа и се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

- Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на С.Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право, пишува во соопштението од грчкото МНР.

притисни ентер