Најлутиот ривал за роденденот на Мустанг му испрати торта (ВИДЕО)

Најлутиот ривал на Форд , Шевролет , со торта му го честита 55 . роденден на најпродаваниот американски спортски автомобил.

Форд Мустанг , иако наполни 55 години , се уште е најпродаван спортски автомобил во САД.

Од најлутиот ривал , Џенерал Моторс , пристигна роденденска честитка објавена на нивниот сајт. Од Шевролет со торта му го честитаа роденденот на Мустанг.

Овој автомобил е прв пат претставен на 17 април 1964 , а годишно од него се продаваат во просек по половина милион примероци. Минатата година беше продаден 10 – милионитиот примерок.

Арсовски: Како фризерницата која била петта на ранг листата го добила проектот

Крајно сомнителен е начинот на доделување на грантови во Националната агенција од страна на Лидија Димова.

Повеќе од десет дена бараме објавување од страна на агенцијата на ранг листите на проектите од ЕРАЗМУС + програмата, но директорката Лидија Димова ги криеше.

Денеска можеме да видиме низ медиумите дека еден од проектите доделен на фризерницата ВЕЗ Трејд бил доделен на сомнителен начин, не бил во првите три рангирани, со што претходните биле одбиени, а проектот на фризерницата подоцна бил прифатен од страна на евалуционата комисија.

Што е тука сомнително?

Првите два рангирани проекти се одбиени, а следен кој бил одобрен е третиот проект на братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, проектот познат во јавноста за избери сирење, во вредност од над 125.000 евра за кој говоревме во нашите прес конференции претходно.

Одобрен е и проектот на фризерницата ВЕЗ Трејд, на пријателот на Лидија Димова, кој што може да се видат заедно во кафеана на фотографии, кои има можеби најмалку бодови доделени од страната на евалуаторите, но сепак од комисијата бил одобрен иако според одредени членови во Законот пропишани имало судир на интереси од страна на ВЕЗ Трејд со вработена во Националната агенција. Најверојатно ова не го препознале во агенцијата или не сакале да го препознаат.

Од друга страна проект кој има 80 бодови, односно два бода повеќе од проектот на фризерницата, не е одобрен и е одбиен под образложение дека има судир на интереси, за што истата организација тврди дека не е точно и веќе има поднесено правни тужби до Управен суд и правна претставка до Брисел.

Ова беше причината за која јавно баравме да бидат објавени рангирањата на проектите, а Лидија Димова свесно ги криеше бидејќи најверојатно имало сомнителни чекори во доделувањето.

Лицемерно е доколку Лидија Димова биде само променета од позицијата, туку треба да биде извршена и истрага и нормално на крај доколку се утврдат неправилности за кои што веќе се гледа дека постојат, да одговара и кривично.

Ова е еден од стотиците скандали и криминални сомнежи во функционирањето на Владата на СДСМ, а Вилма Русковска и Љубомир Јовевски сепак спијат и не сакаат да ги видат.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Дрекслмајер" донираше над илјада визири за медицински лица од неколку општини

 „Дрекслмајер" донираше над 1000 сертифицирани заштитни визири за тие кои секојдневно се наоѓаат во првитередови и се грижат за здравјето на граѓаните, информираа денеска од германската компанија која работи во Кавадарци.

– Над илјада визири се донирани на медицинскиот персонал во Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетна заштита за лице, што „Дрекслмајер" ја произведува во сопствената фабрика во Браунау, Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции во дизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде свој придонес во борбата против коронавирусот, соопштија од фабриката која вработува над шест илјади работници од неколку општини.

Лукас Мирингер, директор на „Дрекслмајер" во Кавадарци, се заблагодари на целиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија

– Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето на пациентите заболени од Ковид-19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитната опрема што ја дониравме на четирите болници, сакаме да изразиме благодарност за нивната посветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување со коронавирусот, рече Мирингер.

Во април годинава, на почетокот на здравствената криза компанијата исто така донираше комплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес. На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Диме Коцев истакна дека визирите овозможуваат дополнително да го заштитат медицинскиот персонал.

– Драго ми е што од „Дрекслмајер" се секогаш подготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции, додаде Коцев.

Од компанијата апелираат до сите граѓани да се однесуваат одговорно.

-Придржувајќи се до пропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување на ширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници во нивната секојдневна битка за здравјето на пациентите, додадоа од германската фабрика, која е најголем работодавач во државава.

Повторно одложен саемот за автомобили во Њујорк

Коронавирусот повторно создава проблеми за њујоршкиот саем за автомобили.

Саемот за автомобили во Њујорк беше планиран за периодот помеѓу 10 и 19 април 2020 годна, но поради пандемијата со коронавирусот е одложен за периодот меѓу 28 август и 6 септември, но тоа ни тоа не се случи.

Наредниот датум кој се споменуваше беше 11 април 2021 година, но и тоа се промени, за август месец 2021 година, најавија организаторите.

Електричните возила ќе бидат главна содржина на саемот во Њујорк, а ќе има и тест трака специјално наменета за електрични возила.

притисни ентер