Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
1Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ со зајакнати позиции во новата ВладаДимитриевски на денешната прес конференција соопшти дека ЗНАМ во Владата ќе раководи со Министерството за јавна администрација и со Министерството за земјоделие.Претседателот Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес конференција соопшти дека ЗНАМ во Владата ќе раководи со Министерството за јавна администрација и со Министерството за земјоделие, а ќе добие и уште еден заменик министер во едно влијателно министерство. Министеството за јавна администрација ќе продолжи да го води досегашниот министер Горан Минчев, а со Министерството за земјоделие ќе раководи Борче Серафимовски, актуелен државен секретар во Министерството и Потпретседател на ЗНАМ. На денешната седница Извршниот одбор на партијата ги разгледа актуелните политички состојби, процесот на реконструкција на Владата и идните чекори во реализацијата на нашите програмски определби. „Пред две години го формиравме Движењето ЗНАМ пред се со државотворна идеја, идеја која својата политичка и морална легитимност ја црпи од вредностите на АСНОМ и Илинден, од стремежот кон самостојна, достоинствена, праведна и европска Македонија. Од самиот почеток кажавме дека политиката за нас нема да биде натпревар за функции, туку натпревар за доверба и испорачување на резултати, во интерес на граѓаните и државата“, рече Димитриевски. „Токму затоа, кога се создадоа услови да бидеме дел од Владата, не калкулиравме. Не ги баравме најлесните ресори, ниту позициите кои носат најмал политички ризик. Свесно ги презедовме Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, два ресора кои со години беа симбол на застој, недовршени реформи и нарушена доверба на граѓаните во институциите. Денес, по две години, со право можеме да кажеме дека изборот што го направивме беше исправен. Во Министерството за јавна администрација се реализираа суштински реформи кои создаваат основа за професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација. Додека, во Министерството за правда беше започнат најобемниот реформски циклус во последната деценија, со јасна цел, правосуден систем кој ќе биде предвидлив, ефикасен и во служба на правдата. И ова не е само политичка оценка на ЗНАМ. Ова е и оценка што ја споделуваат и потврдуваат и нашите европски партнери. Неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се силна потврда дека Република Македонија ги исполнува обврските од реформската агенда и дека институциите испорачуваат резултати таму каде што со години постоеше застој, во делот на реформа на јавната администрација и владеење на правото. Во разговорите со нашиот владин партнер, ВМРО-ДПМНЕ, околу реконструкцијата на Владата, Движењето ЗНАМ не настапуваше од позиција на тоа колку ресори ќе добие, туку од позиција каде можеме да дадеме најголем придонес за државата. Нашата програма за парламентарните избори во 2024 година не беше пишувана за една изборна кампања, туку претставуваше визија за развој на Македонија, и една од главните програмски определби беше „Македонија самоодржлива држава. Самоодржлива држава значи држава која ги користи сопствените потенцијали. Држава која ја зајакнува домашната економија, го штити сопственото производство, создава услови за конкурентно земјоделство, инвестира во човечкиот капитал и ја намалува зависноста од надворешни фактори. Токму затоа оценивме дека во оваа фаза од развојот на Владата, ЗНАМ треба да преземе уште поголема одговорност во секторите кои директно влијаат врз економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. По сеопфатна анализа и консултации во рамките на партијата како и со нашите коалициски партнери, денес Извршниот одбор едногласно одлучи Министерството за јавна администрација и понатаму да остане предводено од Горан Минчев, кој во изминатите две години покажа дека реформите можат да се реализираат со знаење, визија и политичка одговорност. Истовремено, Движењето ЗНАМ ќе го преземе раководењето со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За министер го предлагаме Борче Серафимовски“, соопшти претседателот на ЗНАМ, Димитриевски. „Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на системот. Доктор е по организациски науки, магистер по меѓународни односи, дипломиран бизнис менаџер и дипломиран дефендолог, а во изминатите две години успешно ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Она што за нас беше пресудно не се само неговите академски квалификации, туку фактот што доаѓа како човек кој веќе го познава системот, ги познава потребите на македонските земјоделци, ги разбира предизвиците со кои се соочува агросекторот и има капацитет веднаш да продолжи со реализација на започнатите политики. Уверен сум дека ќе ја оправда довербата што му ја даваме денес, исто како што тоа го направија и нашите досегашни министри. Во согласност со коалицискиот договор, во септември ЗНАМ ќе преземе дополнителна одговорност со именување заменик-министер во едно од највлијателните министерства во Владата. Дозволете ми во оваа прилика да упатам искрена благодарност до Игор Филков за сè што направи како министер за правда. Зад него останува сериозен реформски капитал, 33 подготвени законски решенија, од кои 13 се директно поврзани со реформската агенда и четири од нив се усвоени и изгласани во Собранието на Република Македонија (Закон за судска служба, Закон за јавно обвинителска служба, Закон за судски совет, Закон за совет на јавни обвинители), а истите се изработени преку процес во кој беа вклучени повеќе од 300 експерти во рамки на 24 работни групи. Тоа не е успех на еден човек или на една партија. Тоа е успех на државата. Му благодарам за професионалноста, интегритетот и посветеноста и уверен сум дека неговото знаење и искуство ќе продолжат да бидат значаен дел од политиките што ги креира Движењето ЗНАМ“, рече Димитриевски. „Одлуките што денес ги донесовме не претставуваат обична кадровска реконструкција. Тие се резултат на политичко созревање, на стекнато искуство и на довербата што ја изградивме преку работа. ЗНАМ денес има поголема институционална одговорност отколку пред две години. Но, со секоја нова одговорност расте и нашата обврска кон државата и кон граѓаните. Ние немаме намера да ја мериме нашата успешност според бројот на функции што ги извршуваме. Нашето мерило ќе остане исто како и до сега, водено од тоа колку институциите се поефикасни, колку реформите се подлабоки и колку граѓаните чувствуваат подобар квалитет на живот. Затоа ќе продолжиме да бидеме конструктивен, стабилен и принципиелен партнер во Владата. Ќе продолжиме да ги реализираме политиките што им ги ветивме на граѓаните. И ќе продолжиме да докажуваме дека државотворноста не е политички слоган, туку секојдневна обврска. Тоа е суштината на ЗНАМ. Тоа е нашата одговорност. И тоа е патот по кој ќе продолжиме да ја градиме Македонија“, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес конференција. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМ Тагови: максим димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот? Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП. Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри. Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“. И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република. Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.Тагови: Иран балистички проектили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХерцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови.Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови, а израелскиот претседател Исак Херцог објави дека во недела, на 8 ноември, ќе одлучи кому ќе му го довери мандатот за формирање нова влада. По консултациите со претставниците на политичките партии, Херцог оцени дека резултатот е јасен, но најави дополнителни разговори пред да донесе конечна одлука. Партијата Јашар го повика претседателот што поскоро да му го довери мандатот на Ајзенкот, нагласувајќи дека поддршката од 67 членови на парламентот е најголемиот број што еден кандидат го добил од 2015 година. И покрај поддршката од мнозинството членови на парламентот, патот на Ајзенкот кон формирање влада останува неизвесен поради поделбата на опозициските партии. Како што објаснува „Тајмс оф Израел“, четири партии со вкупно 48 места одбиваат да соработуваат со две арапски партии кои заедно имаат 19 членови на парламентот, иако сите ја поддржаа неговата кандидатура. Дополнителна можност за формирање на ново мнозинство е одлуката на партијата Обединет Тора Јудаизам, која има седум места, да не го поддржува Нетанјаху. Според израелските медиуми, лидерот на партијата Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, е подготвен да разгледа соработка со ултраортодоксните партии со цел да се олесни отстранувањето на сегашниот премиер. Лидерот на арапската партија, Рам Мансур Абас, го поддржа Ајзенкот, но не го означи експлицитно Хамас како терористичка организација, што е еден од условите што Ајзенкот ги постави за потенцијалните коалициски партнери. Абас, сепак, изјави дека неговата партија го поддржува разоружувањето на Хамас. Претставниците на Заедничката листа исто така го поддржаа Ајзенкот, но најавија дека можат да поддржат малцинска влада од опозицијата, без директно да учествуваат во нејзиното формирање. Партијата Б'Јахад ја отфрли можноста за влада на национално единство со Ликуд на Нетанјаху, додека претставниците на Ликуд ја повикаа опозицијата да се приклучи на широка коалициска влада. Поранешниот шеф на безбедносната служба Шин Бет, Јорам Коен, изјави дека на Израел му е потребна стабилна влада и предупреди дека новите избори ќе ја игнорираат волјата на гласачите кои гласаа за промени на изборите минатата недела. Новиот Кнесет треба да се конституира на 10 ноември, кога се очекува и изборот на нов претседател на парламентот.Тагови: Исак Херцог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКиану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)Киану Ривс повторно ќе го игра Џон Вик, една од неговите најпознати филмски улоги. Но, овој пат, гледачите нема да го видат во класичен акционен филм, туку ќе го позајми својот глас во анимираното продолжение на популарната серија, пишува LADbible. Студиото Lionsgate го потврди враќањето на Ривс, а проектот првпат беше најавен на CinemaCon 2025. Адам Фогелсон, претседател на филмската дивизија на Lionsgate, ја објави веста во тоа време. Новиот филм ќе открие што се случило пред првиот Џон Вик Дејството на анимираниот филм ќе се одвива пред настаните од првиот дел, кој пристигна во кината во 2014 година. Приказната ќе го следи Џон Вик за време на погубувањето на легендарната „Невозможна мисија“, што му овозможи да го напушти светот на платените убијци и да започне мирен живот со својата сопруга Хелен. Оваа задача е спомената неколку пати во претходните филмови, но гледачите никогаш немале можност да видат како Вик ја извршил. „Можностите се бескрајни, и во анимацијата и во светот на Џон Вик“, рече Фогелсон кога го најави проектот. „Нема приказна за Џон Вик што обожавателите сакаат да ја видат повеќе од „Невозможна мисија“. Визијата што Шенон ја има за таа приказна е неверојатна и многу сме возбудени да видиме како ќе се покаже Џон Вик во анимираниот формат“, додаде тој. Датумот на објавување на филмот сè уште не е објавен. Зошто го избраа анимето? Режисерот Чед Стахелски, кој ги режираше сите четири главни филмови за Џон Вик, објасни дека јапонската анимација долго време е едно од неговите најголеми креативни влијанија. „Тоа беше огромно влијание врз мене, особено серијата Џон Вик“, рече тој за анимето. „Можноста да се развие аниме за Џон Вик се чини како совршен чекор напред за овој свет“, додаде тој. Според него, анимацијата нуди можности што би било тешко да се реализираат во играните филмови. „Анимето ни овозможува да го прошириме светот, ликовите и акцијата на начини што претходно беа незамисливи“, објасни тој. Ривс последен пат го играше Џон Вик во „Балерина“ Кијану Ривс првпат го играше Џон Вик во 2014 година, а потоа се врати за уште три продолженија. Последен пат се појави во таа улога во филмот „Џон Вик: Балерина“ од 2025 година, во кој глуми Ана де Армас. Новиот анимиран филм на тој начин дополнително ќе го прошири светот на Џон Вик и конечно ќе им открие на обожавателите еден од најважните настани од неговото минато.Тагови: Киану Ривс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter