Направен е фоторобот: Како ќе изгледаат оние кои работат од дома по 25 години (ФОТО)

Поради пандемијата на коронавирус, милиони луѓе беа принудени да работат од дома.

Иако работењето од дома носи многу придобивки, како што е можноста за работа и гледање серии во исто време, или да заштедите пари на гориво или јавен превоз, тоа исто така предизвикува некои негативни последици, пишува Metro.

Експертите од DirectlyApply создадоа фото-робот кој треба да покаже како по 25 години ќе изгледа личност која работела од дома скоро целиот свој живот.

Фото-роботот го доби името Сузан, а таа изгледа прилично застрашувачки. Нејзината состојба ги одразува последиците што изолацијата може да ги остави врз телото. Уморен изглед, прекумерна телесна тежина, сува кожа, крвави очи, црвенило и заматен вид се некои од карактеристиките на Сузан.

Експертите предупредуваат дека оваа состојба може да доведе до губење на видот и косата, појава на темни кругови под очите, задебелување на вратот, а исто така и до нарушувања на менталната состојба, пред се, акумулација на стрес.

За да се избегне ова, неопходно е да се излезе на свеж воздух колку што е можно повеќе и да не се поминува толку многу време пред екраните.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер