Невреме со силен дожд и град во Тетово, се бара исклучување на струјата

Попладнево невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град го зафати Тетово.

Обините врнежи од дожд полавија улици, домови и мноу подрумски простории низ Тетово.

Според фотки бјавени на социјаните мрежи во Тетово и околината паѓал град со големина на лешник.

Градот оштетил многу посеви и автомобили.

Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН, соопштуваат од ЦУК.

Многу вода има и на патот Тетово Скопје.

Фото: Нивес сними спот за новиот хит

Пејачката и актерка Нивес Целзијус (42) претходно го откри малку чудниот текст на нејзината нова песна „Моја пила“, која за многу кратко време влезе во главата на многу обожаватели,

Сега таа ги извести своите фанови дека снимила спот за тој хит.

„Брм, брм! Снимивме видео за Пила!“, напиша таа во описот на објавата на Инстаграм, каде објави три фотографии на кои позира во кроп топ кошулата на која пишува: „Брм, Брм“.

Обожавателите едвај чекаат да излезе спотот на нејзината песна.

После тоа, таа на својата инстаграм приказна објави дел од видеото во кое стои пред автомобилот и држи црево во раката и го прска во воздух.

Да потсетиме, Нивес по објавувањето на стиховите на песните не престана да ги пее на своите објави, а набргу потоа објави дека направила и маички со дел од стиховите. „Маичките се готови“, напиша тогаш Нивес на на Инстаграм.

Извор: Аваз

Реал Мадрид го купи Хоселу и го испрати во Катар

Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула на Хоселу, официјално објави неговиот поранешен клуб Еспањол.

Напаѓачот ја мина претходната кампања како позајмен на „Сантијаго Бернабеу“ и импресионираше со своите игри, постигнувајќи 17 голови во сите натпреварувања и беше клучен за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Веќе неколку недели е познато дека Хоселу, кој моментално е дел од репрезентацијата на Шпанија на ЕП 2024, речиси сигурно следната година ќе биде дел од катарски Ал-Гарафа. Токму во врска со тоа се и постапките на раководството на Реал Мадрид, бидејќи од „лос бланкос“ ќе инкасираат иста сума од азиските претставници.

Во пракса, тие му прават услуга на играчот, кој имаше сериозна загриженост дека Еспањол може да се обиде да го искомплицира потенцијалниот договор со Ал-Гарафа, поставувајќи им многу посериозни финансиски барања.

„Папагалите“ повторно ќе бидат дел од Ла Лига по една сезона во „егзил“ во второто ниво на шпанскиот фудбал. /МИА

Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.

Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.

Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев. /МИА

притисни ентер