Над 600 мигранти приведени по престрелка меѓу две групи кај Хоргош

Повеќе од 600 илегални мигранти се приведени во областа Хоргош и Суботица по судирите меѓу две групи и престрелките што се случиле синоќа, објавија српските медиуми.

Како што објави РТС, во потрагата се вклучени специјални сили, хеликоптери и дронови, а акцијата се проширила и во Белград.

Акцијата следи откако полицијата синоќа добила дојава дека мигранти се движеле по улица и пукале меѓу себе во месноста Хоргош.

Полицијата на местото пронашла 20-годишно момче со две прострелни рани. Приведените мигранти најверојатно ќе бидат транспортирани во бегалските центри на југот на Србија.

..

Санкционирани возачи 154 во Скопје, 25 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола....

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, две санкции за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Кличко: Смената на Залужни е грешка, тој не бранеше од најмоќната армија во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски згреши што го разреши популарниот врховен командант на вооружените сили на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Отказот на Валери Залужни беше голема грешка. Мораме да се обединиме околу луѓето кои имаат најголема поддршка - како Залужни, кој има најголем рејтинг на анкетите“, изјави Кличко за италијанскиот весник „Ла Република“.

„Две години успешно ја бранеше нашата земја од најголемата и најмоќната армија во светот“, рече Кличко, додавајќи дека јавноста го гледа познатиот генерал како „најважниот бранител на нацијата“.

Кличко, кој претходно го обвини Зеленски за „авторитаризам“, тврдеше дека претседателот „требаше да објасни зошто донел одлука што го шокираше секој Украинец“, бидејќи „многумина се чувствуваа збунети, очајни“.

Тој додаде дека „големата грешка што многу луѓе ја прават денес е играњето политика“.

Како што јавуваат медиумите, Валери Залужни беше заслужен за водењето на одбраната на Киев во раните фази на конфликтот, како и за успешните операции во втората половина на 2022 година.

Овие успеси беа нарушени со неуспешна контраофанзива во 2023 година, за време на која украинските војници претрпеа големи загуби и изгубија многу тенкови и друга опрема обезбедена од Запад. Сепак, Залужни остана популарен, со рејтинг од повеќе од 80 отсто според анкетата во декември.

ЦУК: Седум пожари на отворено изминатото деноноќие

Седум пожари на отворено изминатото деноноќие, отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.

Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

- РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

притисни ентер