ЖивотНе е сè толку лошо: 38 добри моменти од 2025 годинаПовеќето луѓе веруваат дека светот се враќа назад и дека се упатуваме кон хаос, иако податоците јасно покажуваат дека оваа перцепција е погрешна. Светот не се влошува, туку се подобрува. Тоа не значи дека е совршено место. Дури ни добро. Страдаме од војни, неправди и болести. Малцинство од населението поседува најголем дел од богатството, додека 10 отсто преживуваат со едвај три долари дневно. Сиромаштијата е секојдневие, но од сите глобални можни исходи (не замислени или посакувани, туку познати), ова е најдоброто. 1. Живееме подолго. Очекуваниот животен век на светско ниво, од 2000. се зголеми за седум години - на 73 години. 2. Помалку деца умираат. Смртноста пред 15-годишна возраст се преполови за две децении. 3. Екстремната сиромаштија опаѓа. Во 2000 година, 36 отсто од планетата страдаше од неа, а сега само 10 отсто. Кина извади 50 милиони луѓе од сиромаштија во последните пет години. 4. Процентот на девојчиња кои посетуваат средно училиште се зголеми од 47 отсто на 68 отсто од 2000 година. Сега се изедначени со момчињата, па дури и ги надминуваат на универзитетите. 5. Милиони луѓе добија пристап до електрична енергија. Глобалниот процент со пристап се зголеми од 78 отсто на 92 отсто од 2000 година. Во Руанда, се зголеми од 6 отсто на 64 отсто. 6. Колку би платиле за „Ватсап“? Просечниот Европеец би побарал 500 евра месечно за да престане да го користи. А за вашиот воздушен јастук или вакцините на ќерката ви? Сигурно повеќе од она што сте платиле за нив. Но таа вредност не се брои во БДП: Ние сме побогати отколку што мислиме. 7. Едно бебе го доби првото персонализирано генско лекување. KJ се роди со ретка метаболичка болест; за него беше дизајнирано специјално КРИСПР лекување и сега се подобрува. 8. Му ставивме лице на третата човечка врста. Денисовците живееле заедно со нас и неандерталците пред десетици илјади години. Во 2010 имавме само делче од прст; сега имаме и череп. Нивната ДНК сè уште е во нас. 9. Обновливите извори го надминаа јагленот како извор на електрична енергија. Првпат во историјата, на светско ниво: 34 отсто наспроти 33 отсто. 10. Хомофобијата опаѓа во Европа. Процентот на луѓе со негативен став кон хомосексуалноста се намали од 1998 година: во Шпанија (од 33 отсто на 19 отсто), во Германија (од 29 отсто на 15 отсто) и во Шведска (од 21 отсто на 9 отсто). 11. Големите јазични модели ја поттикнуваат науката. Модел со вештачка интелигенција освои златен медал на Математичка олимпијада - нешто што не се очекуваше до 2043 година; друг изврши репродуцирање сам за неколку дена - откритие што на биолозите им заштеди години; а трет модел ја оптимизираше хемиска реакција и скрати недели лабораториска работа. 12. Хелсинки помина година без ниту една сообраќајна жртва. Како? Со намалување на ограничувањето на брзината на 30 км/ч, стеснување на лентите и со приоритет на пешаците и велосипедистите. 13. Осум дабари направија за неколку недели она што бирократијата не можеше за седум години. Во Чешка, семејство дабари изгради брана од камења, кал и гранки точно на местото каде Владата планираше. Спасија 1,2 милиони евра. „Ништо што прават дабарите не ме изненадува“, вели еден експерт. 14. Шпанија прослави 50 години демократија: „Ние сме поздрава, побогата, пообразована и ’по-еднаква’ земја отколку во 1975 година“. 15. Илјадници бебиња го избегнаа болничкото лекување. Во 2023 година, Шпанија почна да вакцинира новороденчиња против бронхиолитис. Приемите во болница паднаа за 75 отсто, а 10.000 згрижувања на бебиња беа избегнати. 16. Тинејџерите се најтрезната генерација по децении. Процентот на млади Шпанци кои пушат секојдневно, од 1990-тите падна од 20 отсто на 4 отсто. Оние кои пијат алкохол секоја недела паднаа од 31 отсто на 16 отсто. Употребата на канабис, кокаин и амфетамини, исто така, опадна. 17. Глобалната стапка на самоубиства падна за 50 отсто од 2000 година. 18. Во Кина се раѓаат повеќе девојчиња. Селективните абортуси по пол се намалуваат: во 2010 година се раѓаа 117 момчиња на 100 девојчиња, а сега - 110 машки бебиња. 19. Дури 73 отсто од жените во земјите во развој имаат банкарска сметка. Во 2014 година беа само 50 отсто. 20. Бројот на жени во одборите на директори се зголеми петкратно во Велика Британија. Од 9 отсто на 43 отсто за малку повеќе од една деценија. 21. Сунита Вилијамс отиде во Вселената на осум дена, остана месеци и го скрши рекордот. Се заглави на МВС поради технички проблеми, но ја искористи можноста да го собори женскиот рекорд за прошетки во Вселената: 62 часа. 22. Рекордот за лансирања во Вселената повторно е урнат. Имаше 309 орбитални обиди, три пати повеќе од вообичаеното. 23. Изграден е револуционерен телескоп. Вера К. Рубин ќе го скенира целото небо на секои три дена. Секоја ноќ ќе испраќа милиони аларми со помош на интелигентни алгоритми - за да ги лоцира објектите што се движат или се менуваат. Ќе гледаме космички експлозии и галаксии што се раѓаат. 24. Сончевата енергија се зголеми тројно за седум години. Сега фармите со соларни панели може да се видат од сателити. 25. Во Африка, струјата се испорачува од покрив до покрив. Домаќинствата без електрична мрежа купуваат соларни комплети, плаќаат на рати преку мобилни телефони: ги напојуваат светлата, телефоните, телевизорите и вентилаторите. 26. Кина презеде обврска за апсолутно намалување на емисиите - прва од ваков вид. Земјата ветила пред ОН да ги намали емисиите за повеќе од 7 отсто до 2035 година. Нема да го направи тоа со намалување на потрошувачката на енергија, туку со значително зголемување на уделот на сончева и ветерна енергија. 27. Проектираните емисии за 2040 година се 40 отсто помали отколку пред 10 години. Исходот без никакви мерки беше 50 милијарди тони јаглерод-диоксид, а сега сме на пат кон околу 30 милијарди тони. 28. Морските води што не ѝ припаѓаат на ниедна држава ќе има правна заштита првпат. Околу 70 отсто од планетата се меѓународни води, но само 1 отсто беше заштитено - останатото беше ничија земја. Во 2025 година, 79 земји го ратификуваа историскиот договор за создавање подрачја на заштита. 29. Парижани повторно пливаат во Сена. Тоа беше забрането 100 години поради загаденост. Оваа година се отворија три области близу Ајфеловата кула и Нотр Дам. 30. Земјоделската продуктивност се умножува. Светот произведува 250 отсто повеќе жито отколку во 1961 година со само 14 отсто повеќе обработлива земја. Без овој напредок, би ги уништиле шумите и екосистемите за да се храниме. 31. Прогноза на СМС со вештачка интелигенција ги спаси посевите во Индија. За време на последниот ветер - монсун, 40 милиони земјоделци добија предупредување: „Дождовите ќе дојдат набргу и потоа ќе престанат“. Беше необичен модел, но благодарение на пораката, можеа да реагираат. 32. Имплант им овозможува на слепите лица повторно да читаат. Чип голем колку милиметар, потенок од човечко влакно, се вметнува под ретината и се поврзува со очила со камера. Во тест со 38 пациенти ослепени од макуларна дегенерација, 84 отсто можеа повторно да читаат. 33. Повеќе самоуправувачки автомобили. Роботакси-возилата без возач во Калифорнија извозеа 8 милиони километри во 2025 година. 34. Имаме нов неопиоиден лек против болка. Ги намалува постоперативните болки исто толку делотворно колку опиоидите, но без ризик од зависност. 35. Воведувањето на алергени кај бебиња функционира. Откако стана препорачано да се воведуваат рано и постепено, алергиите на кикирики паднаа за 43 отсто во САД. 36. Дебелеењето во САД опаѓа - 12 отсто од населението, сега зема „ГЛП-1“ инхибитори како „Оземпик“ или „Вегови“. Резултатите се драстични (15 отсто повеќе изгубена тежина), а трошоците за брза храна паѓаат за 8 отсто. 37. Срцевите удари се помалку смртоносни. Во 1970 година, 40 отсто од хоспитализираните за срцев удар умираа, додека сега само 10 отсто. Една студија го нарекува „медицинско чудо“. 38. Стапките на преживување од рак се удвоија за 50 години. „Сега сме во златната ера на истражувањето на ракот со напредок во геномиката, науката за податоци и вештачката интелигенција“, соопшти Британската установа за истражување на ракот. Тагови: 2025 добри моменти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44