Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО

Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот на министри, кои се однесуваат на обврските што нашата земја ги презема во однос на војната во Украина“.

Министерскиот совет вчера ги одобри рамковните позиции на Бугарија за Самитот на НАТО. Со истата одлука се предлага претседателот Радев да ја предводи бугарската делегација и да ги презентира прифатените рамковни позиции. По одбивањето на Радев, бугарската делегација ќе ја предводи премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев.

Радев е поранешен генерал и пилот на борбен авион. Тој уште првиот ден ја осуди руската агресија врз Украина, но постојано ја критикува воената поддршка на бугарската Влада за Киев. /МИА

Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам

Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови, пренесе ДПА.

Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: "Малага не се продава" и "Ова не е туризам, ова е инвазија".

Според организаторите, на вчерашниот митинг учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник "Паис" објави дека протестирачите биле околу 15.000.

Малага е само уште еден шпански град во кој се одржуваат вакви протести. Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови.

Здружението на наемателите во Малага вели дека постојано растечкиот број на посетители кои изнајмуваат апартмани за одмор е причина за недостигот на станови во градот. - Градот страда, незадоволството е големо. Пред сè, проблемот со станбениот простор требаше да биде ставен на маса, изјави портпаролот на протестирачите за весникот "Паис".

Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона. Освен тоа, многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски. /МИА

Естонскиот министер за клима избран да ја замени Калас на премиерската функција

Партијата на реформите на естонската премиерка Каја Калас соопшти дека го номинирала министерот за клима Кристен Михал за нејзин наследник на премиерската функција, доколку таа биде назначена за шефица на дипломатијата на Европската Унија, пренесе ДПА

Партијата на реформите на естонската премиерка Каја Калас соопшти дека го номинирала министерот за клима Кристен Михал за нејзин наследник на премиерската функција, доколку таа биде назначена за шефица на дипломатијата на Европската Унија, пренесе ДПА.

Извршниот комитет на партијата едногласно го поддржа предлогот. Михал им заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе ги исполнува своите обврски достоинствено. Тој нагласи дека негов приоритет ќе биде националната безбедност на Естонија.

Владата на Калас е верен поддржувач на Украина во борбата против руската инвазија и поддржува тврд став кон Москва. Претходно оваа година, нејзиното име беше додадено од руското Министерство за внатрешни работи на списокот со лица кои се бараат поради криминални обвиненија.

Во четвртокот, Калас беше избрана за следен шеф на европската дипломатија од Европскиот совет во Брисел. Потврдувањето на нејзиното назначување зависи од гласањето во новиот Европски парламент.

Калас, која е првата жена премиер на Естонија, планира да ја претставува својата земја на сСмитот на НАТО во Вашингтон, кој ќе се одржи од 9 до 11 јули, забележува ДПА. /МИА

“На кавга со Иван / на кавга со Мирчевски” утре со Максим Димитриевски

Понеделник на youtube каналот на Канал 5 ТВ а во 23.00 - ТВ ПРЕМИЕРА на Канал 5 ТВ!

Ќе биде кавга! Добра кавга!

Особено кога ќе се кавгаш со човек кој како феникс се издигна од партискиот пепел.

Понеделник, 23.00 час Канал 5 Телевизија:

“На кавга со Иван” со Максим Димитриевски.

Максо меѓу другото ќе треба да ми одговори кога реши да премине на “десната” страна, зошто не го подмести својот грб кога се решаваа владините кадри?

Му беше ли незгодно кога изврши “обљуба врз немоќни лица” односно кога ги повика раководството на СДСМ во рок од 24 часа да поднесат неотповикливи оставки?

Зошто им се “плаши” на ВЛЕН?

Реков…ќе биде кавга…прво ПРЕМИЕРА на 5CAST на youtube каналот на Канал 5 ТВ а во 23.00 - ТВ ПРЕМИЕРА на Канал 5 ТВ!

stay tuned…

#macedonia #fight_with_ivan #kanal5 #television #5cast #youtube #linkedin

притисни ентер