„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
2Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
МакедонијаМуцунски: Ако ја коментирам изјавата на Димитров ќе ја постигнам неговата цел за политизирање на процесот на историската комисија„Ако ја коментирам изјавата на Ангел Димитров ќе ја постигнам неговата цел за политизирање на процесот на историската комисија“-вели шефот на дипломатијата Муцунски. „Ако ја коментирам изјавата на Ангел Димитров ќе ја постигнам неговата цел за политизирање на процесот на историската комисија“ – вели шефот на дипломатијата Муцунски прашан за изјавата на претседателот на бугарскиот тим на историчари дека работата на комисијата е блокирана. Муцунски нагласи дека политиката нема право да се меша во академската слобода, а историската комисија треба да носи заклучоци врз основа на научни методи. Додаде дека веројатно постојат различни толкувања за одредени состојби од двете страни на границата, но повтори дека академските претставници независно ги водат разговорите. -Политиката ги има тргнато рацете од кога Владата ја предводи премиерот Мицкоски и откако јас сум министер за надворешни работи и надворешна трговија. Ниту имаме направено притисок ниту влијание, што за жал се случуваше во минатото за што има сведоштва од членовите во тоа време. Доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек по однос на многу работи што ги кажа тој во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, а тоа е да го политизираме тој процес,- - Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи . Димитров во интервју за БНТ ја оцени комисијата како „алиби“ за, како што рече, сложените односи меѓу Скопје и Софија. Причината за застојот во нејзината работа, според него, е во одбивањето на македонските членови да го прифатат терминот „заедничка историја“. -Причината за блокирање на работата на комисијата е неподготвеноста на нашите колеги, во овој случај, тие целосно ја следат политичката линија на државата и доктрината за Македонизмот, а да не се зборува дека постои заедничка историја,- - Ангел Димитров – претседател на бугарскиот тим историчари 10.11.2025. Претседателот на македонскиот тим историчари, Ванчо Ѓорѓиев како одговор на коментарите на Димитров за Канал 5 истакна дека ниту сега, ниту во иднина нема да коментира политички ставови на бугарските колеги, со цел, како што кажа, да се избегне претворање на работата на комисијата во „реално шоу“. Следната средба на Комисијата која веќе една година функционира со нов состав од македонска страна, е закажана за средината на декември.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Македонија„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста. „Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет. „Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЗдравјеНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните. Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани. На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter