Музеи без бариери и за лицата со оштетен вид - Канал 5

Музеи без бариери и за лицата со оштетен вид

Лицата со попреченост и посебно лицата со целосно или делумно оштетен вид не сакаат бариери за посета на музеите во земјава, на Балканот и во светот.

Музеи без бариери и за лицата со оштетен вид

Во развиени земји во светот љубопитноста на посетителите со оштетен вид е задоволена со повеќе конкретни мерки, пристап и зачестени тактилни изложби, а во нашата држава пионерските чекори ги прави или направи д-р Ирена Ружин, вработена во НУ Завод и музеј – Битола, чија сторија почнува од денот кога почнува да членува во Балканска група за пристап до музеите (BMAG) обучувана од британски експерти.

Обуката се вршеше 3 години, а во меѓувреме учествувавме на други конференции, семинари и имплементиравме десетици проекти во регионот со поддршка на Балканска музејска мрежа и Headley trust од Велика Британија. Нашето искуството во текот на изработката на студиите за пристапност кои се однесуваат на Археолошки музеј во Скопје, Музеј на македонската борба во Скопје, Завод и музеј во Битола, но и на Музеј на Војводина во Нови Сад и други, ни покажа дека музеите што се сместени во згради што се споменици на култура најтешко се спроведуваат стандардите за пристапност, а во новите згради физичката пристапност може да се подобри, но мултисензорно искуство може да овозможат сите општествено одговорни институции, кои треба да се приспособат на потребите на сите посетители. Во таа смисла сакам да потсетам дека одличен пример за пристапност на музеј при самото проектирање и градба е Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и неколку други музеи во државата, вели д-р Ружин.

Тактилни изложби во функција на лицата со оштетен вид

Тактилни изложби содржат тактилните слики, описи на Брајово писмо и тактилните копии, кои лицата со оштетен вид ги доживуваат низ допир на предметите и притоа ги добиваат потребните информации, слушаат нарации, а лицата со оштетен слух ги гледаат видеата на знаковен јазик, појаснува д-р Ружин.

За секоја тактилна изложба се подготвуваат фотографии, текстови со описи за предметите, текстови на Брајово писмо и се снима аудионарација. За изложбата се снима видео на знаковен јазик и, секако, тактилна слика, цртеж на специјална капсулна хартија и со посебна машина фузер, кој го доловува предметот низ релјеф, односно неговите изразени контури, декоративните и други елементи. Пристапот до аудио и видео на знаковен јазик се овозможува со QR-код, кој претставува врска со веб-страницата и Јутјуб, каде што тие се постојано достапни. Сè заедно се поставува на панели и се презентира пред посетителите. Со допир на тактилните слики, Брајовото писмо и тактилните копии, лицата со оштетен вид ги доживуваат предметите и ги добиваат потребните информации, слушаат нарации, а лицата со оштетен слух ги гледаат видеата на знаковен јазик. Овие проекти се интересни и за учениците и за сите други посетители. Во битолскиот НУ Завод и музеј користиме и гасеничар, лифткар, за посетителите во колички, направа што ги совладува скалите до првиот и вториот кат, со што изложбите и поставките се пристапни, вели д-р Ружин и додава дека соработката со здруженијата на граѓани на лицата за попреченост, специјалните училишта, ресурсните центри и слично е потврдена со успешноста на активностите и проектите, односно позитивните ефекти и резултати за кои зборуваат посетителите со попреченост.

Домашна и меѓународна промоција на тактилните изложби

Тактилната изложба од НУ Завод и музеј Битола есенва гостуваше во НУ Завод и музеј Струмица, а на почетокот од овој месец, а по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со поддршка од Министерство за култура, нова тактилна изложба со 22 мотиви беше поставена во битолската Магаза, како и во Ресурсниот центар на Здружението на слабовиди и слепи лица, со поддршка од Гаус институт – Битола, каде што поставивме тактилна изложба со мотиви од најрепрезентативните згради во Битола и тактилни музејски копии, кои трајно ќе останат во овој простор, вели д-р Ружин.

Во проектите за пристапност што ги водам се вклучени голем број стручни лица. Описите на предметите ги прават кустосите од музеите, тактилните слики Татјана Мијатовиќ, текстовите на Брајово писмо Тесалија Жирова и Андријана Шокларовска, Катерина Шаркоска интерпретатор на знаковен јазик, Силвана Петрова Насух е наратор, Александар Котевски камера, аудио студио Гимел, Михаил Марковски – монтажа, техничка обработка студио Кочов, а идејниот концепт за пристап е на м-р Јове Парговски, кој е автор и на дел од тактилните слики. Често соработуваме со Милена Милошевиќ Мициќ, Жељка Сушиќ, членови на Балканската група за пристаp на музеите (BMAG).

Нашата сторија е со широк опфат и ги надмина македонските граници. Наша тактилна изложба со превод на хрватски јазик годинава гостуваше во Тифлолошкиот музеј во Загреб, Хрватска, каде што се одржаа голем број работилници за лицата со оштетен вид. До крајот на годинава наша тактилна изложба ќе биде поставена во Словенија, во Националниот музеј на ослободувањето, Марибор. Двата проекти и гостувања се поддржани од Министерството за култура. Но, сакам да потсетам дека минатите години со тактилни изложби гостувавме повеќе пати во музеи во Лесковац и Књажевац, Србија, со кои имаме одлична соработка. Со Роднокрајниот музеј од Књажевац соработувавме и подготвивме проект „Музеј за сите – музеј за понесување" и концепт „Музеј во куфер", поточно тактилни копии од двата музеи, сместени во мала дрвена касела, со која одиме на места каде што учат или живеат лица со попреченост или стари лица и ја пренесуваме приказната за тие предмети. Со Музејот од Зеница, од БиХ работевме на заеднички проект наречен „Допир на уметноста", каде што исто така гостувавме со изложба на наши тактилни копии. Со овие гостувања не само што допревме до голем број посетители со попреченост од регионот туку и правиме голема промоција на нашето кутурно наследство. Во моментов работам на креирање работилници за деца со различна попреченост, според методологија на меѓународниот проект ToMiMeUS (Towards a Multisensory and Inclusive Museum for Individuals with Sensory Disabilities) преку Балканска музејска мрежа, а ќе бидат спроведени во нашата институција. Како раководител од нашата држава вклучена сум и во меѓународниот проект за пристапност на четири балкански музеи „Подобрување на пристапноста на музеите на Балканот за лицата со попреченост", поддржан од американската амбасада во Белград, каде што е вклучен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вели за МИА, д-р Ружин.

Успешната приказна на д-р Ирена Ружин за посветеноста и професионалниот пристап и помош за лицата со оштетен вид изразена низ тактилните изложби и проекти за пристапност се дополнува и со други конкретни примери како што се проектот „Еден час" (One HOUR – “Holocaust museum gives Opportunity for disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition”) со тактилна изложба и видеа на знаковен јазик за 19 секции во Меморијалниот центар на холокауст на Евреите од Македонија, проектот „Пристапни музеи" во Археолошкиот музеј во Скопје, проектот Фокус (FOCUS – Fostering Of Capacities for Unique Senses experience for disabled visitors) во Музејот на македонската борба во Скопје, со тактилни изложби и видеа на знаковен јазик за предмети од постојаните поставки и други.

Во светот 15 проценти или еден билион луѓе имаат некој тип попреченост, нагласува д-р Ружин, сите чинители кои се вклучени во туризмот или претставуваат туристичка атракција, локалитет или музеј треба и мора да размислуваат повеќе.

Неопходно е да се следат конвенциите за човекови права, законска регулатива, стандарди… Во музеите, најдобро е да се практикува универзалниот дизајн и социјалниот модел, како и да се спроведуваат активности, проекти што ќе овозможат мултисензорно искуство од посетата на сите еднакво. Ова еднакво важи за оние институции што се општествено одговорни и за оние што во иднина сакаат да бидат. Во развиените земји воведувањето на модерните технологии со цел подобрување на пристапноста во институциите е од огромна важност, но ние не сме во можност да ги имплементираме поради високите цени. Затоа изнаоѓаме начин за евтини и мали интервенции, кои многу значат, а некогаш дури и не се потребни финансиски средства. Во агендата на Обединетите нации до 2030 година се поставени цели во насока на тоа „никој да не се остави ЗАД себе", и затоа со мојот тим уживам во оваа хумана приказна, ни рече д-р Ирена Ружин. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Четири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип .

Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола.

Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Поранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици.

Професорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затвор

Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“.

Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца.

Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна.

„Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан.

„Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа.

Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј.

Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа.

Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер.

На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците.

„Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката.

„Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа.

Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата.

„Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.

Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот.

Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции.

Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година.

Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети.

„Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер