Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураНаграда за животно дело за Виктор Шеќеровски македонскиот писател и поет од БелградПисателот и поет Виктор Шеќеровски, кој има македонско потекло, а живее и работи во Белград, Р.Србија, доби награда за животно дело од Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер-Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.Следејќи ги древните македонски световни традиции, деветтата поетска манифестација која се одржа во духовно светилиште, црквата Пресвета Богородица Перивлепта во Охрид, од пристигнатите 154 поетски творби, од кои 111 од македонски автори вклучувајќи ги младите поети и поетите од македонската дијаспора, како и 43 странски автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Српска (БИХ) и Косово, наградите за животно дело оваа година ги додели на македонскиот книжевник од Србија-Виктор Шеќероски и на Паско Кузман познат македонски, балкански, европски и светски археолог, поет и публицист. Прва награда за македонски поети од Дијаспора ја доби Ангелина Бачева Орбовиќ од Белград, додека Втора награда на странски поети ја доби Весна Стојкоска од Белград. Вероника Саздовска доби награда за млади поети, додека Љиљана Тричковиќ доби признание од поетска манифестација „Охридски поетски бисер-Охрид“. - За нас, македонскиот јазик, почитувајќи ги сите светски јазици, е и ќе остане наш корен, наш стожер, наша духовност, наша опстојба и водилка кон иднината на идните македонски генерации, порача на доделување на наградите Мирко Томовски, претседател на Здружението за литература и култура Охридски поетски бисер Охрид. Виктор Шеќеровски е најпознатиот македонски поет и писател во Србија, кој со децении живее и твори во Белград, есеист, преведувач, еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик, култура и лингвистика во Србија, автор на повеќе книжевни дела и поетски збирки, кои ги твори на двата јазици-и на македонски и на српски јазик. Член е на Друштвото на писателите на Србија и Македонија. Беше оснивач и уредник во НИУМИЦ од Панчево-институција задолжена при Национаниот совет на македонците во Србија за издавање на списанија и книги на македонски јазик, беше уредник на списанието Македонска виделина, како и уредник на списанието за литература, култура и уметност ВИДЕЛО. Добитник е на повеќе српски и македонски книжевни награди./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во ТурцијаПовеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на АнталијаИлјадници луѓе се собраа во Анталија, местото на годишната конференција на ОН за климатските промени COP31, за да протестираат против собирот за кој велат дека ги игнорира барањата на „вистинските жртви на климатската криза“, јавуваат новинарите на АФП. Свикани од неколку невладини организации за животна средина и човекови права, синдикати и политички партии, повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија, според проценките на полицијата. Yaşamı ve dünyayı kurtarmanın tek yolu, bu sömürü düzenine karşı sınıfsal bir dayanışma örmektir. ✊ Sermaye değil yaşam, kâr değil adalet! #COP31 #İklimAdaleti #SınıfsalKriz #Sokaktayız https://t.co/aCJQCo5uoX — Emek Partisi / Antalya (@antalyaemep) November 14, 2026 „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат“ „Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат на COP“, се пожали Халиме Саман од платформата на Народниот климатски самит, која организира алтернативна конференција заедно со COP31, каде што претставници на речиси 200 земји дискутираат за решенија за климатските промени. „Турција е копретседател на COP31, но сè уште нема план да се откаже од фосилните горива. Се отвораат нови термоцентрали и рудници за јаглен. Тие ја имаат крвта од маслиновите дрвја масакрирани во Акбелен на своите раце“, рече таа, осврнувајќи се на шума во југозападна Турција која стана симбол на борбата против проширувањето на рудниците за јаглен. „Компаниите што предизвикуваат уништување на животната средина во Турција се меѓу спонзорите на COP31. Сакаме да ги симнеме овие маски“, додаде Саман. Активист пешачел речиси 600 километри за да учествува во протестот Активистот Јашар Гокоглу, 78, пешачел речиси 600 километри од Адана, во јужна Турција, за да учествува на алтернативниот самит и протест. Неговиот роден град стана една од главните дестинации за пластичен отпад увезен од Европската Унија, што придонесува за загадувањето на Средоземното Море и земјоделското земјиште. „Адана се наоѓа на најплодната земја во светот, но се соочува со безброј опасности: електрани на јаглен и нови петрохемиски проекти. Но, ние сме тука пред сè за да кажеме не на увозот на пластичен отпад“, објасни тој. „Фарса спонзорирана од монополи“ Ѓокоглу не очекува ништо од конференцијата COP31, која ја нарекува „фарса спонзорирана од монополи“. „Ние сме вистинските жртви на климатската криза. За разлика од COP31, од кој знаеме дека ништо нема да произлезе, ние ќе издадеме своја завршна декларација“, рече тој. Извор: Индекс.хрТагови: турција COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦВо организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“. За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. „Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ. Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.Тагови: Мал формат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter