На Детската клиника нема нови позитивни на коронавирус, во Велес во самоизолација еден вработен од ЦЈЗ и 15 од маркет

На Универзитетската клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со коронавирус меѓу персоналот. 

Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција. Претпоставениот контакт е мајка на дете кое требало да се прими за терапија на Хематоонкологија според анкетите на епидемиолозите. По протоколот од одреден од Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска, истакна на онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека направен е увид на целата Клиника, чистење, степенувани се според ризик и контактите, работата е организирана по тимови и сите одделенија на Клиниката функционираат најнормално.

– Суспектните пациенти се упатуваат во болницата во Козле и ако треба да влезат на Клинкиката за детски болести има посебен дел и соодветен пристап. Темелно се хоспитализираат и пациенти со малигни болести и хронични болни и пациенти со системски болести, како и новороденчиња, додаде Филипче.

Во врска со Истражниот затвор во Шутка, тој рече дека завршени се сите анализи, таму сите околу 50 земени тестови се негативни и институцијата работи непречено.

– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров исто така сите земени брисеви и тоа на тројца штитеници кои се таму и на 13 вработени се негативни. Работата е реорганизирана е според распоредот и таа институција функционира нормално, истакна Филипче.

Во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално. Додаде дека завршен е увидот и маркетот во Велес, при што 15 добиваат решенија за самоизолација, извршена е дизенфекција на објектот, а сопственикот треба да ја огранизира работата за да може да ја врши дејноста непречено./МИА

Полицајци спасија човек во Молдавија, кој четири дена бил жив затрупан под земја (ВИДЕО)

Маж (62) бил спасен откако бил закопан жив четири дена, благодарение на полицијата која го слушнала неговиот придушен лелек и повици за помош.

Како што пренесува „Дејлимејл“, овој настан се случил во Молдавија.

Полицијата го пронашла закопаниот маж додека ја истражувале смртта на 74-годишна жена чие тело било пронајдено во нејзиниот дом.

Полицијата набрзо го привела осомничениот за убиството на жената, а при претресот на неговата куќа во истото село слушнале плач и повици за помош. Кога почнале да копаат, наишле на гроб каде приведениот 18-годишник закопал постар маж.

Полицијата објави снимка на која се гледа како извлекува закопан маж. Бил при свест и имал рана на вратот. Алармиран бил и форензичкиот тим во Устија, северозападна Молдавија. Првичната истрага утврдила дека жената починала откако била претепана и имала бројни повреди по телото.

Полицијата брзо го идентификувала нејзиниот 18-годишен братучед како убиец. Тој бил пронајден во неговиот дом, под дејство на алкохол. За време на испрашувањето давал збунувачки и неубедливи одговори. Кога полицијата трагала по докази за убиството, слушнала пригушени повици за помош и извици од земјата недалеку од куќата.

Го следеле звукот и почнале да копаат. Откако бил спасен, старецот во полиција изјавил дека тој и младиот човек во саботата пиеле алкохол кога се скарале. Осомничениот потоа го нападнал со нож и го затворил во импровизиран подрум, кој потоа го покрил со земја.

Полицијата верува дека младиот маж ја убил жената во неделата. Осомничениот е приведен, а од обвинителството најавија дека ќе одговара за убиство и обид за убиство. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Спасениот маж бил пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.

„Таа беше многу пристојна жена, никогаш немаше проблем со неа“, рекол еден сосед за жртвата.

Небинарниот Немо бара промени во Швајцарија: Мора да бидеме застапени во политиката

Песната The Code на немо Метлер ѝ донесе победа на Швајцарија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, станувајќи првата небинарна личност која триумфирала на ова престижно натпреварување.

Пејачот сега има нова цел - сака да ги убеди швајцарските власти дека мора да дозволат небинарни симболи на официјалните документи, пишува The Guardian.

„Не постои трет пол во Швајцарија и мислам дека тоа е целосно неприфатливо. Мораме да го промениме тоа“, рече Немо. Претходно, новинарите го прашаа кому прво ќе се обрати по победата, на што тој одговори дека прво ќе се обрати до Бит Јанс, швајцарскиот министер за правда.

„Треба да бидеме претставени и во политиката. Навистина е важно луѓето да се чувствуваат прифатени“, рече тој, додавајќи дека се надева дека ќе организира состанок со министерот за да разговараат за правата на небинарните луѓе.

Во средата, портпаролот на Јанс рече дека министерот му одговорил на Неми во СМС-порака и изразил подготвеност да се состане. Инаку, пред околу 18 месеци, швајцарската влада ги отфрли предлозите за воведување трет пол во официјалните записи или документи, тврдејќи дека родовото бинарно сè уште е „силно закотвено“ во швајцарското општество.

„Во моментов, нема социјални предуслови за воведување трет пол“, тврдеше тогаш владејачкиот Федерален совет. Темата се врати на репертоарот во Швајцарија оваа недела, благодарение на победничката песна на Немо, The Code, која се занимава со личното патување на уметникот и кршењето на „кодот“ меѓу половите.

Претставничкиот дом на САД сака да го казни Бајден за застојот во испраќање оружје за Израел

Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој ќе се санкционира администрацијата на претседателот Џо Бајден доколку продолжи да ја блокира испораката на оружје на Израел за војната во Газа.

Предлог-законот беше усвоен вчера со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку биде усвоен и во Сенатот ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка, пренесува АП.

Овој закон, чиј текст ја осудува одлуката на Бајден да ја блокира испораката на бомби во Израел, е поддржан од 16 членови на Демократската партија.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе стави вето на тој закон доколку биде усвоен во Конгресот, односно ако помине во Сенатот по Претставничкиот дом.

Претседателот на Демократскиот Сенат, Чак Шумер изјави претходно оваа недела дека законот нема да помине.

На 8 мај, АП објави дека една недела претходно, администрацијата на Бајден донела одлука да ја прекине испораката на приближно 3.500 бомби за Израел поради загриженоста за тогашната потенцијална копнена офанзива на Рафа.

Таа пратка вклучувала 1.800 бомби тешки по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

притисни ентер