Салфетката со поптисот на Меси за Барселона е продадена за 760.000 фунти - Канал 5

Салфетката со поптисот на Меси за Барселона е продадена за 760.000 фунти

Салфетката на која што Лионел Меси го потпиша договорот за приклучување на ФК Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави денеска британската аукциска куќа Bonhams.

Салфетката со поптисот на Меси за Барселона е продадена за 760.000 фунти

Бонамс првично очекувале продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај. „Салфетката ја промени судбината и на клубот и на самиот Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави Бонамс.

Овој фудбалски сувенир бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот агент на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексах, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаут за таленти кој го препознал потенцијалот на Меси.

Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во La Reial Societat de Tennis Pompeia во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексах. „Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексах, спортски директор на ФК Барселона, со ова се согласува, под своја одговорност и без оглед на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси, под услов да се придржуваме до договорените суми“, пишувало на салфетката.

Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имал само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.

Светскиот шампион во 2021 година ја напушти Барселона во Пари Сен Жермен, чиј дрес минатата година го замени со Интер Мајами и со тоа стана најголемата ѕвезда на американската МЛС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер