На 84 години се ожени српскиот пејач Предраг Живковиќ –Тозовац со 20 години помлада невеста - Канал 5

На 84 години се ожени српскиот пејач Предраг Живковиќ –Тозовац со 20 години помлада невеста

Српскиот пејач Предраг Живковиќ Тозовац, на 84-годишна возраст, се ожени со својата 20 години помлада партнерка Емилија Мима, со која е во врска 40 години.

На 84 години се ожени српскиот пејач Предраг Живковиќ –Тозовац со 20 години помлада невеста

Иако првично негирал, откако на социјалните мрежи протекоа фотографии и снимки од прославата, Тозовац потврди дека е оженет.

"Нема никаква врска со возраста. Бев оженет како млад човек, на дваесет години. Бракот тогаш пропадна. Живеам со Емилија, која најмногу ја сакам четириесет години. Едноставно, имав желба да крунасам едно време заедно, живеејќи во љубов. Тоа е единствената причина „рече тој за Блиц.

Признава дека му е жал што поради состојбата со пандемијата не може да направи традиционална српска венчавка, туку се оженил во станот, но рече дека било весело.

"Беше весело. Многу емотивно за мене, со нетрпение го очекував тоа. Но, оваа другарка корона не е никому пријател, дури ни на нас. Затоа го сторивме тоа најинтимно, во станот. Матичарот дојде со кумовите и тоа е тоа. Се работи за љубов ", рече младоженецот.

Ова му е втор брак на Тозовац, кој првпат се оженил кога имал 20 години. Тој брак брзо се распаднал, а тој вели дека не е во контакт со неговата поранешна сопруга.

"Не знам ништо за таа жена, таа живее со своето семејство во Америка. Бев многу млад, тогаш имав само дваесет години и бев на почетокот на мојата кариера. Сепак, раскинавме по неколку години, денес немам контакт со неа", вели тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок.

Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците

Решението за македонските превозници е веќе на повидок а тоа се билатералните договори со земји членки на Европската унија кои ќе им издаваат долгорочни визи, вели министерот за транспорт Александар Николоски за проблемот со престојот на професионалните возачи на кои им се потребни повеќе од 90 дена во 180 дневен период во Шенген зоната. Според Николоски, состанокот кој вчера се оддржа во Брисел меѓу Комисијата и претставниците на превозниците од Западен Балкан, го потврдил ова решение како единствено.

-Решението на ова прашање е во две насоки – Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека единственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме и тоа е единственото можно решение. // Решението веќе го имаме на повидок имајќи в предвид дека со неколку држави вакви долгорочни визи веќе се издаваат и ги користат нашите превозници. - Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт

Иако остануваме отворени за разговор за тоа што може да се направи во рамките на нашите правила, мора да биде јасно дека правилата на Шенген и понатаму ќе се применуваат – изјави вчера портпаролот на Европската комисија во врска со состанокот со превозниците.

-Тука се применуваат и национални правила и постоечки билатерални договори, па затоа постојат можности за изнаоѓање прагматични решенија во рамките на тековните правила на Шенген, на пример, преку поднесување барања за долгорочни визи и дозволи за престој, или, во одредени ограничени случаи, преку третирање на возачите како прекугранични работници. Сепак, истовремено е важно да се нагласи дека системот за влез/излез не воведува никакви нови правила, ниту нови барања во однос на времетраењето на краткорочните престои во Шенген-зоната. Тоа останува непроменето.- Маркус Ламерт, портпарол на Европска комисија

Со предупредувачки протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје овој понеделник, превозниците најавија и можна блокада на границите доколку нивниот проблем, како што велат, не се реши во целост, а клучното во нивното барање е наместо во денови престојот да им се брои во часови. Од Макамтранс денеска не беа достапни за коментар, дали планираат да ги блокираат границите и по оддржаниот состанок во Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Има ли начин да се спречи негативниот тренд на наталитетот во Македонија?

Може ли и како да се спречи негативниот демографиски тренд во државата?

Националниот координатор за демографија, Влатко Ѓорчев, за Канал 5 вели дека од програмата за четиригодишниот мандат до 2028ма веќе има мерки кои во сила, како бесплатните ин-витро оплодувања и еднократна финансиска помош за новороденчиња, а уверува дека работат и на мерки за помош на мајките и за младите брачни парови при купување нов дом. Според Ѓорчев во падот на наталитетот имаат улога повеќе фактори, и според него за проширување на семејството клучна е желбата, бидејќи статистиката покажала и најразвиените држави се соочуваат со истиот проблем.

„ Сакаме во наредниот период да помогнеме особено во делот на домувањето, затоа што навистина во делот на станбеното прашање треба да се направи повеќе и воедно други програми коишто ќе значат поддршка за мајките и семејствата. / Финаска има 20, 30% помал наталитет од Македонија , Германија 20%, Канада 30% помал наталитет од Македонија, Сингапур и Јапонија имаат 40, 50% помал наталитет, а имаат бдп и плати многу поголеми одошто ние. Значи се работи за комбинација од фактори, но она што е важно и клучно желбата да се има дете, желбата да се има семејство. “-Влатко Ѓорчев – национален координатор за демографија

Според дел од социолозите, еден од главните фактори се финансиите и несигурноста кај младите дека можат да им обезбедат стабилна иднина на своите деца, па затоа многу често се одлучуваат да имаат само едно дете. Универзитетскиот професор Иван Анастасовски смета дека фокусот не треба да е само на еднократната помош, туку државата да ги лоцира причинителите и да изгради силна стратегија која нема да ги оттурнува младите да бараат подобар живот надвор од Македонија.

„ Финансиите се првиот фактор кој влијае за вие да одгледате едно детенце, да го донесете на свет и да го подигнете. Многу е коректно и одговорно секоја држава да има политика која ќе го стимулира на некој начин наталитетот, но знаете како, не е само да ви дадам еднократно парични средства. Еднократните или месечните од 10 илјади денари, 15 илјади денари, нема да ви го покријат стравот кој го имате кај себе како родители дека вашите деца ќе имаат овде сигурна иднина. Ако системот се обиде да ја преземе понатаму грижата за младите луѓе да ги растерети родителите од тој момент да бидат психички постабилни дека нивните деца ќе имаат иднина овде во државата, може да очекуваме дека ќе се подобрува состојбата со наталитетот.“- Иван Анастасовски – универзитетски професор

Според податоците од статистика, има 32,8 отсто пад на бројката на родени деца споредбено со пред 11 години. Во 2014 имало 23.596 новороденчиња, а во 2025 борјот пданл на 15.850.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Жештините не се само непријатност, туку сериозен ризик за здравјето.

Колапси и зголемен број интервенции на брзата помош поради високите температури

Високите температури се причина за зголемена омалаксаност, колапси и други здравствени проблеми, а лекарите бележат и поголем број интервенции. Само во последното деноноќие, на бројот за итни медицински помош биле регистрирани 84 повици, од кои 30 итни.

Докторката Елена Карева-Пиловска за Канал 5 вели дека најголем број од интервенциите се за колапси

Доктор Елена Карева Пиловска вели дека топлите ноќи го нарушуваат сонот, а ненаспаноста и заморот се особено ризици за возачите бидејќи се намалува концентрацијата , што може да биде причина и за сообраќајни незгоди.

Иако температурите ке останат речиси исти почнувајки од попладнево од УХМР најавуваат промена на временската состојба. Се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места се можни и поинтензивни врнежи.. Граѓаните се повикуваат да ја следат прогнозата и навремено да ги преземат потребните мерки.

Од УХМР апелираат граѓаните да ги избегнуваат најкритичните часови, да престојуваат во сенка и редовно да пијат вода. Препораките особено важат за најтоплиот дел од денот, кога температурите го достигнуваат својот максимум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер