СветНајамлку седум војници убиени во бомбашки напад во северозападен ПакистанБомбаши-самоубијци со автомобил полн со експлозив денеска удриле во пакистански воен контролен пункт, убивајќи најмалку седум војници, соопштија властите во Пакистан.Нападот се случил во северозападниот пакистански регион Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан, кој долго време служеше како штаб на исламистичките милитанти поврзани со Ал Каеда и нивните сојузници Талибанците, пренесува ДПА. Во оружената пресметка што следела по бомбашкиот напад, убиени се најмалку шест напаѓачи Пакистанаската армија соопшти дека бомбаш самоубиец прво се разнел на влезот на контролниот пункт пред друг да удри во капијата со автомобил. Досега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот. Северозападниот регион на Пакистан што ја дели границата со Авганистан бележи постојан пораст на насилството предизвикано од милитантите откако авганистанските талибанци го презедоа Авганистан во 2021 година. Повеќе од 80.000 Пакистанци се убиени во бомбашки напади извршени од исламистички милитанти, од нападите во САД на 11 септември во 2001 година./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСТОП ЗА УСЈЕ - Протестна блокада на 1 декември во СкопјеГраѓаните повторно на улица, протестна блокада на раскрсницата кај Црвен крст на 1 декември .Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повикува на протестна блокада во вторник, 1 декември, со почеток во 17:30 часот, на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопје. По повеќе од една година институционално одложување и отсуство на конкретни решенија, граѓаните повторно излегуваат на улица за да побараат функционален надзор над индустриското загадување, транспарентност и одговорност од надлежните институции. Министерството за животна средина и просторно планирање сè уште нема објавено ниту драфт-верзија на новата А-интегрирана еколошка дозвола за „Титан Усје“, ниту најава за јавна расправа. Во исто време, остануваат неодговорени и системските барања за подобра контрола на индустриските загадувачи. Меѓу клучните барања на граѓаните се: ● Активирање на државна акредитирана лабораторија за независна контрола. Пред шест месеци, министерот Хоџа изјави дека лабораторијата е целосно опремена и дека за нејзина акредитација недостига уште еден обучен вработен. Шест месеци подоцна, таа сè уште не функционира. ● Усогласување на алармните прагови за активирање мерки со препораките на Светската здравствена организација, со цел навремена заштита на здравјето на граѓаните. ● 24-часовно јавно објавување на емисиите од сите инсталации со А интегрирана дозвола. Досега не е поставена ниту една нова државна мерна станица, ниту на индустриските загадувачи им е наложено јавно да ги објавуваат податоците од мерењата. Дополнително, загрижува и начинот на кој функционира Државниот инспекторат за животна средина. Формалните инспекциски контроли, без континуирани реални мерења и конкретни корективни мерки, не обезбедуваат ефикасна заштита на граѓаните. Новата А-интегрирана дозвола за „Титан Усје“ претставува важен тест за тоа дали државата ќе ги примени европските еколошки стандарди и ќе воспостави правила што ќе важат за сите индустриски загадувачи. Не бараме уште едно ветување. Бараме институционална одговорност, функционален надзор и конкретни мерки. Затоа, ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестната блокада: �� РАСКРСНИЦА КАЈ ЦРВЕН КРСТ НА Р. МАКЕДОНИЈА �� ВТОРНИК, 1 ДЕКЕМВРИ 2026 �� 17:30 ЧАСОТ Со почит, Стоп за УсјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКарлеуша повторно остана без профил на ИнстаграмПопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша најави дека ќе поднесе тужба против „Мета“ откако нејзиниот профил на „Инстаграм“ повторно ѝ беше изгаснат. При доаѓањето на снимањето на телевизиско шоу – видно незадоволна што овој проблем, како што тврди таа, се повторува на секои 15-тина дена – таа изјави дека трпението ѝ е при крај. Исто така, откри дека веќе стапила во контакт со адвокати во Германија. Според порталот „Српскаинфо“, повикувајќи се на „Пинк.рс“ (Pink.rs), пејачката смета дека нејзините права на оваа платформа се сериозно прекршени. „Ова е приказна што се повторува на секои две недели... Мислам дека дефинитивно ќе морам да поднесам сериозна тужба против ’Мета‘; тоа е мојот нов правен чекор во борбата за моите права, кои се грубо прекршени. Оставете ми мене да го решам ова на свој начин“, изјави Карлеуша. Зборувајќи за тоа зошто не одлучила порано да поднесе тужба, таа објасни дека Инстаграм не ѝ бил главен приоритет, но дека моменталната ситуација ги надминала сите граници. – Генерално, Инстаграм не ми е главна преокупација, но ова сега веќе не е ни само безобразно, туку е и смешно. Контактирав сериозна германска адвокатска канцеларија, па ќе видиме до каде ќе отиде работата – изјави Карлеуша. Овој пат, нејзиниот профил под името „JKentertainmentt“, кој го отвори неодамна, беше затворен. Засега не се знае што точно довело до деактивирање на нејзиниот последен профил. Проблемите на пејачката со оваа социјална мрежа започнаа на почетокот на 2025 година, кога беше затворен нејзиниот главен профил, кој имаше повеќе од 2,4 милиони следбеници. Откако повеќе од еден месец немала пристап до својата сметка, во март истата година, таа се нашла во ситуација во која – според правилата на „Мета“ – нејзиниот профил бил пред трајно бришење. Иако во меѓувреме отворила нова сметка, во јуни минатата година накратко се вратила на својот стар профил; сепак, до почетокот на јули, тој повторно бил исклучен – наводно поради голем број пријави, конкретно од ботови. Потоа, на својот роденден, 17 август, Карлеуша отворила нов профил. Сега, по исклучувањето на сметката „JKentertainmentt“, таа најавува правна битка против технолошкиот гигант.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
ТенисЈаник Синер официјално се повлекува од Австралија Опен, го чека голем пад на АТПИталијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на Австралија Опен, објавија организаторите. Синер нема да игра на првиот Гренд слем турнир во 2027 година, бидејќи се опоравува од неодамнешната операција на десното колено. „Редовно сме во контакт со тимот на Јаник Синер и тие потврдија дека тој нема да биде со нас на Австралија Опен во јануари по неговата неодамнешна операција. Јаник обожава да се натпреварува тука во Мелбурн и со нетрпение очекува да се врати на Австралија Опен во 2028 година. Му посакуваме се најдобро во закрепнувањето и со нетрпение очекуваме наскоро да го видиме повторно на теренот“, изјави за АП извршниот директор на Тенис Австралија, Ендру Абдо. Иако има заштитен ранкинг кој му овозможува задржување на местот во главните ждрепки на најголемите турнири, тој ќе продолжи да паѓа и да губи поени на АТП листата. Тој веќе е на второто место зад Саша Зверев, а бидејќи има 7.950 поени, само прашање на денови е кога ќе му го препушти второто место на Алкараз. Минатата сезона, тој доби 800 поени за полуфиналето на Австралија Опен, потоа во Доха доби уште 100 за четвртфиналето, а ги освои Индијан Велс и Мајами. Тоа се вкупно 2.900 поени што сигурно ќе ги изгуби на почетокот на следната година и ќе изнесуваат околу 5.000 поени. Знаеме дека Бен Шелтон би можел да го стигне со неговиот моментален резултат, а Даниил Медведев не е далеку зад него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37