МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Саит Саитов Меѓународна потерница по лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата.Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Потерницата е објавена откако на 10 јануари јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело. Осомничениот 18-годишник на 9 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето. -По улицата „Народен Фронт” управувал автомобил „Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својствата, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала, наведува Обвинителството. Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце. Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе почне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување. Тагови: потерница Саит Саитов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година. Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот. Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци. Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари. Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот. Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook