МВР: Постои јасна дистинкција меѓу „државјанство“ и „националност“ - Канал 5

МВР: Постои јасна дистинкција меѓу „државјанство“ и „националност“

МВР тврди дека одлучило на поинков начин да ја потполнува графта за државјанство во пасошите, само поради услогласување со стандардите на ЕУ. Ова е едно од прашањето во преговорите за името, и во дел од јавноста се поврзува со идентитетот.

МВР: Постои јасна дистинкција меѓу „државјанство“ и „националност“
МВР ги направило измените во начинот на потполнување на графата за државјанство, односно nationality, со воведувањето на биометриските пасоши во 2007 година.Тврдат дека единствено поради стандардите на ЕУ, одлучиле наместо Република Македонија напишано на латиница, и без превод, да се пишува македонско на кирилица со превод на англиски.

-Посочената измена е направена исклучиво заради усогласување со стандардите за содржината и испишувањето на патните исправи во земјите на Европската Унија, каде што постои графа „nationality“, а за потребите на новите биометриски патни исправи воведени во 2007 година. – стои во одговорот на прашањето на Канал 5, кога и врз основа на кој акт е направена измената.

Но, примерите од земјите челнки на ЕУ унија покажуваат дека нема еден и единствен стандард за потполнувањето на пасошите.Така, во Бугарскиот пасош во графата nationality стои единствено името на државата, исто се потполнува и во Словенечкиот – стои само Словенија.

Прашањето за државјанството, односно nationality на англиски, е едно од прашањата во преговорите за името. Во дел од јавноста, ова се толкува како ознака за идентитетот, иако како објавивме, според Европската ковенција за националаноста од 1997 година, нема никаква дилема дека таа ја одразува правната врска меѓу лицето и државата, а никако не укажува на етничкото потекло на лицето..
Ова го потврдуваат и од МВР во одговорот.

-Јасна е правната дистинкција меѓу термините „државјанство“ и „националност“. Односно, согласно Европската конвенција за националности, но и според законот за државјанства на Република Македонија, којшто беше суштинска основа за промените на патните исправи, поимот „државјанство“ подразбира правна врска која се воспоставува помеѓу државата (Република Македонија) и поединецот. Додека, терминот „националност“ ја означува личната национална определба на припадност на секој граѓанин. – велат од МВР.

Забуната во јавноста се појави по промената на начинот на потполнување на графата, бидејќи терминот macedonian се преведува и како Македонец, што освен во смисла на државјанство, како што е во пасошите, се користи и во смисла за опишување на етничката припадност на Македонците.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година.

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан.

Амбасадорот Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Според Сиљановска-Давкова, зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата 10 (Дигитална трансформација и медиуми) и 26 (Образование и културa), како и регистрираниот напредок во науката и истражувањето и заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за манифестиран и докажан институционален капацитет на државата во исполнувањето на европските стандарди.

Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесат видливи промени и напредок во Кластерот „Основи “.

Во рамките на своите уставни надлежности, Сиљановска-Давкова истакна дека ќе продолжи да се однесува реформаторски, придонесувајќи за јакнењето на демократијата.

Претседателката потсети дека извештајот треба објективно да го прикажува реализирањето на Копенхашките критериуми, а не на наметнатите билатерални политички услови, спротивни на европските вредности и принципи утврдени во европските уставни акти.

За неа, нашето изоставување од групата на земји предводнички во процесот на проширувањето, не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до македонската јавност.

Сиљановска-Давкова уште еднаш повика на еднаков третман на сите земји-кандидатки во пристапниот процес. Според неа, потребни се политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коперник: Речиси е сигурно дека оваа година ќе биде втората најтопла во историјата

Според европската служба за следење на климата „Коперник“ (Copernicus), глобалните температури оваа година речиси сигурно ќе надминат 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Коперник: Речиси е сигурно дека оваа година ќе биде втората најтопла во историјата

Со тоа, 2026 година би станала втората година во историјата на мерењата што го надминува овој праг, по рекордната 2024 година.

Според најновите податоци од „Коперник“, постои голема веројатност 2026 година да биде втората најтопла година откако се вршат мерења. Исто така, постои веројатност од околу 20 отсто таа да го израмни или надмине моменталниот температурен рекорд поставен во 2024 година.

Се очекува затоплувањето да биде меѓу 1,56 и 1,61 степен

„Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2026 година ќе биде за 1,56 до 1,61 степен повисока отколку во прединдустрискиот период (1850–1900 г.).

Нивниот статистички модел покажува веројатност поголема од 99 отсто дека температурата оваа година ќе го надмине прагот од 1,5 степени.

Особено загрижувачка е проценката дека четиригодишниот просек за периодот 2023–2026 година, исто така, ќе надмине 1,5 степени над прединдустриските нивоа.

Сепак, една година – па дури и неколку години – со температури над овој праг не значи автоматски дека долгорочната цел на Парискиот договор е официјално надмината.

Октомври беше најтопол досега

„Коперник“ објави дека октомври 2023 година бил најтоплиот октомври некогаш забележан на глобално ниво.

Просечната глобална температура изнесувала 15,35 степени Целзиусови, што е за 1,75 степени над прединдустрискиот просек. Во споредба со периодот 1991–2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол.

Ова беше трет месец по ред во кој глобалната температура го надмина прагот од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период.

Температурите на површината на морето, надвор од поларните региони, исто така достигнаа рекордни вредности. Просечната температура на морето во октомври достигна 20,95 степени – највисоката вредност некогаш забележана за тој месец.

„Ел Нињо“ дополнително ги зголемува температурите

Покрај долгорочното затоплување предизвикано од човечката активност, за овогодинешниот пораст на глобалните температури придонесува и исклучително силниот „Ел Нињо“.

Станува збор за природен климатски феномен поврзан со затоплувањето на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан, што може привремено да предизвика дополнителен пораст на глобалните температури.

„Октомври го продолжи трендот на исклучителна глобална топлина, со рекордно високи глобални температури и температури на површината на океаните. Исклучително силниот ’Ел Нињо‘ додава дополнителна топлина на климата која е веќе загреана од човечките активности, а 2026 година е на пат да стане втората календарска година што ќе го надмине прагот од 1,5 степени“, изјави Саманта Бурџес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози.

„Особено е значајно тоа што се очекува и четиригодишниот просек да надмине 1,5 степени, што покажува колку долготраен станал овој период на глобална топлина“, додаде таа.

Што значи надминување на границата од 1,5 степени?

Според Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, државите се обврзаа да го задржат глобалното затоплување значително под два степена во однос на прединдустриските нивоа, истовремено настојувајќи да го ограничат порастот на температурата на 1,5 степени.

Границата од 1,5 степени се однесува на долгорочното глобално затоплување, а не на температурата во која било поединечна година. Следствено, надминувањето на овој праг се проценува врз основа на повеќегодишни – односно долгорочни – просеци.

ОН веќе предупредија дека е многу веројатно светот да се соочи со привремено надминување на оваа цел. Колку е поголемо затоплувањето и колку подолго трае, толку е поголем ризикот од екстремни временски настани и неповратни промени во климатскиот систем. Според податоците на „Коперник“ (Copernicus), температурите во првите десет месеци од 2026 година се веќе доволно високи, така што надминувањето на прагот од 1,5 степени за целата година е речиси сигурно.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија крена борбени авиони

Унгарија денеска трипати крена борбени авиони за да придружуваат патнички летала во својот воздушен простор, откако биле упатени закани за поставени бомби.

Унгарија крена борбени авиони

Според официјални лица, два од загрозените авиони, кои летале кон Софија, безбедно слетале.

Унгарскиот министер за одбрана, Ромулус Русин-Сенди, изјави дека борбените авиони првично биле испратени по закана упатена кон лет на „Виз ер“ од Брисел кон Софија. Подоцна, тие биле кренати уште двапати како одговор на летови што полетале од Прага, а се упатиле кон Кипар и Букурешт, пренесува „Гардијан“.

Бугарското Министерство за транспорт соопшти дека биле примени закани за бомби и за два лета кон Софија – кои доаѓале од Лондон и Брисел – при што и двата авиона безбедно слетале.

Меѓу леталата подложени на безбедносни проверки бил и авион на романскиот превозник „Таром“, кој летал од Прага кон Букурешт.

За време на летот, екипажот го активирал кодот „7700“, што означува општа вонредна состојба. Авионот безбедно слетал во Букурешт.

Подоцна било утврдено дека заканата била неоснована.

Денеска, најмалку 17 патнички авиони ширум Европа биле опфатени со серија закани за поставени бомби. Со тоа, вкупниот број на патнички авиони кои биле цел на вакви закани во Европа од почетокот на неделата, достигна најмалку 27.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер