Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
2Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
МакедонијаМуцунски домаќин на литванскиот министер за надворешни работи – поддршка за македонските евроинтеграцииМоментот за проширување на Европската унија е сега, а Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија, порача литванскиот министер за надворешни работи Кестусис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава. Будирис по неговата средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски нагласи дека Литванија која од идната година ќе претседава со Советот на ЕУ ќе го постави проширувањето меѓу своите главни приоритети. Ја повика земјава да не троши драгоцено време на евроинтегративниот пат, и не заборави да ја спомене потребата од исполнување на преземените обврски. -Секако политички сме сконцентрирани на овој регион и треба да се придвижите напред. Погледнете го напредокот што го исполнуваат другите земји од регионот. Затоа, треба да ја искористите оваа шанса да го искористите овој момент да бидете реалистични. Треба да има чекори и од страна на Македонија, може да изгубиме година, година и пол. Тоа значи заклучоците од 2022 се уште стојат за другите, но тоа за државите членки на ЕУ исто така значи дека мора да има политичка заложба од нивна страна,- Кестусис Будрис – министер за надворешни работи на Литванија. Министерот Муцунски пак, повтори дека европската интеграција на Македонија мора да се темели на јасни правила и гаранции нема да има нови политички блокади истакнувајќи дека земјава останува посветена на членството во Унијата. -Очигледно е и по однос на таканаречениот консензус од 2022 година, има различни толкувања што доаѓаат и од 26-те земји членки, европските институции и една земја членка. Пак ќе повторам, не дека ние како држава имаме отпор, свесни сме, и ние во сите наши изјави, не само од мене, туку и од претседателката на државата, од претседателот на Владата, велиме дека ќе учествуваме во овој процес. Посебно по самитот во Тиват се чувствува таа енергија за придвижување Нема никаква дилема кај нас. Но ние нема да дозволиме да се реализира тој ризик, ние да ги направиме тие потези, повторно да имаме ваков тип на разговори, ваков тип на прес-конференции, каде што ќе бидеме во ситуација една земја членка да не блокира,- Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешни трговија.. Посетата на литванскиот министер на земјава доаѓа на покана на министерот Муцунски откако претходно беше најавено и дека Македонија за прв пат ќе отвори и амбасада во Вилнус, нешто што двајцата министри го оценија како чекор за зајакнување на добрите билатерални односи меѓу двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоландија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија. Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times. Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море. Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море. Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат. Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил. Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја. Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.Тагови: Холандија баратели на азил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28