Орбан го повика Зеленски да ја разгледа можноста за брз прекин на огнот во Украина

Орбан рече и дека Унгарија би сакала да има многу подобри билатерални односи со Украина и дека неговата земја е подготвена да учествува во модернизацијата на украинската економија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Киев да ја разгледа можноста за брз прекин на огнот, што би можело да ги забрза мировните преговори, изјави унгарскиот премиер на заедничката прес-конференција со украинскиот лидер.

Орбан рече и дека Унгарија би сакала да има многу подобри билатерални односи со Украина и дека неговата земја е подготвена да учествува во модернизацијата на украинската економија.

Унгарскиот премиер додаде дека Унгарија ги цени украинските мировни иницијативи, но го повика Зеленски да работи на прекин на огнот што ќе ги овозможи мировните преговори.

Орбан, исто така, посочи дека би сакал да ги подобри односите со Украина и да потпише широк договор за билатерална соработка.

Од своја страна, Зеленски на својот унгарски гостин му ја истакнал важноста на праведен мир во Украина.

Украинскиот претседател на заедничката прес-конференција рече дека посетата на унгарскиот лидер ги илустрира заедничките европски приоритети и колку е важно да се постигне праведен мир во Украина и во цела Европа.

Зеленски, исто така, побара од унгарскиот премиер Орбан, кој во минатото ја блокираше исплатата на помошта на Европската унија за Киев, да ја задржи европската воена помош за Украина.

-За сите нас во Европа, исто така е многу важно европската поддршка за Украина да остане на доволно ниво, вклучително и нашата заштита од рускиот терор, рече Зеленски на прес-конференцијата за време на посетата на Киев на унгарскиот премиер, познат по неговата блискост со Москва, чија земја вчера го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ. /МИА

Пукотница во Софија: Лихвар убиен пред неговата канцеларија,двајца застрелани се борат за живот

Едно лице загина, а две се повредени во престрелката што се случи денеска во Софија, јавуваат бугарските медиуми.

Жртвата, која се занимавала со лихварство, била нападната пред неговата канцеларија, а на пукањето ѝ претходела расправија, пишува Новините.

Според Димитар Кангаљиев, главен секретар на МВР, починатиот имал криминално досие со 11 различни кривични дела, меѓу кои и кражби и нанесување телесни повреди.

Првичните информации укажуваат дека жртвата поседувала легално огнено оружје, но засега нема информации за оружјето на насилникот.

Директорот на софиската полиција Љубомир Николов откри дека жртвата и напаѓачот се познавале и имале богата криминална историја.

И покрај пресметката, никој не побегнал од местото на злосторството.

Во 15.01 часот Брза помош примила повик и испратила три возила.

Починатиот на возраст од околу 45-46 години на лице место им подлегнал на повредите.

Други две лица се здобиле со прострелни рани - едното, 22-годишно, се здобило со повреди на градниот кош и на ногата и е пренесено во болницата Пирогов, додека другиот на возраст од 30 години е застрелан во бутот и му е укажана лекарска помош во Здравствен дом.

Нивната состојба е сериозна.

Истрагата за инцидентот е во тек, а се работи на откривање на сведоци и собирање дополнителни докази за утврдување на мотивот за тепачката.

Насилниците кои учествувале во престрелката се уапсени, а на местото на злосторството биле пронајдени две огнени оружја.

Новиот Масерати нема тркала, но и натаму е прекрасен (ФОТО)

Новото Maserati нема тркала, но сепак е прекрасно.

Влегувањето на Maserati во ерата на електрична енергија пристигна нешто подоцна, но судејќи според критиките на оние кои ги пробаа неговите „тивки“ модели, тоа беше добро направено. Верзијата Folgore собра пофалби не само за дизајнот, туку и за електричниот погон.

Сега сличен рецепт е применет и на луксузен чамец. Станува збор за моделот Tridente, изграден од американските Hodgon Yachts. Бродот обложен со карбон е долг 34,4 стапки (10,5 m) и може да прими 10 патници вклучувајќи го и возачот.

Она што го прави овој глисер посебен покрај навистина прекрасниот дизајн (и боја) е и погонот. Електричниот погон го испорачува Vita Power и нуди 600 КС, што е помалку од копнениот колега. Сепак, тоа е доволно за брзина на крстарење од 25 јазли и максимални 42 јазли.

Батеријата е огромна, со капацитет од 252 kWh, но во Maserati гарантираат полнење за помалку од 60 минути. Звучи одлично, особено за ентузијасти за еднодневни патувања.

Единствена пречка би можела да биде цената која започнува од 2,5 милиони евра.

Сиљаноска Давкова: Многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, за Грција не знам

Барам разбирање. Го имаме Преспанскиот договор. Се смени Уставот, сменивме документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме, но кога во Договорот има две страни, треба и другата страна да покаже кооперативност. 

Јажето има два краја и обично двајца го влечат. Ние мислам дека многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, реализиравме обврски дури и пред да истечат роковите, но не сум сигурна дека Грција тоа го стори, таму ќе видите „Скопиа“, „фиром“, но не и Северна Македонија, рече вечерва претседателката Гордана Сиљаноска Давкова.

Во гостувањето на „Само интервју“, таа непомена дека тоа што го кажа Коцијас држи - Грција имаше посебна обврска да ја потсетува ЕУ, тие во Советот и Комисијата, дека треба да отвориме поглавја за примената на Преспанскиот договор, зашто со неа го склучивме Договорот.

Додаде и дека Грција или ЕУ треба да ја советува Бугарија, зашто се тврди дека нема преговори за историја, култура, наследство и јазик, а ние, како што рече, токму тоа го правиме во историските комисии.

Во врска со тоа што на заклетвата за шеф на државата не кажа Северна Македонија, Сиљаноска Давкова нагласи дека не терала инает, ниту сакала некого да нервира, туку се однесувала сократовски. Потсети и дека во Изборниот законик името не е сменето, а дали грчката амбасадорка ја напуштила инаугурацијата, не забележала, зашто, како што потенцира, била преокупирана со чинот и воопшто не размислувала кој е на галеријата.

-Името е најголемиот идентитетски знак и тоа излезе од мене. Знам што е право, но кога се пее химна луѓето плачат, држат раце на срце. Со името е нешто слично. Не разбирам како некои не сфаќаат дека со некои нешта не може да се биде рационален, има некоја нераскинлива врска меѓу срцето и умот и јас тоа го изговарам. Не сакам некого да нервирам, тоа е дел од мојот хабитус. Ако 60 години секогаш било Република Мкалепднија, тоа е тоа, не дека терам инает, се однесував сократовски. Во Изборниот законик името не е сменето, си пишува Република Македонија. Заклетвата е таму точно наведена, името е Република Македонија. Сакав да покажам дека придавка е придавка, а дека она што е суштинско е Македонија. Сакав да се држам до Преспанскиот договор чиј член 7, став 3 објаснува кога може да се употеби името Македонија, а тогаш е логична и придавката. Можеби за тоа придонесе фактот што претседателот на Собранието во неполни неколку минути 25 пати го употреби изразот Северна. Не ми е јасна таа логика, рече Сиљаноска Давкова, укажувајќи дека во многу земји заклетвите се напишани со употреба на зборот „република“, како во Франција, а не со името на државата.

Претседателката уште еднаш кажа дека не го крши Преспанскиот договор.

-Деновиве слушам дека мора да се почитуваат двата договора, Преспанскиот договор јас не го кршам, во него пишува дека ние докуметите треба да ги смениме ама и по отворањето на првото и другите поглавја. Кој отвора поглавје, кој одлучува за тоа? ЕУ. Дали тоа некој го кажа? Требаше да го каже Грција. Не само што не отворивме поглевје, туку сега треба да го смениме Уставот за да почнеме преговори. Во ниту еден член во Договорот со Бугарија не пишува дека ние треба да го менуваме Уставот. На Макрон му реков дека му е извонредна филозофската теза за ЕУ, но филзоофијата не може да биде без принципи и вредости. ЕУ во самите договори предвидела санкции ако некоја членка ги крши темелните вредности и принципи. Без темелни вредности нема ЕУ како филозофија на демократија, подвлече Сиљаноска Давкова.

Таа е децидна дека со премиерот Христијан Мицкоски не го толкуваат различно Преспанскиот договор.

Во Швајцарија на средбата со Мицотакис, рекла дека очекува двете земји да се однесуваат добрососедски, а изјавата на Нимиц дека треба да бидеме горди на новото име, и создала конфузија.

-Нимиц ми создаде конфузија со изјавата. Да речете некому да го прави горд името што не го избрал сам, зашто референдумот не беше успешен, мислам дека е неетички, истакна Сиљаноска Давкова.

На прашањето дали во следните пет години нема да го каже името Северна Македонија, Сиљаноска Давкова нагласи: Сите знаете дека сум претседателка на оваа држава која во Уставот се вика така, зошто тоа да го повторувам? Зарем нашите грчки колеги постојано велат Хеленска репунблика? Не. Ги почитувам договорите. Не е точно дека ние ги кршиме, туку некој друг ги крши, заклучи Сиљаноска Давкова.

притисни ентер