Натрапник во седум наутро провалил во куќата на Ријана во Холивуд - Канал 5

Натрапник во седум наутро провалил во куќата на Ријана во Холивуд

Натрапник, манијак или само луд обожавател упаднал дома кај  Ријана.

Натрапник во седум наутро провалил во куќата на Ријана во Холивуд

Непознатиот маж успеал да го прескокне ѕидот, да влезе на имотот и да упадне во нејзината луксузна куќа во Холивуд Хилс, но за среќа не направил никаква материјална штета на вилата вредна околу 7 милиони долари.

Провалникот влегол на имотот во раните утрински часови, но чуварите веднаш повикале полиција.

Инаку, 33-годишната пејачка од Барбадос ја купила луксузната куќа со имотот во 2017 година, итата која што со години ја изнајмувала за скоро 35.000 долари месечно, со оглед на тоа што поголемиот дел од времето го поминува со своето момче Асап Роки во Њујорк.

Сепак, непознатиот натрапник не предизвикал значителна штета на имотот, а како што пренесува ТМЗ, тој успеал да избега пред доаѓањето на полицијата.

Покрај контроверзната куќа на Холивуд Хилс, Ријана поседува уште две луксузни куќи во Беверли Хилс во вредност од 10 и 8 милиони долари. Покрај тоа, таа поседува два луксузни апартмани.

Како и да е, Ријана и Асап поголемиот дел од своето време го поминуваат заедно на Менхетен во хотелот Гринич. И, пејачката наскоро би можела самата да се упати кон Лос Анџелес, каде треба да сними нов спот за сè уште необјавената песна, што особено ги радува нејзините бројни обожаватели, имајќи предвид дека Ријана со години не издала нов албум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар.

Поповиќ: Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо.

Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот.

Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата.

Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари

Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%.

Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци.

Но ударот не завршува на бензинските пумпи.

Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство, поголеми трошоци за земјоделците и нов раст на цените на храната.

Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите стагнираат.

Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза.

Животниот стандард на граѓаните се намалува, а Владата не презема ништо.

Кој профитира на грбот на граѓаните кои ја плаќаат цената за неспособноста на Мицкоски.

СДСМ бара:

Намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%,

Намалување на акцизата за 50%.

Овие две мерки ќе имаат директен ефект врз намалување на цените на сите горива, намалување на потрошувачката кошничка и вкупното ниво на цените.

Ајде барем еднаш прифатете нешто добро за граѓаните.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран и Оман ги засилуваат разговорите за „привремено“ отворање на Ормуз

Иницијативата има цел да воспостави „привремен заеднички поморски коридор“.

Иран и Оман ги засилуваат разговорите за „привремено“ отворање на Ормуз

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот омански колега Бадр Албусаиди разговарале за „привремена рамка“ чија цел е обновување на пловидбата низ Ормускиот теснец, се наведува во заедничко соопштение објавено од оманската новинска агенција, додека двете страни продолжуваат со долготрајните разговори за пловидбата низ клучниот воден пат.

Иницијативата има цел да воспостави „привремен заеднички поморски коридор“ и проект за расчистување мини за да се обнови безбедната пловидба низ областа, се наведува во соопштението. Ормускиот теснец, низ кој претходно минуваше околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, останува во голема мера затворен од март, кога Иран презеде чекори за блокирање на водниот пат по американските и израелските напади на 28 февруари, во кои беше убиен врховниот лидер Али Хаменеи. Иран и Оман ќе одржат дополнителни разговори за „преговори за нова постојана рута во рок од 30 до 60 дена“ за пловидба низ клучниот воден пат, изјави иранскиот заменик-министер за надворешни работи ....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се работи на депонијата во Кавадарци, каде вчера избувна пожар

Утрово интензивно се работи на терен.

Јанчев: Интензивно се работи на депонијата во Кавадарци, каде вчера избувна пожар

Откако беше делумно изгансат пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија утрово интензивно се работи на терен со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Преку социјалните мрежи тој посочи дека ќе се работи интензивно и континуирано се до целосно стабилизирање на состојбата и целосно прекинување на чадењето. Пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање, како што посочува Јанчев, покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер