Најстрашна сообраќајка годинава во САД (ФОТО)

Една од најстрашните сообраќајни несреќи во САД годинава се случи во државата Охајо .

Причина за несреќата е снегот и лизгавиот автопат , на кој се излизгал автомобил и завршил целосно згмечен странично од кабината на камионот.

Несреќата се случила во округот Кларк , а локалните пожарникари објавија фотографии со коментар дека и тие не можеле да поверуваат дека може да се случи таква несреќа.

Автомобилот Шевролет Круз е смачкан , но за среќа возачот поминал само со полесни повреди.

ССМ ја објави минималната синдикална кошничка за мај- 60 090 денари се потребни за да се помине

Втор месец по ред, минималната синдикална кошничка ја надминува психолошката граница од 60 000 денари. 

Иако споредбено со месец април, во мај таа се намалила и тоа за само 122 денари, сепак на едно четири члено семејство за да го преживее месецот му се потребни 60 090 денари. А со изнајмен стан од 60 квадрати, пак на едно семејство месечно трошоците му се зголемуваат за околу 15 илјади денари.

Според пресметките на ССМ намалување на трошоците во мај граѓаните имале кај: хигиенските материјали, транспортот, храната и пијалаците - кои за еден месец според пресметките се намалени за 511 денари. Минимално зголемување на цените има кај трошоците за комуникации, здравје, образование. А исти останале трошиците за вода, струја, греење.

Дел од граѓаните кои ги анектиравме велат се е поскапено, но мора да се преживее, секое пазарење велат е се поскромно. Некој пак сметаат дека ваквите пресметки не се добри и со нив само се созадава паника.

„Какви и да се мора да јадеме. Дигаат паника малце, помалце е... иначе мора да се јаде...“

„Многу тешко многу тешко, јас и сопругот сме пензионери не се малку ама тешко...Еве на пазар бев сега, вчера шатлиџанот беше 80 денес е 70 ако тоа нешто значи, друго нема овошјето е доста скапо.“

„Мали пензии, високи цени.... и стално има покачување, по 5 по 10 денари...

„Тешко за преживување. Нема се да земеме, еве влеговме, не можеме се да земем, нешто земавме, нешто само погледнавме и тоа.. “

Од јануари до сега минималната синдикална кошничка е зголемена за речиси 50 евра. Дел од основните прехрамбени производи откако беше укината мерката замрзнати цени нагло скокнаа.

Изминатиов месец, граѓаните се пожалија и на високи цени на овошјето и зеленчукот, а од пекарската индустрија ја анализираат состојбата на Блискиот Исток и војната во Украина, како причини кои би можеле да влијаат и на цената лебот.

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

Палевски се очекува да биде донесен пред судија на претходна постапка

Во секој момент се очекува пред судија на претходна постапка во Кривичнииот суд да биде донесен од затворот во Шутка, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеновска.

Бети се очекува Палевски да се изјасни за притворот кој му беше одреден во отсуство?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер