Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
1Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС
3Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
Шоу бизМу ја ограбиле куќата на Том Хенкс, разбојниците скршиле прозорец и влегле внатреПровалници упаднале во куќата на актерот Том Хенкс и Рита Вилсон во Лос Анџелес.Крадците го скршиле стаклото и влегле во гостинската куќа на нивниот имот, пренесува TMZ. Наводно, инцидентот се случил во текот на денот додека парот бил надвор од градот, а алармот предизвикан од скршено стакло не бил доволен за да ги спречи крадците да влезат внатре. Хенкс и Вилсон не се единствените жртви на големиот пораст на кражби во и околу Лос Анџелес. Неодамна слично нешто им се случило на раперот Бад Бади, актерката Сара Хајланд и актерот и комичар Марлон Вејанс. Том Хенкс и Рита Вилсон се една од најдолговечните парови во Холивуд. Тие ја прославија 36-годишнината од бракот во мај. По тој повод Рита сподели фотографии со својот сопруг. „Остари со мене, најдоброто допрва доаѓа“, ја цитира таа фотографијата Роберт Браунинг. View this post on Instagram A post shared by Rita Wilson (@ritawilson) Двојката се венча на 30 април 1988 година. Тие се запознале кога Рита добила улога во една епизода од ТВ ситкомот Bosom Buddies, со Питер Сколари и Том Хенкс во главните улоги, и не можеле да замислат дека ќе завршат како еден од најценетите двојки во Холивуд. Тогаш Хенкс беше во брак со Саманта Луис. Неколку години подоцна, Рита и Том повторно се сретнале кога ја доби улогата на негова љубовница во филмот „Волонтери“ од 1985 година. По разводот од Саманта во 1987 година, Том почна да излегува со Рита - а остатокот е историја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаПетрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДСНа ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги. Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните. А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот. Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата. И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Овации за Лука Модриќ во Севиља Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид. Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим. Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља. Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации. Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит. Ovación a don Luka Modric. Menuda leyenda 🙏🏻 https://t.co/KFMhUsGNgU — (fan) Yihi (@YihiRM) September 29, 2026 Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен. Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови. Thousands of people have flocked to a waterfront park in the South Korean city of Busan to see a large shark that became trapped in a narrow canal. The 3.5-metre shark – nicknamed Bukang-i after Busan’s North Port – was first spotted in the waterway on 18 September. It has since… pic.twitter.com/kcskeeOr3g — Channel 4 News (@Channel4News) September 29, 2026 Ајкулата дури добила и прекар Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“. Trapped Shark Draws Over 600,000 Visitors in South Korea’s Busan | Asia One News A 3.5-metre shark trapped in a canal at Busan’s North Port has become an unexpected tourist attraction, drawing more than 600,000 visitors. Nicknamed “Bukang-i,” the shark was first spotted in the… pic.twitter.com/s0B0M4c0oZ — ASIA ONE NEWS (@AsiaOne_News) September 30, 2026 За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите. Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја. Извор: Индекс.хрТагови: ајкула Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11