Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
2Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
3Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
ФудбалНад 6,5 милиони луѓе реагирале на објавата на Роналдо на ИнстаграмПо 13 одиграни кола, Манчестер Јунајтед се наоѓа на осмото место во клупскиот поредок во Премиер лигата, со 12 бода помалку од лидерот Челзи.Лошите резултати и лошата позиција на табелата беше причина за отпуштање на Оле Гунар Солскјер, кој во моментов е заменет со Мајкл Керик како привремен тренер. Во оваа авантура се впушти со победата против Виљареал во Лигата на шампионите (2:0), а потоа и со освоениот бод на гостувањето кај Челзи (1:1). Сето тоа малку ги охрабри играчите и навивачите на клубот, а секако и Кристијано Роналдо кој се огласи на Инстаграм. „Ни претстои уште долг пат, а ништо не е невозможно кога играте за Манчестер Јунајтед. Ќе се бориме до самиот крај“, објави Роналдо чија порака наиде на одобрување кај неговите навивачи. За нешто повеќе од 12 часа, објавата им се допаднакла на повеќе од 6,5 милиони луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
Црна хроникаУапсени се 18 возачи, 17 возеле без возачка- еден бил пијан Лишени од слобода 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 17 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Р.(19), Б.Ф.(24), Џ.С.(24), Ф.С.(33), А.Л.(25), С.Б.(25) и Г.Ѓ.(34), сите од Скопје, Ш.О.(31) од с.Арачиново, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, С.А.(33) од с. Студеничани, скопско, 17-годишник од с.Стајковци, скопско, С.А.(19) од тетовско, Р.Б.(32) од Куманово, А.Б.(24) од Кичево, П.С.(38) од битолско, 15-годишник од Пробиштип и П.Ѓ.(19) од Велес, кој предизвикал сообраќајна незгода. Од слобода е лишен и О.В. (27) од Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКопруција во здравството: Пари за термин, подарок за лекарска услуга Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем.Јавна тајна е дека постојат одредени суми за одредени лекари, општо-познато е дека без пријател, без врски и без пари не можеш да завршиш работа по болничките ходници, велат дел од споделените сведоштва за доживеаната корупција во македонскиот здравствен систем. Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем, посочуваат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Тие денеска во центарот на Скопје поставија симболична „Чекална за бесплатни специјалистички здравствени услуги„ со фигуративни суми за здравствените услуги кои граѓаните, во теорија, од јавнот здравствен систем би требало да ги добијат бесплатно. -Митото како една форма на корупција во здравството најчесто се јавува за добивање побрз термин, како и преглед преку ред кај одредени специјалистички дејности. Она што е интересно и важно да се истакне е дека 84% од испитаните здравствени работници го препознаваат овој проблем дека постои во секторите во кои што работат и истакнуваат дека е делумно или многу застапен,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ. Од ЕСИ алармираат дека иако постојат повеќе механизми за пријавување на корупција, како во самите здравствени установи така и преку полицијата, јавното обвинителство и Комисијата за спречувае на корупција, скоро никој не пријавува поради генералната недоверба во јавниот систем. -Ниту еден од испитаниците ниту здравствените работници кои виделе или се соочиле со некаков тип на корупција, ниту граѓаните немаат пријавено, односно не го користат овој систем. Особено затоа што не веруваат дека финалниот резултат односно дека ќе бидат заштитени во целата постапка и дека некој ќе донесе позитивна одлука и ќе ги заштити. Стравуваат дека понатаму ќе дојдат во контакт со истиот доктор и сепак ќе треба да ја добијат здравствената услуга и одлучуваат да молчат,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ. Додека 1,7% од граѓаните имале потреба да дадат „ситен подарок„ односно мито на матичните лекари, во преовладувачки 74,6% од случаите, здравствениот работник поврзан со корупција бил лекар специјалист, што значи дека кога граѓаните се најранливи, односно имаат потреба од брза интервенција или преглед, корупцијата е највисока, потенцира истражувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУгинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморотМртви риби во водите на Треска – сцена што предизвика загриженост и го вклучи алармот кај риболовците. Од Спортско-риболовното здружение „Хантер Фиш“ за Канал 5 велат дека поморот е забележан кај селото Староец, каде што е констатирано угинување на поголемо количество риба. За случајот, велат, веќе се известени сите надлежни институции. Од здружението велат дека на местото биле затекнати голем број угинати риби, меѓу кои и македонска пастрмка – вид по кој е препознатлива реката Треска. Според нив, состојбата на терен јасно укажува дека дефинитивно има загадување на водата, а за да се утврди причината, стручно лице од областа на сточарството и рибарството веќе земало примероци од водата за анализа. Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека ја следат состојбата. Директорката за Канал 5 потврди дека нивни инспектори веќе излегле на терен, а сега се очекува извештајот кој треба да даде повеќе информации за состојбата и што довело до поморот на рибите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00