Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ
1Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет
2Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ
3Српскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна Гора
МакедонијаНаскоро полицијата ќе прави и брз тест од плунка за дрога кај возачите По системот Безбеден град, МВР ќе ја зголемува безбедноста на сообраќајот и преку тестирање за дроги... За неколку дена треба да пристигнат нарачаните 10 илјади тестови кои во иднина ќе бидат распределени на полицајците на терен.Освен со дрегери за присуство на алкохол, полицајците на терен наскоро ќе прават и проверки за дрога со брзи тестови од плунка кај возачите. Набавени се 10 илјади парчиња кои во првата половина од август ќе стигнат до МВР, по што ќе следува мала обука на службениците кои во иднина во сообраќај ќе ги користат овие тестови по проценка. Тие кои ќе управуваат со возило под дејство на дрога и бидат фатени од полицијата, ќе одговараат за кривично дело по член 297а од КЗ - за безобзирно управување со моторно возило. „Тестирањето ќе се врши на местото каде што е сопрено возилото и ќе се врши контрола на возачот на проценка на полицискиот службеник. Тестовите се карактеризираат со висока прецизност. Вакви видови на тестови ќе се употребуваат прв пат. Тестирање се прави и сега со анализа на крв и урина.“ Адвокатот Јанаки Митровски во изјава за Канал 5 вели дека секој возач треба да е совесен во сообраќај бидејќи под дејство на супстанци се јавуваат проблеми со моториката, вниманието и рефлексите, но оценува дека во пракса ќе се јават дилеми во однос на канабисот. Смета дека нема да се разграничува возење под дејство на псхитропни супстанци и супстанци во организмот кои се задржале подолг период. „Психотропните супстанци за разлика од алкохолот многу подолго се задржуваат во организмот. Конкретно канабисот може и до 30 дена да се задржи. Од повеќе фактори тоа зависи- телесна тежина на управувачот, фрекфенција на конзумација, течности и храна.. Ова во пракса ќе создаде сериозни проблеми. Ова не е кафеанска логика, морам да реагирам на лаичката јавност, не е ова „сакаме да возиме под дејство на психотропни супстанци“ – секој совесен треба да знае дека тоа е за секаква осуда.“ Договорот за набавка Министерството за внатрешни работи го склучи со фирмата Визиомед Скопје, за вкупна сума од околу 5 милиони денари, или 80 илјади евра. Еден тест чини 218 денари, а во спецификациите пишува дека се зема за помалку од една минута, и резултатите се видливи за три до 10 минути. Ќе се детектираат повеќе видови на дроги, како ТХЦ, кокаин, амфетамин, метамфетамин, хероин, екстази и други психотропни супстанци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПредлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот совет Замената на консензусот со квалификуваното мнозинство на прв на тест пред Европскиот совет. Наспроти ставот на Каја Калас да не се билатерализира процесот на проширување, дел од членките повторно проблематизираат.. Нејасно е засега дали европските лидери ќе постигнат барем приближување на ставовите, но хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во случајот со Црна Гора на која и испорача список со осум услови се осврна на блокадите кон Македонија, од страна на Грција и Бугарија кои како што изјави на Македонија и одземаа 21 година Унгарскиот премиер Петар Маѓар пак се изјасни дека Украина не може да пројде на брза лента во ЕУ и до нејзиното членство како што изјави можни се 10 до 15 годиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери.Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во телевизиско гостување најави дека за случајот со Ива Михаилова земјава ќе разговара со своите меѓународни партнери, бидејќи, како што вели, наш партнер во НАТО станува прибежиште за осудени или лица против кои се водат судски постапки. Случајот со Михаилова и нејзиниот татко, рече Мицкоски може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да да ја избегнат правдата, бегајќи во Бугарија. -Не би сакал да верувам дека моменталното политичко водство кај нашиот источен сосед ќе биде алиби за осудени криминалци од државата да вадат бугарски пасоши и преку илегални премини да бегаат и да бараат прибежиште таму“кажа Мицкоски. Според премиерот, има политички сили кои очекуваа емотивна реакција од властите во Македонија во врска со случајот, но, напротив, рече тој, земјава реагира надвор од ваквите очекувања, повикувајќи на дијалог за изнаоѓање решенија за проблемите. Тој го повтори ставот што го кажа претходно во изјава за медиумите, дека Ива Михаилова и нејзиниот татко кога-тогаш ќе се соочат со правдата.Во однос на заминување на Михаилова во Бугарија, Мицкоски во интервјуто уште еднаш ги отфрли како невистинити тезите дека таа и нејзиниот адвокат ја поминале границата на регуларен граничен премин. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ рече дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија го гледа во контекст на претстојните претседателски избори во земјата, кои се закажани за 25 октомври, оценувајќи дека на политичките актери во Софија при секој изборен циклус им треба тема поврзана со Македонија што ќе доминира во јавниот дискурс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
БалканСрпскиот бизнисмен Давор Мацура вратен од аеродромот во Подгорица, врачено му е решение за забрана влез во Црна ГораСрпскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на „Алта пеј груп“ (Alta Pay Group), бил вратен од аеродромот во Подгорица, откако му било врачено решение со кое му се забранува влез во Црна Гора од причини поврзани со националната безбедност. Ова за црногорскиот весник „Вијести“ го потврдиле неколку независни извори. Мацура е поранешен сопственик на ланец менувачници, чиј деловен подем, според неделникот „Радар“, се совпаднал со доаѓањето на власт на Српската напредна странка. Овој медиум објави дека неговата компанија „Алта пеј груп“ за пет години остварила нето-добивка од 59 милиони евра. Мацура е и претседател на Управниот одбор на „Алта банка“, а неговите деловни активности опфаќаат финансиски сектор и недвижности. Неговата компанија „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent) го купи имотот на поранешната Индустрија за мотори и трактори (ИМТ) во Нов Белград за 70 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook