Небиу: Нашиот глас за резолуцијата за Сребреница мислам е соодветен на ситуацијата

„Се согласувам треба да имаме пријателски однос со Србија како што треба да имаме со Албанија, Бугарија и Грција“

Постои фактички судска одлука на меѓународниот суд, дека не е воено злосторство туку е геноцид и има луѓе кои што се осудени за тоа. Има луѓе кои што го прифаќаат или не го прифаќаат тоа меѓу тоа постои таква одлука и тоа е последната пресуда за геноцид на територијата на Европа. Дали треба Македонија да се меша? Го гледав листингот на сите земји членки на НАТО и сите земји членки на окружувањето. Словачка и Грција се воздржале, мислам Грција поради специјалниот однос со Србија што го има како пријател. Не е резолуција за Сребреница туку како ден за одбележување како геноцидот, не не ни резолуција за Србија, ни резолуција за Сребреница.

Се согласувам треба да имаме пријателски однос со Србија како што треба да имаме со Албанија, Бугарија и Грција, мислам нашиот глас е соодветен на ситуацијата, рече Бесим Небиу во Само Вистина.

Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово - Спасовден. 

Во Вевчани денеска пред почетокот на светата литургија, со која началствуваа парохискиот свештен во Вевчани, отец Ромео Петрески и свештеникот од храмот „Св. Ѓорѓија“ од Струга, отец Христијан Костоски, беа дочекани иконите на сеправославниот македонски светител, Спасе Вевчански и неговата света сестра, Спаса Вишенска.

Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово - Спасовден.

– Голема е радоста денеска што го дочекавме овој голем светол и историски чин, се радувам на вашите солзи радосници со кои се поклонувате пред светава икона на нашиов Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Вакви моменти еднаш во животот човек може да ги доживее ако има среќа и затоа, радувајте се, посочил на проповедта парохискиот свештеник Отец Ромео Петрески.

Како што стои во соопштението, после светата литургија за сите верници во дворот на црквата била организирана закуска, која била донација од сите вевчански угостителски објекти.

Декларација: Територијалниот интегритет на Украина мора да биде основа на мирот

Со заедничката декларација заврши дводневната конференција на која не присуствуваше претставник на Русија.

Претставници на повеќе од 80 земји кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната.

Со заедничката декларација заврши дводневната конференција на која не присуствуваше претставник на Русија.

Според аналитичарите дводневната конференција најверојатно ќе има многу мало конкретно влијание врз завршувањето на војната.

Руските трупи ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје

- Руските војници ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана.

-Единиците на оперативната група „Исток“ го ослободија селото Загорноје во регионот Запорожје и зазедоа поповолни борбени позиции, се наведува во извештајот, додавајќи дека воената формација го уништила персоналот и опремата на 58-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените сили на Украина, 123-та одбранбена бригада и 15-та бригада на Националната гарда на Украина во областите Новоселковка (Регион Запорожје), Урожин и Владимировка (ДПР), пренесуваат руските медиуми.

На овој дел од фронтот, 135 припадници на вооружените сили на Украина, едно оклопно борбено возило, два британски топа - самоодни артилериски пиштоли АС-90 Бравхарт и хаубица ФХ-70, како и две станици за електронско војување Буковел-АД биле исфрлени.

Загорноје е четвртата населба над која руските трупи ја презедоа контролата оваа недела.

притисни ентер