Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција - Канал 5

Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкур

Муцунски: Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот на информатичко-комуникациски компании, во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ), што се одржа во Скопје.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува уште еден важен чекор во градењето на ново поглавје на соработка меѓу двете земји, засновано не само на политички дијалог, туку и на економски раст, иновации и заедничка конкурентност.

„Интегрирањето на надворешната трговија во портфолиото на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не беше само административна промена. Тоа беше политичка порака. Порака дека нашата дипломатија мора да испорачува повеќе трговија, повеќе инвестиции, поголем пристап до пазари и повеќе конкретни можности за нашите компании“, истакна Муцунски.

Осврнувајќи се на потенцијалот на домашниот ИКТ сектор, министерот нагласи дека тој претставува еден од најдобрите примери за тоа што може да постигне државата кога талентот, претприемништвото и меѓународните пазари се обединети.

„Нашата земја располага со силен потенцијал во ИКТ секторот. Имаме високо квалификувани професионалци, динамични компании, конкурентни деловни услови и млада генерација која е амбициозна, креативна и глобално поврзана“, рече министерот.

Тој посочи дека со придонес од речиси 5 проценти во БДП и годишни приходи од приближно 1,65 милијарди евра, ИКТ секторот претставува еден од клучните столбови на македонската економија.

„Но, ние не го гледаме тоа само како економска статистика. Ние го гледаме како национална можност. Можност младите луѓе да останат дома. Можност да привлечеме сериозни инвестиции. Можност да ги поврземе нашите компании со европските и глобалните синџири на вредност.

Можност да ја позиционираме Македонија како регионален центар за дигитални услуги и иновации“, нагласи Муцунски.

Воедно, министерот истакна дека следната фаза од економската соработка меѓу Македонија и Грција треба да биде поамбициозна, поиновативна и повеќе насочена кон иднината.

„Енергетиката, инфраструктурата и трговијата ќе останат важни. Но, дигиталната трансформација, ИКТ, иновациите, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, финтек решенијата и соработката меѓу стартапите треба да станат посилен дел од нашата билатерална економска агенда“, истакна тој.

Осврнувајќи се на европската перспектива на државата, Муцунски нагласи дека европската интеграција не е само политички процес, туку и економска трансформација што носи подобри стандарди, посилни институции, попредвидливи правила, поголема конкурентност и поширок пазар за компаниите.

На крајот од своето обраќање, министерот потенцираше дека токму бизнис-заедницата е двигател на економскиот развој.

„Владите можат да ја создадат рамката. Институциите можат да ги отворат вратите. Но компаниите, претприемачите, инженерите, иноваторите и инвеститорите се тие што создаваат вистинска економска вредност“, порача Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порше не го менува легендарниот 911- моделот останува со мотор за внатрешно согорување (ФОТО)

Porsche донесе конечна одлука за иднината на својот најпознат модел - 911 никогаш нема да стане целосно електрично возило.

Порше не го менува легендарниот 911- моделот останува со мотор за внатрешно согорување (ФОТО)

Иако компанијата ќе ја претстави својата „Стратегија 2035“ со серија нови производи на Денот на пазарот на капитал на 7 октомври, од Цуфенхаузен веќе доаѓа јасна порака за зачувување на моторот со внатрешно согорување во легендарниот спортски автомобил.

Добри вести за сите фанови на иконскиот модел. Елфер останува непоколеблив, како што го знаеме, до понатамошно известување. На годишното собрание на акционерите, извршниот директор Михаел Лајтерс вети дека ќе ја обезбеди иднината на 911 со хибридна технологија.

„Ние не го сметаме хибридниот систем за погон за преодна технологија. За 911, специјално развиен високо-перформансен хибриден погон е фундаментален елемент, еден вид еликсир на животот за иднината. Бидејќи никогаш нема да има целосно електричен 911. Ние стоиме зад таа одлука“, нагласи Лајтерс.

Единствениот Porsche без целосно електрична верзија

Иако ова не е прв пат раководителите на компанијата да ја отфрлат можноста за електричен 911, тие сега ја потврдија одлуката како конечна. Ова ќе го направи 911 единствениот модел на Порше без целосно електричен еквивалент.

SUV моделите Macan и Cayenne веќе имаат електрични верзии покрај оние со класични мотори, а сличен пристап е планиран и за моделите 718 Boxster и Cayman, кои исто така ќе се нудат со бензински и електричен погон. Во Porsche, покрај развојот на хибриди, тие се посветени и на зачувување на моторот со внатрешно согорување преку други иновации, како што е инвестирањето во синтетички горива.

Нов SUV и идни планови

Гледајќи кон иднината, Porsche го потврди развојот на голем SUV со три реда седишта, кој ќе биде позициониран над Cayenne во гамата. Иако првично беше најавен како исклучиво електричен модел, компанијата ги промени плановите, па се очекува прво да биде претставена верзија со бензински мотор.

Се разгледува и нов хиперавтомобил, бидејќи Porsche е заинтересиран да ги искористи сегментите со повисоки маржи на профит. Наскоро се очекува и помал кросовер што ќе го замени Macan од првата генерација, чие производство завршува ова лето. Лајтерс повтори дека компанијата продолжува да инвестира во сите три вида погонски склопови: мотори со внатрешно согорување, хибриди и целосно електрични возила.

Поедноставување на понудата на модели

И покрај проширувањето во некои сегменти, Porsche планира и да ја намали целокупната сложеност на својата понуда. Лајтерс најави „намалување на бројот на варијанти на модели“ во зависност од побарувачката на пазарот. Јасен пример за таква одлука е неодамнешното прекинување на караван верзијата на моделот Taycan за пазарот во Соединетите Американски Држави. Сепак, компанијата потврди дека производството на верзиите Sport Turismo и Cross Turismo продолжува за други пазари.

„Porsche се залага за јасност и отсекогаш бил вешт во управувањето со тензијата помеѓу индивидуализацијата и сложеноста. Треба посилно да се поврземе со тој принцип. Нашето портфолио стана премногу сложено, дури и во споредба со конкуренцијата“, заклучи Лајтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бебе почина, откако доживеало срцев удар во базен- со родителите било на одмор на Канарските острови

Бебе од Британија почина во болница откако беше извлечено од хотелски базен на Канарските Острови. Бебето помина неколку дена на интензивна нега пред да почине.

Бебе почина, откако доживеало срцев удар во базен- со родителите било на одмор на Канарските острови

Беше пронајдено како плови во водата во раните утрински часови на 15 јуни во станбен комплекс во Лахарес, село во внатрешноста на општината Ла Олива во северна Фуертевентура.

Девојчето беше реанимирано и стабилизирано на местото на настанот откако беше откриено дека доживеала срцев удар, а потоа беше префрлено со хеликоптер во Универзитетската болница Матерно Инфантил на островот Гран Канарија и примено на одделот за педијатриска интензивна нега во критична состојба, објавува Дејли Меил.

Во текот на ноќта се покажа дека напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот не успеале. Бебето наводно претрпело „неповратно невролошко оштетување“ што го оневозможило нејзиното закрепнување.

Себастијан Кинтана, претседател на Организацијата за поморска безбедност на Канарските Острови, изрази сочувство до семејството на девојчето, велејќи: „Со длабока тага, им испраќаме сочувство на нејзините родители и на целото семејство. Би сакал да ја искористам оваа можност да ги потсетам мајките и татковците на потребата секогаш да ги надгледуваат малите деца и да влегуваат во вода со нив“, рече Кинтана. Веста за бебето првпат се појави пред нешто повеќе од една недела, пред да се потврди дека починала, но националноста на бебето претходно не беше откриена. Портпаролот на регионалниот координативен центар за итни служби изјави: „Детето, кое има помалку од една година, е во сериозна состојба откако беше реанимирано по кардиореспираторен застој и беше префрлено со медицински хеликоптер во Универзитетската болница за мајки и деца во Гран Канарија“. „На 15 јуни, околу 9:50 часот наутро, добивме повик дека едно дете е извлечено од базенот во несвест, покажувајќи знаци на давење и барајќи медицинска помош. Потврдено е дека детето има кардиореспираторен застој и започнавме со кардиопулмонална реанимација. За жал, не можевме да го спасиме животот на бебето“, рече портпаролот.

Полициската истрага за околностите на трагичниот инцидент е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Србија е екстрадиран 19- годишниот Саит Саитов, кое прегази жена во Капиштец и избега

Екстрадиран е Саит Саитов од Србија, баран по меѓународна потерница.

Од Србија е екстрадиран 19- годишниот Саит Саитов, кое прегази жена во Капиштец и избега

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година.

На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден во Затвор Скопје за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер