Научници предвидуваат пораст на деменцијата во светот - Канал 5

Научници предвидуваат пораст на деменцијата во светот

Нов труд којшто ги анализира трендовите на јавното здравје во 195 земји, предвидува дека деменцијата како заболување ќе ја имаат околу 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година. Тоа е околу трипати повеќе отколку во 2019 година.

Научници предвидуваат пораст на деменцијата во светот

Тројното зголемување на когнитивните нарушувања со оштетена меморија, вклучително и Алцхајмеровата болест, е поврзано со трендовите во факторите на ризик – дебелината, дијабетесот, ниското образование и пушењето. Испитувањата се објавени во „Глобал бурден оф дезис" (Global Burden of Disease). Жените кои живеат со деменција и натаму ќе бидат побројни од мажите и наредните 30 години, според истражувањето, поради генетските фактори на опасност и подолгиот животен век, бидејќи ризикот од деменција се зголемува со возраста.

Истражувачите предвидуваат дека Северна Африка, Блискиот Исток и источна субсахарска Африка ќе доживеат најголем пораст на деменција, а бројките ќе се зголемат за четирипати. Спротивно на тоа, помал раст се очекува во побогатите земји во азиско-пацифичкиот регион и во Западна Европа.

Сепак, прогнозата може да се промени доколку се преземат соодветни мерки, се вели во придружниот коментар во истото списание.

Трудот дава „апокалиптични проекции кои не ги земаат предвид препорачаните промени во животниот стил", велат лекарите од Универзитетската болница во Бордо, Франција – Мајкл Шварцингер и Керол Дуфоил, кои не биле вклучени во испитувањата.

Поради сето горенаведено, надлежни лица се обидуваат да осмислат политики насочени кон справување со опасноста од деменција, која е седма на списокот водечки причини за смрт во светот. Производителите на лекови, исто така, се обидуваат да осмислат терапии за борба против Алцхајмеровата болест.

– Дури и скромниот напредок во спречувањето или одложувањето на деменцијата би се исплатувал неверојатно, вели водечкиот автор на испитувањата, Ема Николс од Институтот за здравствена метрика и евалуација при Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, САД. – За да имаме најдобри резултати, мора да ја намалиме изложеноста на водечките фактори на ризик во секоја земја, објасни таа.

Иако се барани од многу компании, лековите за Алцхајмерова болест досега покажаа ограничена делотворност во борбата против деменцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ѝ воведе нови санкции на Северна Кореја

САД воведоа нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја. 

Трамп ѝ воведе нови санкции на Северна Кореја

Според Министерството за финансии, цел се десет поединци и еден деловен субјект. Листата на санкционирани лица го вклучува и Првиот финансиски и технички центар за развој. Шест лица на листата се поврзани со него, од кои двајца се руски државјани. Останатите, според објавените податоци, се севернокорејски државјани, објавува Ројтерс.

Новите санкции доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги продолжи преговорите со Пјонгјанг, но Северна Кореја не покажа интерес за разговори за ограничување на нејзината нуклеарна програма. Трамп претходно овој месец ја намали важноста на уште еден самит со Ким, кој требаше да се одржи следниот месец во Кина.

Трамп е единствениот американски претседател кој се сретнал со севернокорејски лидер, по средбата со Ким во 2018 и 2019 година. Овие дипломатски обиди не успеаја бидејќи САД го условија продолжувањето на разговорите со целосно напуштање на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја.

Трамп оттогаш во неколку наврати ја нарече Северна Кореја „нуклеарна сила“. Сепак, неговата администрација продолжува да инсистира на денуклеаризација и официјално не го признава Пјонгјанг како нуклеарно вооружена држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Развиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер

Руските научници развија нов вид клетки чувствителни на светлина за срцеви пејсмејкери, кои потенцијално би можеле да станат „жив“ срцев пејсмејкер.

Развиен е нов вид на клетки, чувствителни на светлост- може да се користат како „жив“ пејсмејкер

Новата биоинженерска клеточна структура е контролирана од светлина со помош на технологијата што ја освои Нобеловата награда за 2026 година, изјави за новинарите заменик-директорот на центарот Александар Романов.

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им беше доделена на тројца истражувачи за откривањето на првите јонски канали чувствителни на светлина кои можат да бидат вградени во клеточната мембрана и „обучени“ да реагираат на светлина. Ова откритие им овозможува на научниците да создаваат нови протеини контролирани од светлина за која било намена.

„Добивме и тестираме нов вид клетки и веруваме дека оваа почетна фотосензитивност ќе ја подобри нивната ефикасност. Значи, се разбира, не ја освоивме Нобеловата награда, но сепак, тоа сугерира дека, така да се каже, работиме во вистинската насока“, рече научникот, објави ТАСС.

Биоинженерите од MFTI и аритмолози од Центарот Мешалкин одгледуваа клетки контролирани од светлина, поставени на специјални полимерни скелиња и имплантирани во срцето. Идејата на научниците е да им се овозможи на клетките да функционираат природно, додека лекарите сè уште можат да го регулираат срцевиот ритам однадвор користејќи светлосни сигнали. За да го постигнат ова, истражувачите користат специјални светлосензитивни протеини кои можат да се префрлат од една состојба во друга кога се изложени на зраци со одредена бранова должина, со што ги стимулираат или смируваат клетките.

Планирано е лекарите да можат да ги стимулираат клетките да ја контролираат аритмијата користејќи специјален уред со сина светлина со бранова должина од приближно 460 нанометри. Според Романов, за таа цел може да се имплантира посебна светлосна капсула под кожата или да се постави завој на градите на пациентот.

Кардиохирурзите денес имплантираа нова група светлосензитивни клетки на пејсмејкер во срцето на минијатурна свиња во експериментална операциона сала. Прво, тие користеа специјален полимерен супстрат, а потоа ги инјектираа клетките во срцето со шприц, во форма на специјални микрокапсули.

- Ефектот треба да трае од пет до седум дена - нагласи Романов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицето на јавни места .

Словенечката влада најави забрана за покривање на лицата- се предвидуваат огромни казни

Словенечката влада подготвува измени на Законот за заштита на јавниот ред, а една од одредбите би вклучувала забрана за покривање на лицата на јавни места до степен до кој можат да се препознаат цртите на лицето, што би ѝ го олеснило на полицијата идентификувањето на лицата.

Како што е наведено во нацрт-законот, ова правило нема да се однесува на специфичен вид облека, религиозен симбол или лични околности, а предвидени се исклучоци за случаи кога покривањето на лицето е неопходно од здравствени или професионални причини, како и во врска со спортски активности, уметнички, културни или традиционални настани, пренесува СТА.

За прекршување на овие одредби се предвидени казни од 100 до 200 евра. Подготовката на измените на законот започна откако коалицијата на партии „Истина“ (Resni.ca) поднесе предлог за референдум, на кој граѓаните би го изразиле своето мислење за тоа дали да се забрани покривањето на лицето на јавни места.

Иако барањето за референдум се однесува на општа забрана за покривање на лицето, претставниците на парламентарните групи за време на дебатата нагласија дека прашањето е бурката и дека е потребно да се воведат ограничувања, бидејќи во спротивно Словенците би можеле да се најдат во подредена положба во споредба со имигрантите.

Тие исто така изразија очекување дека имигрантите ќе се прилагодат на начинот на живот во Словенија.

Во Европа, забрана за целосно покривање на лицето воведоа Белгија, Франција, Бугарија, Австрија, Данска, Швајцарија и Португалија, забрана за делумно покривање на лицето, или покривање во одредени државни, образовни или здравствени институции, воведоа Холандија, Луксембург и Латвија, додека во Германија и Италија, одредени држави воведоа забрана за покривање на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер