МакедонијаНационалниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМОНационалниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја.На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО ДООЕЛ Скопје) е назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија - НЕМО за Република Северна Македонија за наредните четири години. Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) е назначен оператор на организираниот пазар на електрична енергија кој согласно регулативата на ЕУ учествува во спојувањето со единствениот европски пазар на електрична енергија. Правната основа за донесување на оваа одлука е содржана во новиот Закон за енергетика кој е европски усогласен закон и уште во нацрт фазата доби поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница, што е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. Владата ја донесе оваа одлука по претходно мислење и предлог за донесување на одлука од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Ова претставува значаен чекор кон развој на енергетскиот сектор во земјава и признание за посвететеноста на МЕМО при управувањето на организираниот пазар на електрична енергија на транспарентен и ефикасен начин, во согласност со европските правила и практики. Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски вели дека доделувањето на статусот НEMO, е признание за досегашниот вложен труд и потврда на визијата да градиме функционален македонски организиран пазар на електрична енергија и негово интегрирање во единствениот европски пазар. „Овој напредок е заеднички успех на сите чинители во енергетскиот сектор – Министерството за енергетика, Владата, како и нашите партнери на регионално и европско ниво – и претставува значаен чекор кон интеграцијата на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот преку механизамот на т.н. маркет каплинг. Успешното функционирање на Македонската берза за електрична енергија во изминатиот период, благодарение на довербата што секојдневно ни ја укажуваат учесниците на пазарот, е уште една потврда за нашата континуирана посветеност кон реализацијата на оваа стратешка цел“, истакна Ѓорѓиевски. Конкретно, со назначувањето на МЕМО за НЕМО се отвораат бројни можности: Поврзување на пазарите (маркет каплинг): Поврзување на македонскиот организиран пазар на електрична енергија со пазарите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), во нашиот случај со Грција или Бугарија, односно приклучување на домашниот организиран пазар кон единствениот европски пазар во сегментот ден-однапред и во текот на денот. Поголема ликвидност, транспарентност и ефикасност: Подобрување на транспарентноста на пазарот, зголемување на ефикасноста и значителен напредок во зајакнување на сигурноста на снабдување со електрична енергија во Македонија. Ова подразбира, оптимална распределба на расположливите прекугранични капацитети, како и поефикасна интеграција на обновливите извори на енергија во пазарот – сето тоа засновано на транспарентни и недискриминаторни пазарни принципи. Регулаторна усогласеност: Обезбедување усогласеност со европските енергетски регулативи и стандарди, што придонесува за зајакнување на довербата кај учесниците на пазарот. Национален оператор на пазар на електрична енергија - МЕМОТагови: струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook