Лефков: Филипче и талогот на СДС за дата центрите се најдоа на линија и против САД и против својот пратеник Ковачевски
ЛДП: Партиски кројачи на закони по мерка на поединци - дали ВМРО мисли дека граѓаните страдаат од амнезија?
1Лефков: Филипче и талогот на СДС за дата центрите се најдоа на линија и против САД и против својот пратеник Ковачевски
2ЛДП: Партиски кројачи на закони по мерка на поединци - дали ВМРО мисли дека граѓаните страдаат од амнезија?
ФудбалМурињо: Бенфика беше подобра од Јувентус во поголемиот дел од натпреваротТренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, смета дека неговиот тим не го заслужи поразот (0:2) од Јувентус синоќа во 7. коло од Лигата на шампионите.- Разликата помеѓу Јувентус и Бенфика е што тие постигнаа гол, а ние не. Во поголемиот дел од натпреварот, Бенфика беше подобра. Доминиравме во одредени периоди, но за жал, пропуштивме шанси. Игравме добро против многу силен противник, со малку опции и многу млади играчи на клупата. Тоа е фудбалот - мора да се прифати исходот, изјави Мурињо по натпреварот во Торино. Јувентус има 12 бода и е на 15. место на табелата. Бенфика е на 29. позиција со 6 бода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛајонел Ричи отпуштен од болница: Познатиот музичар се онесвести на сценаАмериканскиот пејач Лајонел Ричи е отпуштен од болница на домашно лекување, откако беше хоспитализиран, најверојатно поради дехидратација.Пејачот Лајонел Ричи, познат по хитовите „Hello“ и „All Night Long“, се пријавил во болница како превентивна мерка откако почувствувал слабост за време на настапот во Сент Луис за време на викендот, што го принудило да пее додека седи на стол, објави „ABC News“. Хоспитализацијата на Ричи се случила повеќе од два месеци откако почувствувал вртоглавица на сцената за време на првата вечер од неговата турнеја „Earth, Wind & Fire“ во Минесота на 24 јуни. Неколку видеа на социјалните мрежи го покажуваат Ричи како настапува додека седи за време на тој концерт. Потоа ги одложил концертите во Колумбус, Охајо, и Чикаго откако лекарите го советувале да се одмори. Ричи треба да одржи концерти во Лас Вегас во октомври и ноември. 🎤 LIONEL RICHIE REALIZÓ SU SHOW SENTADO Y TERMINÓ HOSPITALIZADO TRAS TERMINAR EL ESPECTÁCULO 🎼 El legendario cantante de 77 años debió concluir su reciente presentación en St. Louis sentado frente a su piano debido a complicaciones en su estado de salud. Tras finalizar el… pic.twitter.com/sCs97ifUzN — CANAL 26 (@canal26noticias) September 3, 2026 Извор: Б92Тагови: Лајонел Ричи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЛефков: Филипче и талогот на СДС за дата центрите се најдоа на линија и против САД и против својот пратеник КовачевскиВенко Филипче и талогот на СДС освен што шират лаги, манипулации и паника меѓу граѓаните, за дата центрите успеаја да се најдат и на линија против стратешкиот партнер на Македонија, САД, ама и на линија против ставови на свои сопартијци.многубројни профили од Кина. Ова е разбирливо затоа што САД се најголем конкурент на Кина во оваа индустрија со дата центрите. Филипче исто така се најде и на спротивна страна со поранешниот премиер од СДС, Димитар Ковачевски, актуелен пратеник кој јасно ја поддржа идејата за развој на оваа индустрија. Ковачевски вчера јавно ги објасни работите, меѓу другото и на Филипче, и укажа на користа за Македонија од дата центри како национален, така и од евентуалните идни приватни дати центри. Ваквото однесување на талогот на СДС и Филипче говори само за нивната конфликтна природа. Тоа не е добро за никого, па ниту за Филипче и СДС. Оттука е јасно дека од оваа партија која тоне од ден на ден не може да се очекува ништо што е во корист на граѓаните и државата. Од друга страна актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ води политики кои јасно се за Македонија како модерна држава и во корист на граѓаните или повисок животен стандард и квалитетна животна околина, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Партиски кројачи на закони по мерка на поединци - дали ВМРО мисли дека граѓаните страдаат од амнезија?Мислат ли од ВМРО-ДПМНЕ дека народот заборави што зборуваа додека беа опозиција или се толку опиени од власта што мислат дека целата јавност пати од колективна амнезија? Ова што се случува денес е целосно излезено од контрола! Сѐ што со години жестоко го критикуваа, сѐ што нарекуваа „партиски инженеринг“, „закони скроени по мерка на поединци“ и деградација на институциите — денес не само што без срам го прават, туку го усовршија до сопствен минимум на достоинство. „Па људи моји, да ли је то могуќе?“, би рекол легендарниот Младен Делиќ гледајќи го овој нереален фестивал на лицемерие и двојни стандарди. Истите тие кои држеа прес-конференции и изборни кампањи за тоа како НЕ треба, денес по скратена постапка штанцаат измени на Законот за извршување на санкциите, скроени директно по мерка на нивниот омилен кандидат Александар Пандов. Бидејќи неговата биографија не го исполнува законскиот услов од пет години работно искуство во затворскиот систем, решението на ВМРО-ДПМНЕ не е поставување соодветен професионалец, туку менување на законот и носење на “Законот за Пандов”. Ги бришат сите специфични критериуми за искуство, му го признаваат периодот како в.д. за да му се пополнат новите услови и дополнително му го продолжуваат мандатот од четири на пет години. За им биде јасно на сите, вистинската манипулација лежи во кукавичката шема на поднесување: за да ги заобиколат сите системски филтри, законот го поднесуваат преку група пратеници наместо преку Владата. Со тоа свесно бегаат од објава на ЕНЕР, ги прескокнуваат задолжителните 20 дена за јавна расправа и целосно ја избегнуваат Проценката на влијанието на регулативата (ПРИ). Илија Чилиманов, правен експерт и член на Извршниот одбор на ЛДП, вели дека овој случај правно претставува класична злоупотреба на скратената постапка, каде Собранието се користи како брза лента за штанцање системски „ad hominem“ закони со кои се скројуваат фотелји, се намалуваат критериуми и се бришат услови за да му се погоди на еден партиски фаворит. Додека пратениците се претворени во обични кројачи за партиски желби, Владата лицемерно се крие во глувчешка дупка по народниот принцип „нисам одавде, жими мајка“. Ова веќе не е владеење на правото, туку бескомпромисна узурпација на институциите. „Ваквиот брутален упад во правниот систем директно ги отвора сите основи за оспорување на овие измени пред Уставниот суд“, дополнува Чилиманов. ЛДП нема да молчи пред ова срамно манипулирање — граѓаните гледаат и одлично паметат! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00