СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураНаум Доксевски за Канал 5: „Македонскиот филм е во голем подем и на тоа треба да се радуваме сите“Уметноста е најделикатниот јазик на човековата душа – јазик што не се зборува, туку се чувствува; што не се чита, туку се гледа во трепетот на светлината, во сенките што се претопуваат во зборови.Кога зборуваме за филмот, ние не зборуваме само за приказни на екранот, туку за светови што дишат, за соништа што оживуваат и за вистини кои не можат да се изречат со збор. Кинематографијата е невидливото перо со кое се пишува магијата на седмата уметност. Таа е поезија на сликата, музика на кадарот, дијалог меѓу светлината и мракот. Секоја камера, во рацете на вистински мајстор, е повеќе од алатка – таа е око што нурка длабоко во сржта на секое битие, таа срце што раскажува без зборови. Во светот на Дј. Ахмет, оваа поетика добива уникатна сила. Тука кадрите не се само приказни, тие се искуства, огледала на реалноста, но и прозорци кон нешто поголемо – кон духот на улицата, кон тишината на мигот, кон емоцијата што ја носи едноставниот поглед. Кинематографијата овде не е украс, туку живот – суров, искрен, длабок, емотивен. Зад оваа визуелна магија стои Наум Доксевски – кинематограф со редок потпис, човек кој не снима, туку сведочи. Неговата камера не е апарат, туку жива кожа што ги впива вибрациите на светот и ги претвора во визуелен јазик. Со него, секој кадар во Дј. Ахмет добива пулс, длабочина и ритам што одекнуваат во времето и просторот. Но, за тоа како изгледа да се биде зад камерата, која ја носи тежината на толку силни светови? Како се гради естетика што е подеднакво интимна и моќна, и како изгледа патот на еден автор кој знае дека секој кадар може да биде нова вистина,одговор добивме токму од него, Наум Доксевски: Наум често велиш дека емоцијата е пред техника — како тоа изгледа на сет, кога треба да избереш меѓу „совршено“ светло и „вистинска емоција? „Мислам дека доловување на силна или на вистинската емоција, како што ја нарекувате, на филм зависи од многу параметри. Пред сé тука е самата приказна, актерите, режијата во кадар, опкружувањето, музиката и уште многу други елементи. Ние како кинематографери имаме шанса директно да влијаеме и да допринесеме во доловувањето на емоциите и тоа за мене е највозбудливиот дел од нашата работа. Да, во мојот пристап на работа многу често техниката е во втор план, бидејки некогаш за да креираме атмосфера и светло кое ја потенцира емоцијата доволно е само да се потргнеме неколку чекори со камерата, или да ја подзатвориме ролетната во собата за да креираме атмосфера која ќе им помогне на гледачите да ја почуствуваат вистинската емоција. Светлината е чудо“, ни кажа Наум Доксевски. Како одлучуваш што ја води сцената –човекот или просторот? „Многу често во последниве години снимам силни, интимни приказни каде близината до актерите е клучна. Но, би рекол дека за мене нема правила кои по дефиниција кажуваат кога треба да сме блиску а кога подалеку. Соработката со режисерот и пристапот на секоја сцена поединечно се клучни. Многу често, особено со режисери со кои што одлично се познаваме, како во случајот со Георги (М. Унковски) знаеме и да се препуштиме на интуитивното чуство да не’ поведе во одлуката“, изјавил Доксевски. Имаш ли лична „боја“ што ја сметаш за свој визуелен потпис? „Не, мислам дека секаков вид на форсирање на поединечни елементи како што е бојата може да му наштетат на филмот. Мислам дека бојата треба да произлезе од самото сценарио, ликовите и атмосферата во филмот. Сметам дека визуелниот потпис е комплексна работа и треба да произлезе од многу елементи кои треба да креираат суптилно чувство кај гледачите“, ни кажа Наум Доксевски, а потоа на нашето прашање за неговите ритуали имаше интересен одговор. „Секој ден на сет има толку адреналин што ме држи во фокус повеќе од доволно за да не ми требаат посебни ритуали“, ни кажа Доксевски со насмевка. Работиш со природна светлина и реални простори. Дали тоа е естетска одлука или начин да му дадеш автентичност на филмот? „Јас сум опседнат со природна светлина бидејќи верувам дека токму таа, заедно со сите нијанси на темно, светло, сиот спектар на бои ги поседува сите карактери кои ни се потребни на филм. Треба само да одлучиме што ни е потребно и тоа е веќе таму, постои.“ Камерата кај тебе често „дише“ со ликовите. Дали ја гледаш како уште еден Актер во сцената? „Не би рекол дека е актер. За мене камерата претставува предизвик како да ја искористиме се со цел поуспешно да ги втурнеме гледачите во самата приказна. Многу често, вистинските агли, вистинската динамика, движење може да го внесат гледачот во самата сцена и да се почуствува како тој самиот да е сведок. Исто така, доколку сето ова се искористи во погрешна насока, за жал, може да предизвика бариера па дури и дистанца помеѓу гледачот и филмот.“ Во ерата на Instagram и TikTok, каде младите се навлечени на социјалните медиуми, дали чувствуваш дека филмската камера има нова одговорност — Да создаде нешто поинакво што ќе ги привлече овие генерации кон големо платно? „Мислам дека достапноста до социјални мрежи на младите треба само да се искористи како алатка за промоција на филмот. Не верувам дека создавање на нешто ново ќе ги привлече повеќе, туку напротив мислам дека филмот сам по себе е силен таков како што е и дека баш тоа треба да ги привлекува новите генерации да следат филмови на големото платно“, одговори Доксевски. Како гледаш на иднината на кинематографијата кај нас? Дали сметаш дека младите сниматели треба да се борат за свој автентичен стил или повеќе да „играат“ на сигурно за да опстанат? „Со право се надевам дека иднината на македонската кинематографија е светла. Имаме талентирана и посветена генерација на филмаџии која веќе прави одлични филмови и постигнува светски резултати кои и тоа како ја промовираат нашата земја. Македонскиот филм е во голем подем и на тоа треба да се радуваме сите“, вели Доксевски. „DJ Ahmet“ е приказна за млад човек кој сака да биде дел од современата урбана култура, но е заробен во традиционална средина. Како визуелно го претстави тој судир меѓу старото и новото? „Тоа е клучен момент во филмот, па затоа и визуелниот контраст беше многу важен за нас. За да ја пренесеме автентичноста на средината во која Ахмет живее, избравме подокументаристички пристап. За спротивниот свет-модерниот ја пуштивме имагинацијата подалеку и создадовме сцена која е драстично различна од селската реалност. Атмосферата на рејв забавата, со голема бина, многу светла во боја и луѓе кои се забавуваат, сама по себе е сосема поразлична од тивкото, интимно секојдневие во селото, и токму тој контраст сакаме да го почувствува публиката “, за крај ни кажа Наум Доксевски. Наум Доксевски не снима – тој создава пулс. Секој кадар е отчукување, секоја сенка – стих, секоја светлина – отпор. Камерата во неговите раце е повеќе од објектив: таа е срце што зборува со светот. И токму затоа, филмовите што ги потпишува не се гледаат – тие се живеат.Тагови: DJ Ahmet Наум Доксевски филм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook