Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон - Канал 5

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска не успеа да го продолжи сензационалниот низ на победи на Грен слемот во Вимблдон.

Пораз на Лина Ѓорчевска на дебито во Вимблдон

Минатогодишната финалистика на Отвореното првенствто на Англија, Американката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска на нејзиното деби на еден Грен слем турнир.

Импресионираната Ѓорчевска по низата од три победи во квалификациите на Вимблдон во премиерото коло на неофицијалното светско првенство во тенис во дуелот со големата фаворитка Анисимова немаше сили за ново изненадување и заслужено загуби со максимални 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 .

Попладнево Лина на еден од терените на Вимблдон имаше голем проблем со уфрлувањето на првиот сервис и во моментите кога требаше да го одбрани својот сервис правеше двојни сервис грешки.

Без разлика на неуспехот ова е историски ден за македонскиот спорт, бидејќи нашата Лина денеска стана првата македонска тенисерка која изборила учество на еден од четирите најголеми турнири во светот, Грен слемот Вимблдон.

По поразот од една од главните кандидатки за освојување на трофејот, Анисимова, македонската тенисерка нема причини за тага бидејќи треба да биде горда како и сите ние на своите игри и резултати во квалификациите пред Вимблдон кога успеа да победи три подобро рангирани тенисерки. Лина заслиужува едно големо браво за игрите на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење вода

Повеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење вода

Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење.

Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.

Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии.

Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво.

Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 - Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице

Утре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел.

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 - Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице

Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување“.

Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија - разбивање на гласовите и збунување на граѓаните.

Еве ја поканата, не се гледа кој е организатор, кои се говорници.

Но, ние знаеме кој е организатор. Се вика Христијан Мицкоски, шеф на организирана криминална група ВМРО.

Затоа сè се одвива зад затворени врати, под “Chatham House Rule”.

Ова не е отворена дебата за иднината на Македонија.

Ова е класичен начин на кој Христијан Мицкоски создава свои сателити, ЗНАМ, 2.0.

Кога Мицкоски сака да направи нов политички проект за разбивање на опозициските гласови, тој не го прави тоа јавно. Тој собира луѓе без имиња, во сала без име, со организатор без име, и под странски правила за тајност, разговара за „иднината на државата“.

Chatham House Rule за луѓе без имиња, за организатор без име, за политика на иднината без лице.

Играчи кои треба да ја обликуваат судбината на Македонија според туѓи интереси - интереси на Христијан Мицкоски и агенди на други држави, како Русија и Кина.

Изолирана држава – слепо црево на Балканот и Европа.

Во исто време кога Европската Унија постојано предупредува за мешање на странски служби во политиката на Мицкоски, тој продолжува да спроведува туѓи агенди.

Мицкоски секојдневно ги исполнува туѓите барања - но никогаш македонските и европските.

Затоа и се крие зад затворени врати, исто како што ги крие криминалните тендери.

Затоа и нема имиња.

Затоа и се користи странско правило за тајност.

Ова е ЗНАМ 2.0.

ЗНАМ еднаш ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи, ставајќи ги нивните гласови на располагање на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Граѓаните не се наивни.

Денес граѓаните јасно гледаат кој стои зад овој проект. Се гледа и од авион - Христијан Мицкоски и неговата банда. Од оној авион во кој не го болат колената.

Единствената вистинска опозиција ќе биде обединета околу Фронтот за вистина и правда.

Вратите на Фронтот се отворени за сите што сакаат демократско општество, без лаги и корупција. Општество што знае дека Европа нема алтернатива. Сè друго е проект на организирана криминална група, предводена од нејзиниот шеф, Христијан Мицкоски.

Фронтот има име и презиме - Македонија и Европа. Тоа е лицето на иднината. Тоа се вика патриотизам.

Изјава, Кристијан Дојчиновски - СДММ

YouTube video

Скопје, 30.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер