Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
1Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
2Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
3За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината
ЖивотНа пејачката Кети Пери ѝ падна очниот капак среде настап (видео)Снимката со пејачката Кети Пери од актуелната концертна турнеја за неколку часа го обиколи светот.Вниманието на јавноста овој пат не беше свртено на нејзиниот глас или на неверојатната кореографија, туку на нејзиниот десен капак. Имено, во еден момент додека Кети стои пред публиката, по завршување на песната, нејзиниот очен капак неконтролирано паѓа и ѝ го затвора окото. Таа невнимателно го поткрена со раката, а тоа остана забележано. Katy Perry: Eye of the Pfizer. pic.twitter.com/MpK1EnP674 — Kevin smith (@KJ00355197) October 24, 2022 Некои од коментарите на нејзините фанови се дека ѝ попуштил ботоксот, други дека тоа е последица на „којзнае што“ што пејачката го зема, а има и такви што стравуваат дека пејачката можеби се шлогирала. Но, станува збор за нешто сосема четврто. Кети Пери своевремено во музичкот натпревар „Американски идол“ проговори за таканаречениот мрзлив капак на десното око. Станува збор за затворање на капакот или птоза, нарушување кај кое долниот капак на окото е нетипично низок. Постои конгенитална или стекната птоза. Конгениталната птоза е присутна од раѓање, се јавува поради слабиот развој на мускулите на очните капаци (леватори). Стекнатата птоза е најчеста и настанува поради слабеење на мускулите кои ги подигаат очните капаци, траума или невролошки проблеми. Ако не се лекува, птозата може да доведе до други состојби, како што се амблиопија или астигматизам. Пациентите со птоза, тешко го отвораат очниот капак, па најчесто ги креваат веѓите за да видат подобро. Во потешките случаи, пациентите го креваат очниот капак со прсти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг. За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура. Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки. Jennifer Lopez in a black jumpsuit is the reason half the internet just booked a gym membership and a therapist. pic.twitter.com/nHyBjPpKCX — ohana (@yumiaesthe) August 23, 2026 Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати. Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија МакедонијаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаУправа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса. Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени. Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари. Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход. Управа за финансиска полицијаТагови: Управа за финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook