„BMW X5“ – нов тизер и повеќе информации (ФОТО) - Канал 5

„BMW X5“ – нов тизер и повеќе информации (ФОТО)

Се приближуваме до официјалната премиера на сосема новата генерација на „BMW X5“, а сега имаме уште еден официјален тизер.

„BMW X5“ – нов тизер и повеќе информации (ФОТО)

Популарниот баварски „SUV“ ќе биде опремен со исклучително широк спектар на различни погонски склопови со цел да остане што е можно поконкурентен на пазарот без оглед на строгите еколошки прописи што нè очекуваат во следните десет години.

Новиот „X5“ ќе биде достапен со мотори со внатрешно согорување (бензински и дизел опции во зависност од пазарот), како и во напредна „plug-in“ хибридна конфигурација.

Покрај тоа, за прв пат ќе се нуди како целосно електрично возило, но и со водороден погон, што несомнено го прави најважниот автомобил што баварскиот производител го претставува оваа година, а можеби и целата деценија, објавува „Autoblog“.

Ова е исто така историски момент, бидејќи ќе биде прв пат модел на водороден погон да влезе во сериско производство по децении интензивно тестирање на прототипови низ целиот свет.

„Чекор напред“

„BMW“ вели дека новиот „X5“ претставува „значаен генерациски чекор напред“, а целосно новиот дизајн на предниот дел има за цел јасно да покаже колку е технолошки понапреден „G65“ во споредба со претходната генерација „G05“.

Предниот дел усвојува естетска насока што веќе имавме можност да ја видиме на новиот електричен модел „iX3“. Ова вклучува високи и забележливо потесни елементи на препознатливата решетка во средината, како и горниот дел од решетката во облик на визир каде што фаровите се позиционирани на самите надворешни рабови на каросеријата.

Сепак, за разлика од моделот „iX3“, „LED“ дневните светла на новиот „X5“ добиваат специфичен мотив во облик на „X“, кој се очекува наскоро да стане заштитен знак на другите големи модели во семејството на баварските „SAV“.

Поради специфичното осветлување на објавената тизер фотографија, сè уште не е 100% јасно дали гледаме верзија со конвенционален мотор или електричен „iX5“, но официјалните информации потврдуваат дека верзијата со внатрешно согорување ќе се појави на пазарот пред крајот на оваа година, па најверојатно е моделот на сликата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер