Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
2 Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
Веб ТВНа кратко: „Само Вистина“ со Мирјана Најчевска - 27.05.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош.Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена институциите не ја информирале јавноста навреме и не презеле мерки. Додека граѓаните масовно завршувале по амбуланти и болници. Министерот Клековски потврди дека имало отстапувања во примероците. Но, предупредувањето дојде доцна. Ова не е технички пропуст туку системски колапс. Кога институциите молчат додека илјадници луѓе се трујат, тогаш повеќе не зборуваме за грешка. Зборуваме за однос кон граѓаните. Одговорноста е јасна. Прашањето е само кога некој конечно ќе ја преземе. Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате?, сде наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочнува 48. Илинденски коњички марш, коњаниците тргнуваат од Горно Лисиче кон КрушевоОколу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево.Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. – На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостивар се очекува денеска да добие техничка вода По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба.Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење. „Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите. Резултатите се веќе добри и очекувам да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше“, изјави Мицкоски. Тој додаде дека Владата ги презела сите мерки што биле во нејзина надлежност, додека за утврдување на евентуална одговорност за состојбата во Гостивар надлежно е Јавното обвинителство. „Целосната одговорност и ингеренциите за тоа што се случи во Гостивар се кај ЈО, а тие понатаму ќе утврдуваат дали има потреба од дополнителна одговорност“, рече премиерот. Во однос на критиките од опозицијата, Мицкоски порача дека Владата останува насочена кон решавање на проблемите и обезбедување нормални услуги за граѓаните. Кризата со водоснабдувањето во Гостивар започна минатата недела, откако по појавата на повеќе случаи на гастроентеритис беше прогласена епидемија и започна истрага за можно загадување на водоводниот систем. Во рамките на истрагата беа приведени директорката на гостиварското јавно комунално претпријатие Артана Асани, техничкиот директор Леон Мезини и раководителот на секторот за водоснабдување Вадедин Даути. Поради проблемите со водата беа организирани пунктови и цистерни за техничка вода, а помош пристигна и од повеќе општини, Армијата и државните институции кои обезбедуваа вода за населението. Во меѓувреме, стручни екипи од скопски „Водовод“ спроведоа дополнителни анализи и хиперхлорирање на системот со цел отстранување на микробиолошката контаминација и целосно нормализирање на состојбата. Според најавите, безбедна вода за пиење гостиварци треба да добијат откако ќе бидат завршени сите контролни анализи и ќе биде потврдена целосната исправност на системот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook