Најава за пресврт: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, иако не сака да се вакцинира - Канал 5

Најава за пресврт: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, иако не сака да се вакцинира

До денеска се чинеше, а и според сите најави, дека Новак Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната.

Најава за пресврт: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, иако не сака да се вакцинира

Сепак, денеска дојде до пресврт, поради што има шанса да се види еден од најдобрите тенисери на сите времиња на престижниот турнир.

Имено, денеска ЦДЦ, телото кое управува со здравствените мерки во Соединетите Американски Држави, најави укинување на многу ограничувања поврзани со коронавирусот. Најголемата промена треба да биде тоа што од денеска и оние кои не се вакцинирани и оние кои се, ќе бидат исто третирани.

ЦДЦ допрва треба официјално да ги ажурира своите упатства за патување и влез за странски државјани, но таа одлука е во фаза на разгледување и се очекува да биде во согласност со најновите упатства и промени кои се однесуваат на граѓаните на САД.

Така, Ѓоковиќ има можност да игра на УС Опен, бидејќи во случај на позитивна одлука, би можел да влезе во САД без вакцинација, а неговото учество на турнирот во Њујорк потоа ќе зависи од одлуката на организаторите, пишува Еуроспорт. УС Опен започнува на 29 август, а Ѓоковиќ неодамна го освои Вимблдон и на тој начин стигна до 21. Грен слем титула во кариерата.

Ѓоковиќ е најпознатиот антиваксер во светот. Поради ова, не му беше дозволено ниту да настапи на Австралија опен, турнирот кој го има освоено најмногу пати во историјата. Тој неодамна објави видео од својот тренинг и напиша дека се подготвува како да оди на УС Опен.

„Само сакам да ја искористам приликата да споделам со вас колку ми значи вашата поддршка и љубов што ми ја испраќате овие денови. Не го очекував во толкава количина и затоа мојата благодарност е уште поголема! Навистина, од дното на моето срце, големо БЛАГОДАРАМ.

За мене е голема чест што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на терените ширум светот. Продолжувам да се подготвувам и тренирам како да ќе се натпреварувам додека чекам одговор за можноста да патувам во Америка. Ви благодарам и чувајте ги прстите“, напиша Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Низа неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места..

Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба.

Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор.

Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

 Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си и Трамп денес разговараат за царините, ретките минерали и ВИ пред истекот на трговското примирје

Претседателот на САД Доналд Трамп го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг со прелет на воени авиони и со црвен тепих долг 30 метри на почетокот на нивниот тридневен самит во Вашингтон.

Си и Трамп денес разговараат за царините, ретките минерали и ВИ пред истекот на трговското примирје

Си Џинпинг денес влегува во Белата куќа на разговори со Доналд Трамп во момент кога на САД и Кина им остануваат помалку од седум недели да решат што ќе се случи со дел од привремено суспендираните царини и трговски ограничувања. Кинескиот претседател пристигна во САД во средата, а официјалната државна посета трае од 23 до 25 септември. Белата куќа потврди дека денес е предвидена церемонијата на пречек и разговорите меѓу двајцата претседатели.

На масата се неколку прашања што директно влијаат врз светските синџири на снабдување: царините, кинескиот извоз на ретки минерали и магнети, американските ограничувања за напредна технологија и чипови, земјоделската трговија и вештачката интелигенција. Reuters наведува дека пазарите особено ќе следат дали ќе има продолжување или промена на трговските аранжмани што истекуваат на 10 ноември. Меѓу нив е суспензијата на американската дополнителна царина од 24 проценти за кинески производи и поврзаните кинески контрамерки. Кинеското Министерство за трговија потврдува дека до истиот датум се суспендирани и дел од претходно најавените извозни контроли. Тоа не значи дека на 10 ноември исчезнуваат сите други царини меѓу двете економии.

Ретките минерали се можеби најчувствителната економска точка. Кина контролира до 70 проценти од светското ископување ретки земни елементи, околу 85 проценти од капацитетите за нивно преработување и приближно 90 проценти од производството на легури и магнети, според податоци на AlixPartners што ги пренесува Reuters. Таквите магнети се вградуваат во електрични и класични автомобили, индустриски мотори, електроника, ветерни турбини, воздухопловна и медицинска опрема и низа високотехнолошки производи. Вашингтон бара посигурен пристап до овие материјали, додека Пекинг бара олеснување или дополнително одложување на американските технолошки ограничувања кон кинески компании.

ВИ влегува во преговорите

Вештачката интелигенција е нов елемент во денешните разговори. Американскиот министер за финансии Скот Бесент по подготвителните преговори со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг соопшти дека Вашингтон предложил механизам преку кој двете држави би се известувале за сериозни инциденти со ВИ што можат да достигнат ниво на закана за националната безбедност. Според AP, идејата е да се зголеми транспарентноста меѓу двете најголеми сили во развојот на ВИ. Тоа засега е предлог и тема на разговор, а не постигнат договор. Истовремено, двете страни разговараат и за намалување на царините за одредени „нечувствителни“ производи, меѓу кои може да има земјоделски производи, стоки за широка потрошувачка, енергетски производи и медицинска опрема.

Економијата, сепак, не е единствената точка. Тајван останува едно од најчувствителните политички и безбедносни прашања. Според извори на Reuters запознаени со кинеската позиција, Си се очекува повторно да го отвори прашањето за американската продажба на оружје на Тајван.

Американската администрација, пак, јавно не најави промена на долгогодишната американска политика кон островот. Затоа секое соопштение по средбата ќе треба внимателно да се чита за да се разликува дали станува збор за конкретна промена, политичка изјава или само продолжување на разговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер