ЗабаваНа метеоролог среде програма му „влетаа” двете ќеркички, видеото стана светски хит (ВИДЕО)Пандемијата на коронавирус ги принуди луѓето ширум светот да работат од дома, колку што е можно.Наместо да емитуваат од студио, телевизиските презентери водат програма од нивните дневни соби, каде што ја поставуваат сценографијата. Сепак, работењето во вакви услови, доведува до неочекувани ситуации. Ова е точно она што му се случи со метеорологот Лони Квин, чии прогнози во живо за WCBS Њујорк ги прекинаа неговите ќерки Сајви и Лили. Лони ја прекина прогнозата во живо и им објасни на гледачите дека неговата сопруга била зафатена на состанок преку Зум заради работата и дека Лили и Сајви сакале да ги поздрават. Откако влетаа во кадарот , тие весело навиваа, а Лони ја дигна Сајви во раце и ја покажа комбинацијата на облека, која самата ја избрала, како што објасни. "Ова розово здолниште и џемпер таа сама си ги одбра. Ајде, девојки, седнете таму и оставете тато да си ја заврши работата. И те молам, не плачи", рече презентерот и продолжи со временската прогноза. Видеото наскоро стана вирално, а реакциите на гледачите беа позитивни. "Сите сме во иста ситуација. Ако ова видео ве натера да се насмеете, никој не е посреќен од мене", напиша Лони на својот Твитер. Something I thought was a live TV disaster is now a @CBSNewYork promo. You, me...everyone...we are all in the same boat. If my girls gave you a much needed smile, I’m twice as happy. Cheers https://t.co/atQPhPLKxW — Lonnie Quinn (@LonnieQuinnTV) April 30, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран се закани со ново оружјеИран развил ново оружје со, како што тврдат тамошните претставници, изненадувачки можности, кое би можело да биде употребено во случај на нов воен судир.Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД. -Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник. Тој оцени дека главната цел на американската администрација е иранскиот народ да биде принуден да ги прифати барањата на Вашингтон и да капитулира. Сепак, според него, Техеран нема да отстапи од своите позиции, ниту ќе ги прифати, како што ги нарече, нелегитимните барања на противниците.Тагови: Иран оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28