Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
1Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
2Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
МакедонијаЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во СкопјеОд денеска, граѓаните во Скопје имаат на располагање нова дигитална алатка за пријавување еколошки проблеми. Официјално е лансирана ЕкоСкопје, паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување проблеми во градот и придонесува кон подобра комуникација меѓу граѓаните и надлежните градски служби. Платформата е достапна за користење на: ekoskopje.skopje.gov.mk Преку ЕкоСкопје, граѓаните можат да пријават еколошки проблем со приложување фотографија и локација. Пријавите се евидентираат во системот, по што следува нивно разгледување, проследување до соодветните градски служби и ажурирање на статусот. На овој начин, платформата создава можност за поедноставна и поорганизирана комуникација за еколошките проблеми во Скопје. ЕкоСкопје е резултат на младинска идеја која прерасна во функционална дигитална алатка и потребата на градот за директна комуникација со граѓаните. Официјалната промоција на ЕкоСкопје се одржа денеска во Europe House Скопје, во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје. На настанот се обратија Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Ewout Sandker, претставник на Европската комисија, и Иван Јованов, Извршен директор на ЛЕАД, кои го истакнаа значењето на младинското учество, дигиталните иновации и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во создавањето решенија за подобар град. „И јас живеам во градот, пешачам и ги гледам истите проблеми, го дишам истиот воздух и знам колку може да биде фрустрирачки. Честитки до тимот и организацијата за оваа платформа која овозможува граѓаните и младите да бидат слушнати а градските служби ефективно да реагираат. Но можеме да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почетокот.“ изјави Еваут Сандкер, претставник на Европската комисија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги охрабрува сите граѓани и млади: „На Скопје му се потребни идеи кои стануваат дела и соработка што носи видливи промени. Денес промовираме токму таков пример, платформа создадена од младинската енергија. Трудот на младите заслужува признание и практична поддршка а наша обврска е да создадеме простор нивните предлози да добијат примена. Ги повикувам граѓаните да ја користат платформата, а младите ги охрабрувам да продолжат да создаваат.“ Во рамки на настанот, Андреј Божиновски, член на победничкиот тим , ja претстави веб-платформата. ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, кој го реализира ЛЕАД во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаПоказна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лицаВо Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка. Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите. -Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски. Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички. -Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан. Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција. Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЗдравјеМЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помошПристигнаа сто нови возила за итната помош – заедно со Владата ги унапредуваме условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортотПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска присуствуваа на настан по повод набавените сто нови, комплетно опремени амбулантни возила за Итната медицинска помош, за потребите на јавните здравствени установи низ државата. – Зајакнувањето на службата за итна медицинска помош е еден од приоритетите на Владата и Министерството за здравство. Обезбедувањето сто нови возила за итната помош, со кои се дополнува возниот парк и се заменуваат амортизираните возила, е значајна инвестиција во вредност од 460 милиони денари. Секое возило располага со комплетна современа медицинска опрема за интервенција, стабилизација и транспорт на пациенти. Со оваа инвестиција ги унапредуваме условите за мониторирање, стабилизација и иницијален третман на пациентот уште за време на транспортот, истакна министерот Клековски на настанот. – Обновата на возниот парк продолжува. Планот е возниот парк на итната помош од сегашните 140 да се зголеми на 200 возила. Веќе почнуваме разговори за набавка на уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно, континуирано ги следиме кадровските потреби и критичните точки во мрежата на итната помош, за ресурсите да бидат насочени таму каде што се најпотребни, изјави Клековски. Министерот најави и пакет реформи со кои Итната медицинска помош ќе се постави на нови основи: ИМП како посебна установа – во тек е процесот на трансформација на итната помош во посебна служба, одделена од Здравствен дом-Скопје. воведување парамедици во тимовите на итна медицинска помош; национален систем за тријажа, со кој ќе се изедначи постапувањето при повиците и интервенциите низ целата држава; национален диспечерски центар со утврдени клучни показатели за успешност (KPI), кои ќе овозможат мерливо и транспарентно следење на работата на службата. Клековски го поздрави основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и ја истакна поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за реформите. – Новите возила се важен чекор, но не се доволни сами по себе. Целта на реформите е секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа, порача Клековски. Возилата се опремени со напреден дефибрилатор/монитор со можност за пејсинг и мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, автоматска носилка, хидрауличен систем за намалување на вибрациите при транспорт, интегриран систем за озонска дезинфекција, како и современи системи за активна безбедност на возилото. Медицинскиот простор е целосно адаптиран за работа на екипите на ИМП и за транспорт и третман на пациентите, со независно греење и климатизација, вентилација, LED осветлување насочено кон пациентот, посебни места за медицинската опрема и три седишта за медицински персонал/придружба. Возилата овозможуваат ЕКГ и ST/QT мониторинг, како и следење пулс и неинвазивен крвен притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафтаКина масовно го зголемува увозот на руски гас и нафта; објавени се нови податоци .Во периодот од јануари до септември, Кина увезла значително поголеми количества руски енергенси – особено течен природен гас (ТПГ) – во услови на прекини во снабдувањето од регионот на Персискиот Залив, објави во вторникот руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на податоци од кинеските царински органи. Од јануари до септември, увозот на руски ТПГ во Кина пораснал за 44,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 7,19 милиони тони, пренесе ТАСС, повикувајќи се на кинески податоци. Во истиот период, вредноста на испораките на руски ЛНГ (течен природен гас) за кинеските купувачи се зголемила за 38,5 отсто, достигнувајќи 3,92 милијарди долари. Како резултат на тоа, во првите девет месеци од годината, Русија го зазеде второто место меѓу водечките добавувачи на ЛНГ за Кина, пренесува ТАСС. Кинеските купувачи во овој период набавиле речиси двојно поголема количина ЛНГ од Австралија – 15,01 милиони тони – иако тоа претставува намалување од 1,1 отсто во споредба со претходната година. Малезија е на третото место, со 6,2 милиони тони ЛНГ испорачани во Кина, што претставува зголемување од 26,1 отсто во однос на истиот период минатата година. Во исто време, кинескиот увоз на ЛНГ од Катар драстично опаднал за 65,5 отсто, на 4,88 милиони тони. Испораките од Индонезија, исто така, забележаа значителен пад, намалувајќи се за 22,8 отсто, на 2,46 милиони тони. Во истиот период, американските добавувачи испорачале нешто повеќе од 231.000 тони ЛНГ во Кина – намалување од 11 отсто во споредба со претходната година. Во периодот од јануари до септември, обемот на испораки на руска нафта за Кина е зголемен за 18,3 отсто во споредба со истиот период лани, достигнувајќи 87,58 милиони тони, пренесува ТАСС, повикувајќи се на податоци од кинеските царински органи. Истовремено, вредноста на испорачаната нафта пораснала за 36,5 отсто, достигнувајќи 51,54 милијарди долари. Во првите три квартали од оваа година, Кина најголемиот дел од нафтата го набавила од Русија – со значителна разлика пред останатите – пренесува ТАСС. Според царинските податоци, Бразил е на второто место меѓу добавувачите, со испорачани 44,29 милиони тони – што претставува зголемување од 33,3 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, обемот на испораки од Саудиска Арабија е намален за 27,5 отсто, на 43,11 милиони тони. Индонезија го зазема четвртото место на листата на добавувачи, со испорачани 27,96 милиони тони – повеќе од тројно во споредба со количината од минатата година. Од друга страна, добавувачите од Малезија испорачале 25,41 милион тони нафта во Кина – половина од обемот забележан во истиот период претходната година. Во септември, Кина увезла двојно повеќе руски течен природен гас (ТПГ) отколку претходниот месец, што изнесува вкупно 1,85 милиони тони. Вредноста на овие пратки е повеќе од двојно зголемена во споредба со август, достигнувајќи 1,18 милијарди долари, според податоците на кинеските царински органи. Што се однесува до руската нафта, месечните испораки се намалиле за 11,4 отсто, на 9,94 милиони тони. Сепак, нивната вредност се зголемила за 1,7 отсто во споредба со август, достигнувајќи 6,58 милијарди долари. Официјалните царински податоци покажуваат дека увозот на руски ТПГ во Кина забележал само благ пораст – од 3,3 отсто – во 2024 година, по скокот од 18,2 отсто претходната година, со што вкупната количина достигнала 9,79 милиони тони. Во меѓувреме, испораките на руска нафта за Кина се зголемиле за 1,3 отсто во 2024 година, иако вкупниот увоз на „црно злато“ во Кина опаднал за 1,9 отсто. Според царинските податоци, во 2025 година увозот на нафта во Кина пораснал за 4,4 отсто, достигнувајќи 577,72 милиони тони, додека руските испораки се намалиле за 7,1 отсто, на 100,72 милиони тони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter