НЕВЕРОЈАТНО: Канал 5 дознава, дали и колку од „ведетите“ на 1ТВ во своите „договори“ добиле и рекламно време??? - Канал 5

НЕВЕРОЈАТНО: Канал 5 дознава, дали и колку од „ведетите“ на 1ТВ во своите „договори“ добиле и рекламно време???

Канал 5 дознава дека наводно дел од новинарските „ведети“ на 1ТВ , најмалку двајца од нив, покрај енормно високите хонорари, добивале и уште нешто што реално не е познато во медиумската пракса во Македонија.

НЕВЕРОЈАТНО: Канал 5 дознава, дали и колку од „ведетите“ на 1ТВ во своите „договори“ добиле и рекламно време???

Имено, веќе подолг период во јавноста кружат информации дека дел од новинарската „елита“ на 1ТВ добивала огромни хонорари , за кои јавноста шрекулираше дека се добивани на незаконски начин.

Оваа иста информација во реторичка форма, од страна на Христијан Мицкоски директно му беше посочена на уредникот, за кој не знаеме дали се уште поседува сертификат за државна тајна , Сашо Орданоски

Канал 5 ТВ денес доби информација од релевантен извор, точен и веродостоен, дека најмалку двајца од елитните новинарски „пера“ на 1ТВ, во своите авторски договори, покрај паричниот надоместок, добиле нешто што е речиси непознато за ТВ автори физички лица - рекламно време!

Имено еден од нив добил 2 минути рекламен простор неделно во својата емисија, а вториот 2 минути во својата неделна емисија, и уште 2 минути надвор од авторската емисија.

Рекламното време како евентуална дополнителна надокнада може да му биде понудена на автор - физичко лице, но тоа ќе створи огромен број на облигациони односни меѓу авторот , клиентот кој ќе се рекламира и медиумот.

При вакввиот, крајно невообичаен начин на приход, се поставуваат следниве прашања и дилеми:

Дали „ведетите“ ги реализирале овие реклами, дали имале соодветни договори со клиентите во кои се опишани облигационите односи, дали и фирмите клиентите ги книжеле тие евентуални реклами , односно нивни трошоци, дали авторите имале соодветни медиа планови, по кои цени ги продавале, дали цената се дефинирала по секунда или т.н. CPP и др.

Најважно легално но и етичко прашање е дали евентуалните приходи остварени преку рекламно време се пријавени од страна на „ведетите“ во нивните годишни пријави на УЈП и дали е платен соодветен данок???

Нашата редакција ќе продолжи да ја следи оваа аномалија со цел заштита на медиумскиот бизнис од евентуални нечесни „играчи“ на нашиот пазар.

Истовремено ги повикуваме ЗНМ и претседателот Чадиковски како и Советок на Етика при Медиумите на Македонија да ги проверат овие „етички“ наоди, и доколку се вистинити да ги повикаат државните институции на правовремена и брза институционална реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта “, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.

Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 11 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира - ја промовираме „ЕкоСкопје“

Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис.

Ѓорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира - ја промовираме „ЕкоСкопје“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во промоцијата на платформата „ЕкоСкопје“ (https://ekoskopje.skopje.gov.mk), ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување.

- Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение. Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат вложувањата и во опрема и во дигитални решенија, а оваа апликација е пример како младинската идеја станува дело во служба на нашиот град.

- Набавивме 3.300 нови контејнери, најголемата ваква набавка во историјата на градот, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување видеонадзор, кој ќе помогне во откривањето и постапувањето против оние што намерно создаваат диви депонии. Јавната чистота е колективна одговорност. Наша должност е да обезбедиме услови и да постапуваме, а заедничка должност е да го чуваме градот. Технологијата ни дава нова можност, а нашата посветеност треба да ја претвори во почисто и поуредено Скопје. Вашата иницијатива покажува колку можат младите кога ќе добијат простор и поддршка. Во мене и во Град Скопје секогаш ќе имате партнер. Го унапредуваме Скопје, ги дигитализираме услугите и ја доближуваме градската управа до граѓаните – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да ја користат платформата и со точни локации, фотографии и корисни информации да придонесат за побрзо лоцирање на проблемите и изрази благодарност до Европската Унија за финансиската поддршка, до ЛЕАД, а особено до младиот Андреј и целиот тим ентузијасти кои со знаење, труд и верба во својата идеја ја создадоа „ЕкоСкопје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка оставила деца на планина во Полска бидејќи се жалеле

Во саботата, мајка ги оставила своите две деца на планинарска патека на планините Бјешчади во јужна Полска, бидејќи – според неа – тие се жалеле и негодувале, а таа сакала сама да стигне до врвот.

Мајка оставила деца на планина во Полска бидејќи се жалеле

Други планинари ги пронашле момчињата во густа магла, пренесува „Еуроњуз“.

Огранокот во Жешов на Полското туристичко и разгледувачко друштво сподели детали за инцидентот на Фејсбук.

„Бевме во близина на местото каде што се раздвојуваат сината и жолтата патека над Мучне, планинарејќи со група. Одеднаш, слушнавме силно плачење и детски крик. Застанавме и видовме две момчиња – осумгодишно дете со солзи во очите и неговиот четиринаесетгодишен брат – како стојат покрај патеката, изгледајќи збунето“, се вели во објавата.

„Дознавме дека нивната мајка ги оставила и продолжила сама кон врвот – пат за кој од таа точка се потребни околу еден час. Таа им рекла дека, штом веќе се жалат и не сакаат да одат, нека ја почекаат петнаесет минути“, се додава во објавата. На крајот, момчињата чекале многу подолго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер