Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 - Канал 5

Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

Роботизацијата веќе не е тема на иднината, туку реалност што го менува производството, логистиката и начинот на работа. 

Иднината пристигнува во Скопје: Хуманоидни роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

За Македонија, нејзиното навремено прифаќање е можност за поголема продуктивност, развој на современи технички знаења и создавање работни места со повисока додадена вредност. Токму затоа, присуството на хуманоидните роботи на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 отвора важна дискусија за тоа како домашните компании, образованието и институциите да се подготват за економијата што веќе доаѓа.

Токму во тој контекст, на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 во Скопје, благодарение на словенечката технолошка компанија Hiproject, ќе бидат претставени некои од најнапредните хуманоидни роботи во светот. Посетителите ќе имаат ретка можност да видат модели што се меѓу првите од ваков вид во Европа, но и да дознаат како Hiproject веќе развива и воведува хуманоидни роботи во реални работни средини — во индустријата, логистиката, фармацевтската индустрија, здравството, туризмот и други сектори.

Ова е само дел од многуте активности кои не очекуваат на меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026, под мотото „Вклучи одржливи навики“, а кои ќе се одржат во период од 29 до 31 октомври 2026 година, во T Арена во Скопје.

Два настани на едно место кои ќе ја претвори престолнината во центар на иновации, енергетика, технологија, недвижности и паметни решенија за иднината.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со најновите решенија од областа на роботиката, автоматизацијата, обновливите извори на енергија, циркуларната економија, дигиталната трансформација и одржливиот развој. Саемот ќе ги обедини компаниите, институциите, експертите, стартапите и младите иноватори на изложбена површина од над 2.500 m².

Паралелно ќе се одржи и РЕАЛ ЕКСПО 2026, специјализиран саем за недвижности, на кој ќе се претстават градежни компании, инвеститори, агенции и професионалци од секторот со актуелни понуди, инвестициски проекти и развојни иницијативи од Македонија и регионот.

Покрај изложбениот дел, посетителите ќе можат да следат стручни презентации, панел-дискусии, промоции на нови производи и услуги, деловни средби и активности за вмрежување. Работното време на саемите ќе биде од 10:30 до 18:30 часот во текот на сите три дена.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и РЕАЛ ЕКСПО 2026 ќе бидат место каде што се среќаваат роботиката, иновациите, бизнисот и иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер