Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
МакедонијаМуцунски за „Та Неа“: Европското единство повторно излезе на површина„По несреќата во Кочани, тоа што говореше погласно од зборовите беа непосредните и искрени постапки на солидарност од цела Европа“, вели министерот Муцунски.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните односи меѓу двете земји, поддршката по трагедијата во Кочани, како и за регионалната стабилност и безбедност и заедничките предизвици и приоритети во рамките на НАТО Алијансата. Муцунски истакна дека трагедијата во Кочани е една од најтешките со кои се соочила државата во поновата историја, нагласувајќи дека европското единство повторно излезе на површина, а Механизмот за цивилна заштита на ЕУ се покажал како клучен инструмент за справување со последиците од оваа катастрофа. Тој во интервјуто ја повтори благодарноста до грчката влада и до грчкиот народ. „Грчките болници ги примија првите пациенти евакуирани од нашата земја и продолжуваат да им обезбедуваат врвна нега. Поддршката во вакви моменти претставува силен одраз на вистинско пријателство меѓу нашите две земји – однос што мора да продолжиме да го негуваме и градиме“, истакна Муцунски. Осврнувајќи се на билатералните односи, министерот ја истакна средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис на маргините на Генералното собрание на ОН во септември 2024 година, како значаен чекор во зајакнувањето на дипломатскиот ангажман. „Постои голем потенцијал за проширување на соработката – во трговијата, инфраструктурата и енергетското поврзување. Но, мора да ги продлабочиме и врските во областа на економијата и културата, каде што меѓусебното разбирање и заедничкиот развој можат да создадат долгорочна доверба и просперитет. Поттикнување на деловни партнерства, туризам, студентски размени и културни програми може уште повеќе да ги приближи нашите народи. Како НАТО-сојузници и непосредни соседи, имаме заеднички интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет – особено преку целосна регионална интеграција во Европската Унија“, вели Муцунски. Говорејќи за односите помеѓу двете држави, Муцунски во интервјуто оценува дека македонската влада е цврсто посветена на одржување одлични односи со сите наши соседи, а трагедијата во Кочани уште еднаш покажала колку е важна оваа соработка. Во делот посветен на актуелната геополитичка состојба и партнерството во рамките на НАТО, министерот го нагласува значењето на единството меѓу сојузниците во услови на зголемени безбедносни предизвици. „Единството останува темел на нашата заедничка стабилност и безбедност. Како членки на НАТО, сите носиме индивидуална и колективна одговорност за одржување на кохезијата и одбрана на вредностите што нѐ издвојуваат од авторитарните режими. НАТО и понатаму игра централна улога во обезбедувањето на безбедноста – не само за нашите две земји, туку и за поширокиот евроатлантски простор. Убеден сум дека оваа улога ќе остане клучна и во годините што доаѓаат. Соочени со сè покомплексни безбедносни предизвици, мора да пристапиме со единство. Колективната одбрана, отпорноста и одвраќањето се клучни за заштита на сите земји-членки. САД остануваат наш клучен сојузник и стратешки партнер. Ова партнерство се покажало многупати уште од нашата независност. НАТО обезбедува платформа за справување со суштински безбедносни прашања и за сите членки – вклучително и САД – да водат значајни консултации“, истакнува министерот во интервјуто. Муцунски зборува и за претстојниот НАТО самит во Хаг, нагласувајќи дека земјите-членки ќе имаат можност да ја оценат моменталната состојба и да донесат одлуки по клучни прашања – инвестиции во одбраната, поддршка за Украина, регионални партнерства и стратешки предизвици. „Убеден сум дека НАТО ќе биде подготвен да одговори на моментот и ќе продолжи да биде столб на нашата заедничка безбедност – посилен и пообединет во времето што доаѓа“, заклучува Муцунски во интервјуто за „Та Неа“.Тагови: Тимчо Муцунски Та Неа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook