Нејмар ќе мора да оди на суд, му се закануваат 2 години затвор - Канал 5

Нејмар ќе мора да оди на суд, му се закануваат 2 години затвор

На Нејмар од 17 до 31 октомври ќе му се суди во Барселона за наводни нерегуларности при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година. 

Нејмар ќе мора да оди на суд, му се закануваат 2 години затвор

Покрај бразилскиот фудбалер, на суд ќе бидат и неговиот татко, мајка, семејната компанија N&N, поранешен менаџер на Сантос Одилио Родригес и Сандро Росела и Жозеп Марија Бартомеу, тогашните претседател и потпретседател на Барселона.

Корупцијата била пријавена од бразилската инвестициска групација ДИС, која поседувала дел од правата за трансфер на Нејмар и тврди дека добила помалку пари отколку што требало кога Нејмар дошол во Барселона.

Во Шпанија и Бразил се спроведени истраги дали некој дел од трансферната сума е скриен, а судењето ќе се одржи во Провинцискиот суд во Барселона. Нејмар се изјаснил за невин, но во 2017 година шпанскиот Висок суд ја одбил неговата жалба.

Обвинителите наводно ќе побараат двегодишна затворска казна за Нејмар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер