Музичка ѕвезда ја претепува екс девојката- се појави вознемирувачка снимка од нападот на Диди

Се појавија вознемирувачки снимки од надзорните камери на кои се гледа како хип-хоп ѕвездата Диди брутално физички ја нападна својата поранешна девојка Каси Вентура во хотелот Интерконтинентал во 2016 година.

На видеото до кое дојде Си-Ен-Ен, раперот, чие вистинско име е Шон Комбс, може да се види без кошула со крпа завиткана околу половината како трча по Кеси низ ходникот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја шутнал на подот.

Тој потоа ја удрил со нога додека таа лежела неподвижна на земја, а потоа ѝ ги грабнал две чанти со кои се обидела да избега. Диди застана над неа, повторно ја клоцна, а потоа ја одвлече во нивната соба.

Видеото можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК, но ве предупредуваме дека е вознемирувачко.

Потсетете се дека Комбс и Вентура постигнаа спогодба само еден ден откако пејачката поднесе тужба во која го обвини раперот и музичкиот продуцент дека постојано ја напаѓал, тепал и силувал во последните десет години од нивната врска.

Кеси во тужбата навела дека го запознала Диди во 2005 година, кога имала 19 години. Започнале врска, а раперот, тврди пејачката, ја контролирал од самиот почеток и бил насилен кон неа. Таа изјавила дека ја терал на секс со машки проститутки, додека тој снимал сеѐ, физички ја малтретирал и ја дрогирал.

37-годишната пејачка тврди дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сѐ се одвивало пред очите на неговите вработени, а Диди, според пејачката, често ја терал да го носи неговото огнено оружје во чантата „за да се сети дека е способен тешко да ја повреди“.

Олмо е трансфер цел на Манчестер сити

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо е трансфер цел на англискиот шампион Манчестер Сити во летниот преоден рок, пренесува весникот „Мундо Депортиво“.

Олмо се поврзува со враќање во Барселона, но каталонскиот гигант не е во поволна финансиска позиција да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра на неговиот сегашен тим РБ Лајпциг.

Интерес за 26-годишниот шпански напаѓач покажуваат и други европски тимови, вклучувајќи ги ПСЖ и Баерн Минхен, но Сити, според медиуми, во моментов е фаворит за негов потпис.

Клучен фактор за иднината на шпанскиот фудбалер ќе биде и фактот дека откупната клаузула во неговиот договор важи до 15 јули.

Јанчев: 81 година од стрелањето на 12те ваташки младинци

Со положување на цвеќе и пригодна културно уметничка програма им беше оддадена почит на 12те ваташки младинци.

81 година од стрелањето на 12те ваташки младинци.

Со положување на цвеќе и пригодна културно уметничка програма им беше оддадена почит на 12те ваташки младинци.

Со свој говор кон присутните се обрати и градоначалникот Митко Јанчев:

"Почитувани присутни,

Од 15 до 28 години имаа 12те млади ваташани кои на 16ти јуни далечната 1943та година на исклучително бесчувствителен и ѕверски начин ги изгубија своите животи, токму на ова место каде што сме денес.

Ако се навратиме 7 години наназад. Сигурно сите се сеќаваме во каква состојба беше оваа локација. Го реконструиравме споменикот, хортикултурно го уредивме целиот простор, го опремивме со урбана опрема. Денес ова е едно од омилените излетнички места на младите и децата.

Изминатата година ги поставивме 12 те бисти на 12те ваташки младинци и ја отворивме спомен собата во нивна чест.

Сето ова е најмалку што можеме да направиме за нивната дадена жртва, за нивниот даден живот за нашата Македонија.

"Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината."

Овие зборови се испишани на овој споменик да сведочат за овој крвав злочин.

Никогаш да не ги заборавиме страдањата на овие 12 младинци, никогаш да не заборавиме дека тие, својот живот го дадоа за ова што сме ние денес. За слободата која денес ја имаме.

Слава им. ", истакна Јанчев во својот говор.

АМСМ: Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението од АМСМ.

притисни ентер