НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
ЖивотНа што се должат високите температури ова летоПоголем дел од Европа, особено Балканот, ова лето се соочи со појава на серија топлотни бранови и екстремно високи температури. Регистрирана е појава на тропски ноќи кога минималната температура на воздухот била поголема од 20 степени целзиусови. Загревањето на приземниот слој на воздухот во атмосферата и во почвата и дефицитот на врнежи во еден подолг временски период предизвикаа појава на суша и шумски пожари кои беа актуелни изминатиот период. Предвидувањата на експертите се дека ваквите појави ќе бидат се почести во следните години што значи дека се очекуваат продолжени суши, ненадејни обилни врнежи од дожд кои може да предизвикаат урагани и поплави, рекордни топлотни бранови во текот на летото, но и студени бранови во текот на зимата и раната пролет. Овие промени ќе влијаат врз здравјето на луѓето, но ќе се одразат и на социо-економскиот живот. Земјоделскиот сектор ќе биде најмногу погоден и доколку не се прилагоди навреме, можни се намалени приходи на земјоделските култури што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на храната. – Иако беше очекувано, летото 2021 година предизвика многу температурни рекорди, т.е. во одделни делови од регионот регистрирани се екстремно високи температури-речиси незабележани до сега, што следствено може да се поврзе со климатските промени. Иако индивидуалните екстреми не можат директно да се поврзат со климатските промени, редоследот на екстремните временски услови низ целиот свет ја зголеми загриженоста дека сите настани се случуваат како резултат на климатските промени. Но она што навистина е евидентно е дека честината и силината на атмосферските системи и неповолни временски феномени се зголемува, што доведува до многу социо-економски проблеми, особено во најнеразвиените земји на кои им е потребен значително подолг период на адаптација за да се опорават од временските екстреми, велат авторите на анализата „Екстремно топло и суво лето, потопла есен и блага зима во Југоисточна Европа во сезоната 2021-2022". Двајцата автори, д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ и поранешен визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена и м-р Недим Сладиќ, уредник на временскиот блок во Нова ТВ Сараево, во изјава за МИА посочуваат дека не очекува потопла есен, особено во првиот дел кој ќе биде значително потопол од просекот. Во втората половина на есента не е исклучено да има и нестабилно време и појава на интензивни врнежи. Во текот на есента можно е формирање и на организирани атмосферски и фронтални системи со појава на нестабилност посебно во јужните приморски области. Можно е формирање на „Медикане" т.н. медитерански циклон во областа на Јонското и Егејското море како резултат на зголемувањето на температурата на морињата, влагата и акумулираната латента топлина на испарување. – Зимата, според сегашната слика, се очекува да биде поблага поради феноменот Ла Нина, најверојатно со повлажна шема, но предвидувањата за снежните врнежи се со помала доверба поради специфичните синоптички параметри. Но, сепак проценките се такви дека, и покрај ваквите услови, уживањата на ски центрите и планините нема да изостанат, велат двајцата автори. Осврнувајќи се на метеоролошките параметри во текот на летото, посочуваат дека во Босна и Херцеговина и во Хрватска се соборени многу летни рекорди кон крајот на јуни и почетокот на јули, додека во Грција и Северна Македонија поради долготрајните топлотни бранови и дефицитот на врнежи забележителни беа сушите кои условија пожари од невидени размери. Фактори за појавата на исклучително жешко лето-2021 година Во услови на топлотни бранови, дефицит на врнежи, суши и појава на шумски пожари, многумина си го поставуваат прашањето кои се факторите за оваа екстремна топлина и суша ова лето, незапаметена досега на овие простори, и дали тие се резултат на климатските промени. Несомнено е дека климатските промени забрзано дејствуваат, зголемувајќи ја честината и интензитетот на топлотните бранови. Секоја година во одреден временски период, климата над одредена област е различна. – Во рамки на климатскиот систем можни се меѓугодишни климатски варијации-колебања. Климатската варијабилност не е униформна во просторот и затоа може да се опише како комбинација од некои просторни модели или модови на климатска варијабилност, кои влијаат на времето и климата во различни просторни и временски рамки. Најпознат периодичен мод (режим) на климатска варијабилност е сезонскиот циклус, појаснуваат двајцата автори во анализата која може да се најде на линкот . Според нив, причината зошто имавме екстремно топло лето годинава во поголемиот дел од Европа може да се објасни со анализа на распределбата, продолженото егзистирање и влијание на воздушните маси и баричките системи со висок воздушен притисок во југоисточните делови на континентот и адвекцијата на топлина. – Суптропските ширини претставуваат погодна област за формирање на воздушни маси. Познато е дека во тие географски ширини се наоѓаат пространи т.н. Субтропски антициклони-центри со висок воздушен притисок. Тие заземаат многу голема пространи области и имаат издолжен облик така да се стекнува впечаток како областа со висок воздушен притисок да се протега на целиот субтропски појас. Овие системи се толку постојани и заземаат воглавно област помеѓу 30° и 40° северна и јужна географска ширина. Во текот на летото, овој суптропски појас со висок притисок се поместува кон север и антициклонот е повеќе изразен над океанот. За разлика од останатите антицклони, субтропските антициклони се развиени до големи висини, така да често се простираат до врвот на тропосферата. Во овие слоеви суптропските антициклони се протегаат околу земјата како непрекинат појас со висок притисок, чија оска на висина има карактеристична ориентација во правец WSW-ENE. Дополнителен фактор е што областа на Северна Африка е екстремно сува. При подесна антициклонална циркулација удружена со соодветни физички особини на подлогата во оваа географска област условува формирање на континентално-тропска воздушна маса. Овие воздушни маси се исклучително суви, топли, со многу изразен вертикален градиент на температурата и стабилна стратификација и вршат блокирање на зоналната цирулација и атмосферските системи во западна Европа. Освен тоа овие маси содржат голема количина на ситна прашина, па во нив поради големата заматеност е намалена видливоста, појаснуваат Спиридонов и Сладиќ. Темелно осврнувајќи се на влијанието на Сонцето како основен извор на светлина и топлина на Земјата, двајцата автори во анализата заклучуваат дека малку веројатно е дека Сонцето е причина за трендот на глобално затоплување на планетата. Тоа, велат, го потврдуваат и сателитските мерења на Сончевата излезна енергија, која во 40 годишен период се зголемила или намалила за помалку од 0,1 процент за разлика од глобалното затоплување предизвикано од човечкото влијание и согорување на фосилни горива, кое од 1750 година е над 50 пати поголемо од загревањето што доаѓа од Сонцето. Клучниот фактор за климатските промени, велат тие, е човечкиот фактор и неконтролираните емисии на стакленички гасови. – Ова се потврдува и во Шестиот извештај за проценка на IPCC (AR6), каде во Резимето наменето за политичарите потенцирани се клучните наоди на Работната група I посветена на физичките основи на климатските промени. Во истиот даден е осврт за тековната состојба со климата, каде дефинитивно се потврдува фактот дека човечкот влијание претставува клучен двигател наклиматските промени. Според истиот извештај се проценува дека човечкото влијание и неконтролираните емисии на стакленички гасови ја загреваат климата и го менуваат климатскиот систем со енормна брзина, како преседан во последните 2000 години, велат авторите. Предвидувањата се дека глобалната температура ќе продолжи да расте, а доколку не се преземат значителни намалувања на јагледорниот диоксид и другите стакленички гасови, тоа ќе доведе до континуирано затоплување кое ќе услови повеќе суви екстремни периоди. Очекувањата за северозападна и централна Европа, како што наведуваат двајцата автори повикувајќи се на извештајот, се зголемување на поплавите и силните бури, додека за западна и централна Европа се предвидува зголемување на земјоделските, хидролошките и еколошките суши. За медитеранската област се предвидува значителен дефицит на врнежи, зачестени пожари, ризик од суши и долготрајни топлотни бвранови. Источна Европа, пак, ќе се соочи со зголемен ризик од поплави и ризик од пожари. Екстремните промени опасност за здравјето на луѓето Продолжените, интензивни топлотни бранови го зголемуваат ризикот по здравјето на луѓето. Топлотниот стрес влијае на руралните области, но е особено изразен во градовите, каде што се формираат т.н. езера на многу топол воздух, (топлотни острови) каде урбаната температура може да се зголеми за повеќе од 5 °C. Ваквите екстремни промени кои се предвидуваат, според двајцата автори, ќе влијат врз здравјето на луѓето, особено на ранливите групи на население. Доколку не се преземат соодветни мерки, веројатноста да се зголеми должината и интензитетот на топлотните бранови во иднина би влијаела врз зголемувањето на бројот на кардиоваскуларните и респираторните заболувања. – Топлотните бранови во последната деценија предизвикаа десетици илјади прерани смртни случаи во Европа. Исто така, постои поголема веројатност да се зголеми должината, фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови во иднина. Овој индикатор може да доведе до значително зголемување на смртноста во наредните децении, особено кај ранливите групи, доколку не се преземат соодветни мерки за адаптација. Високите температури, исто така, го зголемуваат нивото на штетен озон и други загадувачи на воздухот, што ги влошуваат кардиоваскуларните и респираторните заболувања. Нивото на полен и други аеро-алергени се исто така повисоки при екстремна топлина. Овие можат да предизвикаат астма, која влијае на околу 300 милиони луѓе. Се очекува порастот на температурата да го зголеми бројот на вакви случаи, наведуваат Спиридонов и Сладиќ во анализата. Во вакви услови, препорачуваат дека е потребна поголема подготвеност за итна инфраструктура за јавното здравје. – Раното предупредување, системите за евакуација и ефективните санитарни услови ќе го намалат влијанието на екстремните случаи врз здравјето на луѓето, велат авторите./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаНов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос! Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието. Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија. Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера. Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка. Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Македонија„Flydubai“ повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и поширокоАвионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Македонија. Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата на „flydubai“ и до целокупната понуда во економската класа. Обновувањето на летовите кон Скопје го одразува континуираниот фокус на „flydubai“ врз пазарите што имале малку директни врски со Дубаи и врз зајакнување на позицијата на градот како глобален воздухопловен центар. Скопје повторно ќе има корист од директната врска со Дубаи, додека патниците од Дубаи и Обединетите Арапски Емирати ќе добијат лесен пристап до една од најдинамичните и културно најбогатите дестинации на Балканот. Гаит Ал Гаит, главен извршен директор на „флајдубаи“ (flydubai),објаснува: „Поврзаноста е клучен дел од успехот на Дубаи како глобален воздухопловен центар. Со поврзување на пазари кои имаат ограничени директни авиолинии со Дубаи, во „флајдубаи“ отсекогаш сме верувале дека поврзаноста отвора можности за туризам, трговија и културна размена. Низ годините, поврзавме многу градови кои претходно имаа ограничени директни врски со Дубаи и со поширокиот свет. Враќањето во Скопје ја одразува таа континуирана посветеност“. Исто така, Џејхун Ефенди, виш потпретседател на одделот за комерцијални операции и е-трговија во flydubai, вели:„Европа продолжува да биде важен дел од нашата мрежна стратегија. Обновувањето на летовите до Скопје дава поголем избор и флексибилност на нашите клиенти а воедно обезбедува и атрактивна опција за патување на едно место за туристите, деловните патници и на патниците од македонската дијаспора од Австралија и Азија. Нашите операции ќе почнат со услуга која се одвива три пати недело и уверени сме дека побарувачката ќе расте, бидејќи повеќе клиенти ќе ја искористат атрактивната понуда за застанување во Дубаи, додека се поврзуваат надвор од градот“. Во рамки на партнерството за заедничко користење летови (Codeshare) меѓу flydubai и Emirates, со еднократно застанување во Дубаи преку Терминал 3, патниците кои патуваат за Скопје ќе уживаат во беспрекорен пристап до стотици дестинации во комбинираната мрежа на двата авиопревозници, притоа уживајќи во погодноста на единствена резервација и багаж регистриран директно до крајната дестинација. Патниците што патуваат од Скопје ќе можат, преку Emirates, да продолжат кон дестинации во Австралија, азиските центри како Шангај и Сингапур и кон популарни дестинации во мрежата на Flydubai, вклучувајќи ги Бангкок, Коломбо и Занзибар. Скопје е најновото проширување на растечката меѓународна мрежа на „флајдубаи“ (flydubai), по неодамнешното воведување летови до Бангкок во Тајланд, Бенгази во Либија и Похара во Непал, со што мрежата на „флајдубаи“ сега опфаќа повеќе од 120 дестинации во 57 земји. Македонија, една од најдобро чуваните тајни на Балканот, служи како порта кон Европа. Од впечатливите пејзажи околу Охридското Езеро и Шар Планина сè до живописната култура на кафулиња во Скопје и богатото отоманско, византиско и европско наследство во регионот, земјата ги комбинира природните убавини, културата и вредностите за патниците кои бараат нови искуства надвор од традиционалните европски метрополи. Посетителите може да ја истражат Старата чаршија со нејзиниот уникатен дух, да преминат преку знаменитиот Камен мост кон плоштадот „Македонија“ и да откријат културни атракции, меѓу кои се тврдината Кале и Спомен-куќата на Мајка Тереза. Патниците кои патуваат меѓу Дубаи и Скопје може да очекуваат удобно патување со модерната и млада флота на flydubai, која се состои од 99 авиони од типот Boeing 737. Патниците во бизнис-класата може да се релаксираат во пространи седишта што се претвораат во рамни лежаи и да уживаат во менија инспирирани од меѓународната кујна, како и во широк избор содржини за забава за време на летот. Во економската класа, патниците можат да уживаат во удобни седишта со избор на бесплатни оброци и содржини за забава во текот на целото патување. Во тек е воведување Starlink во целата флота на flydubai, со што на патниците им се овозможува бесплатен и брз Wi-Fi интернет. Летовите меѓу Меѓународниот аеродром Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром во Скопјe (SKP) ќе сообраќаат три пати неделно, во понеделник, четврток и сабота, со поаѓање од Терминал 3 на DXB. Цените на повратните карти за бизнис класа од Скопјe до Дубаи почнуваат од 3.000 евра а цените за економска класа Lite почнуваат од 580 евра. Цените за повратен лет во бизнис-класа од Дубаи до Скопје почнуваат од 12.500 AED (приближно 187.000 македонски денари), додека цените за економска класа Lite почнуваат од 2.800 AED (42.000 македонски денари). Летовите може да се резервираат преку Flydubai.com, официјалната апликација на Flydubai, Контакт центарот во ОАЕ на (+971) 600 54 44 45, во продажните салони на Flydubai или преку туристички партнери. За целосниот распоред на летови, ве молиме посетете ја страницата flydubai.com/en/flying-with-us/timetable. Од своето седиште во Дубаи, flydubai изгради мрежа од над 125 дестинации, опслужувани од флота од 98 авиони. Од почетокот на своето работење во јуни 2009 година, flydubai е посветена на отстранување на пречките за патување, овозможување слободен проток на трговија и туризам и зајакнување на поврзаноста меѓу различни култури низ својата мрежа која постојано се проширува. flydubai го одбележа својот развоен пат со низа значајни достигнувања: Мрежа со постојан раст: Создадена е мрежа од над 125 дестинации во 56 земји низ Африка, Централна Азија, земјите од Кавказот, Централна и Југоисточна Европа, земјите од Советот за соработка во Заливот (GCC) и Блискиот Исток, Јужна Азија и Југоисточна Азија. Опслужување на пазари со недоволна покриеност: Воведени се повеќе од 100 нови линии до дестинации кои претходно немале директни воздушни врски со Дубаи или не биле опслужувани од национален авиопревозник од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на летови од Дубаи. Ефикасна флота од еден тип авиони: Компанијата оперира со флота составена од еден тип авиони – вкупно 98 летала од семејството „Боинг 737“ (Boeing 737) и тоа: 25 авиони „Боинг 737-800“ од новата генерација (Next-Generation), 69 авиони „Боинг 737 MAX 8“ и 4 авиони „Боинг 737 MAX 9“. Подобрување на поврзаноста: Од почеток на работењето во 2009 година, превезени се повеќе од 137 милиони патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД БитолаНародната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти. Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање. За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции. Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00