На Гренланд почна бојкот на американски производи - Канал 5

На Гренланд почна бојкот на американски производи

Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, јави денеска локалната радио станица КНР.

На Гренланд почна бојкот на американски производи

- Парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп. Мора да им дадеме до знаење на Американците дека она што американскиот претседател го зборува за нашата земја е неприфатливо, изјави Миник Ланге, иницијатор на Фејсбук групата „Бојкотирај американски производи на Гренланд“.

Според него, одбивањето на Гренланѓаните да купуваат американски производи може да стане „тивок протест“. /МИА

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година.

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

- Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое живее во Русија. Некои од сторителите веќе се приведени, а по другите идентификувани се уште се трага, објави Туск на Икс.

Полските служби соопштија дека соработуваат и со Литванија, каде што некои од сторителите извршиле и саботажи.

Литванските обвинители во март ја обвинија руската воена разузнавачка служба за палењето на продавницата на ИКЕА во Вилнус, три дена пред пожарот во трговскиот центар во соседна Полска.

Русија негира вмешаност во пожарите.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Полска уапси и осуди неколку лица осомничени за саботажи, напади и подметнување пожари организирани од руските разузнавачки служби. Полска во мај 2024 година воведе ограничувања за патување на руските дипломати, обвинувајќи ја Москва за хибридна војна. Пет месеци подоцна, Варшава нареди затворање на Конзулатот во Русија во Познањ поради наводни обиди за саботажа организирани од Москва.

Во декември Полска соопшти дека е подготвена да ги затвори сите руски конзулати во доколку продолжат „терористичките акти“.

Русија во јануари возврати со затворање на Конзулатот на Полска во Санкт Петербург.

Полска, која граничи со Украина и е членка на НАТО и на ЕУ, е една од главните земји преку кои западните земји испраќаат оружје и муниција во Киев за да му помогнат во борбата против руската инвазија. /МИА

Јанчев: Поставување на метални столбчиња за еластична ограда на патеката Марена – Глишиќ

Започна поставување на метални столбчиња за еластична ограда во должина од 500 метри на новоизградената пешачка патека Марена – Глишиќ, со цел зголемена безбедност во сообраќајот.

Јанчев: Поставување на метални столбчиња за еластична ограда на патеката Марена – Глишиќ

Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци ги монтира во соработка со ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на Фејсбук.

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа изјави дека е неопходен прелиминарен прекин на огнот за да може на 15 мај да се одржи средба на највисоко ниво помеѓу Украина и Русија во Истанбул.

Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина

Средбата беше предложена од рускиот претседател Владимир Путин, а прифатена од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Макрон вчера разговарал со своите германски, британски и полски колеги, како и со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски.

Украинскиот претседател во синоќешното видеообраќање наведе дека предлогот на Киев за прекин на огнот од денеска е на маса и се чека одговор од Москва.

- Украинската армија е подготвена да одговори доколку руските сили го нарушат прекинот на огнот, посочи Зеленски.

Но, Русија не се согласи да се придржува до 30-дневниот прекин на огнот, предложен пред два дена од европските сили. /МИА

притисни ентер