Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаНајстудено во Берово, Лазарополе и Попова Шапка, најмногу дожд во КрушевоУтрово било најстудено во Берово, Лазарополе и Попова Шапка. Денес не очекува променливо облачно време со сончеви периоди.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС) 4 Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 6 Kрушево, Mаврови Анови, 7 Крива Паланка, 8 Охрид, Битола, 9 Скопје-Петровец, Тетово, Претор, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, 11 Штип, Виница, Гевгелија, 12 Струмица, 13 Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 2 Крушево, Попова Шапка, 1 Тетово, Лазарополе. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧестите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак. Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки. Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата. Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“. Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„ТЕСА енерџи“ пушти во употреба нови капацитети за електрична и топлинска енергија во СкопјеПуштена во употреба новата когенеративна постројка.Пуштена во употреба новата когенеративна постројка, компанијата ТЕСА енерџи со инвестиција од 2, 5 милиони евра со производство на 2,1 мегават електрична енергија и 2, 6 топлинска енергија на местото на поранешната Топлана Скопје Север официјално ја пушти во употреба. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Секој нов енергетски капацитет има значење многу пошироко од самата инвестиција, бидејќи придонесува кон создавање посигурен, постабилен и помодерен енергетски систем, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Когенеративната централа значи дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни претстојат оваа зима, потенцира Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судирТатко и неговиот 17-годишен син загинаа во тешката сообраќајка што ноќеска се случила на локалниот пат Илинден–Миладиновци, кај базата Брест. Несреќата се случила околу 2 часот и 10 минути, кога се судриле „опел корса“, управуван од 19-годишник од Агино Село, и „хјундаи“, управуван од 51-годишен жител на Марино. На местото на несреќата починале возачот на „хјундаито“ и неговиот 17-годишен син а 17 годишната сопатничка со тешки повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Тешко се повредени и возачот на „опел корсата“, неговиот 19-годишен сопатник, На местото е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата. Ова не е првпат на локалниот пат Илинден–Миладиновци да има тешки сообраќајки. Во 2017 година на истиот пат загина 19-годишен возач, а во 2019 година едно лице беше тешко повредено. Последната трагедија кај базата Брест повторно го отвора прашањето за безбедноста на овој пат. Безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Илинден не е нов проблем. Уште во 2024 година од општината беше посочено дека е потребно поголемо полициско присуство поради состојбата во сообраќајот. По синожешната сообраќајка со смртни последици, надлежните треба да утврдат како дошло до директниот судир, а обдукцијата и истрагата треба да ги дадат одговорите за околностите под кои загинаа татко и неговиот 17-годишен син. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter