СветМинистерскиот состанок на НАТО во Брисел во сенка на глобалните царини кои ги воведе САДВојната во Украина, зголемување на трошоците за одбраната и односите со САД – се главните теми на кои шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО разговарале вчера и денеска во Брисел. Војната во Украина, зголемување на трошоците за одбраната и односите со САД – се главните теми на кои шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО разговарале вчера и денеска во Брисел. Министерскиот состанок, сепак се одржува во сенка на царините кои американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе на глобално ниво. Токму тоа прашање и доминираше на завршната прес-конференција на генералниот секретар Марк Руте, кој иако посочи дека не е соодветен да одговори, сепак кажа дека националните влади на земјите – членки мора да најдат решение. -БДП-то кое очекувате сојузниците да го користат за купување на овие нови оружје и за зголемување на нивната одбранбена потрошувачка, е истото БДП кое ќе биде погодено од овие мерки (царините) / Очигледно, националните влади ќе мораат да донесат свои одлуки и политиката е правење на избори кога имате недостаток. И не мислам дека му помагам на овој сојуз со коментирање на нешто што не е дел од политиката на Алијансата, а тоа е да се осигураме дека можеме да се одбраниме. - Марк Руте – Генерален секретар на НАТО. Американскиот државен секретар Марко Рубио пак, по завршувањето на состанокот истакна дека очекува државите и светските берзи да се навикнат на царините. Повтори дека земјите-членки на Алијансата мора да го зголемат трошењето за одбрана бидејќи според него, за НАТО да биде силно, потребни се сојузници кои ќе бидат силни. -Пазарите ќе се прилагодат, бизнисите ширум светот вклучително и во глобалната трговија треба само да знаат кои се правилата, кога ќе ги знаат правилата ќе се прилагодат на тие правила. Мислам дека не е фер да се каже дека економиите паѓаат, пазарите паѓаат./ Сите, генерално, со одредени исклучоци трошат повеќе на одбрана денеска отколку пред три или четири, пет години, тоа е позитивно. Тој тренд треба да продолжи,- Марко Рубио – Државен секретар на САД. Македонија во Брисел е претставена од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски кој смета дека барањето на САД за одовјување на 5% од БДП е оправдано. -САД се апсолутно во право дека ние треба да преземеме нашиот терет на одговорноста за мирот и безбедноста и 5 проценти можеби не се остварливи преку ноќ, но мораме да продолжиме со нашите инвестициите во нашите одбранбени индустрии, мора да продолжиме со тековните инвестиции во нашите воени капацитети и тоа е правилната траекторија по која сите мора да се движиме. Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија. По состанокот на шефовите на дипломатитие на земјите членки на НАТО, Руте оцени дека Русија се уште претставува најголема закана за Алијансата и посочи дека „топката е на теренот на Русија“ кога станува збор за прекин на огнот во Украина.Тагови: Брисел НАТО царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцираКралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет. Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина. Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини. Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан: Би сакал да го тренирам ЈувентусПред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“. „Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан. Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации. „Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“. Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите. Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.Тагови: Зинедин Зидан Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на УкраинаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати. Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања. Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција. За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина. Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина. „Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна. Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.Тагови: Володимир Зеленски Старлинк украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter