Муцунски за работата на Македонско-бугарската комисија: Политиката нема право да се меша во академската слобода - Канал 5

Муцунски за работата на Македонско-бугарската комисија: Политиката нема право да се меша во академската слобода

Една работа која што ја кажав уште на почетокот на нашиот мандат е дека политиката нема право да се меша во академската слобода. 

Муцунски за работата на Македонско-бугарската комисија: Политиката нема право да се меша во академската слобода

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во врска со работата на Македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања нагласи дека политиката нема право да се меша во академската слобода, а обврска на членовите на ова тело е да дебатираат и да носат заклучоци, засновани на научни методи.

-Една работа која што ја кажав уште на почетокот на нашиот мандат е дека политиката нема право да се меша во академската слобода. Обврската на членовите на таа комисија е да дискутираат, дебатираат и ако успеат да донесат некои заклучоци врз основа на нивните научни познавања. Така што, политиката ги има тргнато рацете, откако Владата ја предводи премиерот Мицкоски и откако јас сум министер за надворешни работи и надворешна трговија, рече Муцунски на денешната прес-конференција во Владата со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на бугарскиот копретседавач на Комисијата, Ангел Димитров дека Комисијата стагнира во своето работење.

Муцунски нагласи дека ниту имаат направено притисок, ниту влијаат, нешто што, како рече, за жал се случувало во минатото, а за кое коешто има сведоштва од членовите на Комисијата во тоа време.

-Јас доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек, односно многу работи што тој ги кажа во последниот период, тогаш веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, да го политизираме тој процес. Јас единствено што можам да повторувам и често го кажувам тоа и како поединец којшто доаѓа од академската средина е да си работат како научници во рамките на таа Комисија, додаде Муцунски.

Министерот посочи дека има различни толкувања за одредени состојби од двете страни, но, како што истакна, ги оставаат академските работници независно да дебатираат, дискутираат и доколку успеат да дојдат до заклучоци.

-Ние не смееме да правиме какви било притисоци, ниту со наше толкување на фактите, ниту со поставување какви било временски рамки. Тие имаат слобода да работат онака како што сметаат дека е најдобро, одговори Муцунски.

Димитров за БНТ изјави дека Комисијата „е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и додаде дека смета оти нејзината работа во моментов стагнира.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања минатата недела во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа.

-За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба, соопшти македонскиот тим во Комисијата.

На средбата бил потпишан записникот од 31. средба и продолжило усогласувањето по записникот од 32. средба.

-Нагласуваме, македонскиот тим низ својот проактивен пристап за градење на доверба, продолжува кон изнаоѓање на одржливи решенија, врз основа на взаемно почитување на сувереното право на другиот за различна перцепција кон минатото, стоеше во соопштението.

Следната средба ќе се одржи во првата половина на декември во Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

Британското Министерство за одбрана им порача на воените резервисти да се подготват за евентуални повици, објави „Телеграф“. 

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“

За прв пат од Студената војна, до околу 100.000 стратешки резервисти се испратени писма, со кои им се нуди можност да се пријават како волонтери за обука и воени вежби, како што е големата вежба на НАТО „Стедфаст Дефендер“ следната пролет.

Писмата беа испратени до припадниците на сите три гранки на вооружените сили и беа потпишани од нивните команданти. Од резервистите се бара и да ги ажурираат своите контакт податоци и да ја наведат својата моментална занимање и вештини.

Овој потег доаѓа во време на растечки закани од Русија, додека Владимир Путин ја тестира решителноста на НАТО. Минатата недела, Русија испали крстосувачки ракети и беспилотно летало во источна Полска, само сто километри од местото на воена вежба предводена од Велика Британија, истиот ден кога британскиот секретар за одбрана и началникот на воздухопловството ги обиколуваа трупите таму.

Вчера беше објавено и дека британските Кралски воздухопловни сили (RAF) преместуваат авиони во хангари преку ноќ и планираат да инсталираат заштитни мрежи за заштита на британските бази од напади со беспилотни летала.

Министерот за одбрана Вес Стритинг претходно предупреди дека Велика Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, со партнерите, мора да биде „подготвена да се бори и да победи“. Во разговор за Скај њуз во четврток наутро, Стритинг рече дека Велика Британија работи во „засилена средина со закани“ и дека повикувањето на резервисти е „разумна и неопходна мерка на претпазливост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата.

фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Претседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание.

„Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ.

„Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата.

Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер